Сериозно, постои правило со кое некоја мистерија едноставно мора да биде разрешена ? Секое прашање мора да добие одговор ?
Или навикнати сте од 90% филмови каде на крајот Се ви се сервира и воала, останатите 10 се оние на Дејвид Линч.
Режисерите од Лост создадоа свој свет, свет каде едноставно не може Се да биде објаснето, така е и во животот, кога се случуваат '' чудни '' работи кои едноставно не можете да ги објасните, или работи за кои никогаш нема да го добиете својот одговор, односно, не постои начин за истото. Така и карактерите од Лост за многу работи не добија одговор, работите се онакви какви што се, deal with it. Ова се навестуваше многу,многу одамна, самите режисери тоа го потврдија, јас не ни очекував дека Се ке биде објаснето, но се согласувам со Мац, да беше серијава во периодот 95-2000та, ке беше култ, перфекција, врв, и сите до ден денес ке зборевме за тој поставен уникатен стандард, стандард кој во секој случај немаше да биде надминат.
п.с. Некој ги имаше спомнато мечките, чија улога и те како беше добро објаснета во серијава.
--- надополнето ---
Не е толку чудно што не ги уби колку што е чудно што Бен го контролираше...
Не го контролираше, него беше ставен у ситуација каде веќе ништо не го интересира, сеедно му беше, со оглед на фактот дека неколку моменти претходно пред негови очи беше убиена '' неговата ќерка ''.
Башка, Бен беше дел од оној план на MiB за да биде убиен Џејкоб, не гледам зашто тој би требал да настрада во оваа ситуација.