LOST

  • Креатор на темата Креатор на темата mRnO
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ви се допадна крајот на серијата?


  • Вкупно гласачи
    291
Премиерата е поместена во Канада со тоа што они први ке имаат можност да ја гледаат оваа епизода, во случај да немате стрим за оваа најдено а глеам низ нет тоа тешко иде, гледајте си ја стандард од 3 ако можете на ABC. :)
 
Јас барав и прочитав нешто со Канада, но не обрнав внимание за што се работи. До 3 тешко дека ќе ја чекам. :)

А на ABC со реклами се како Сител и А1 заедно, така да утре од торент најдобро ми изгледа. :)
 
Да се најдеше нешто порано ќе биднеше нешто, вака ништо, утре ќе ја снимам.
 
Locke 4
Hurley 8
sawyer 15
Sayid 16
Jack 23
Kwon 42

My head hurts.
 
Па...

Дознавме повеќе работи кои веќе ги претпоставуваме, а тоа е дека:
Lock e Смоуки, дека се работи за борба помеѓу доброто и злото, дека Флок е темната, а Џејкоб светлата страна. Дознавме и дека храмот е единственото безбедно место, за тие што бегаат од Флок.

Дознавме и нови работи меѓу кои најважната е причината зошто Џејкоб ги допре и зошто се на островот.

Понатаму, дознавме дека
Флок ги прекршил правилата на играта со тоа што го убил Џејкоб и не е чудно ако Џејкоб воскресне од пепелта. Дознавме и тоа дека Флок е заробен во ликот на Лок и дека не може да го смени со друг (човечки) лик, освен повремено со Смоуки. Како и тоа дека регрутира, т.е. ги убедува останатите да му се придружат.

Дознавме дека целта му е сите да ги прати по ѓаволите. И ја видовме канцеларијата на Џејкоб.

Имаше само еден мистериозен момент колку што забележав, а тоа е
што Флок се исплаши од детето се дури не забележа дека и Сојер може да го види. Има нешто од кое Флок се плаши.

И понатаму нема аргументи против теоријата дека она што се случува во Lost Sideways (алтернативната), е гола вода, без везе дистракција од случувањето на островот, обично продолжение на приказната.

Тоа е. Имам впечаток дека ќе мора да се навикнеме на вакви епизоди во кои малку по малку ќе се откриваат работите. LOST 06 дефинитивно нема да личи на предните сезони.

P.S.
Кога ви реков дека
Флок не сака да си оди дома во храмот туку дома надвор од островот
...?

Отидов на спиење...
 
Сцената со погребот на Лок беше де тажна за мене, де се газев од смеење ко рече Френк дека е ова најчуден погреб кај што присуствувал, едноставно прајслес беше. :)
Флок има слаби точки, се исплаши од детено, кое е, што е, ќе видиме...
Добра епизода, подобра од минатата во секој случај.
 
Искрено мислам дека креаторите на Лост се подзаборавиле малце. Толку многу ги испомешаа работите што всушност мислам дека и самите не знаат што се дешава во серијата. Не знам која е поентата на нејзино гледање кога се е релативно во главната приказна. Нешто слично е и со серијата Херои. Кога можеа на крај Сајлер да го направат позитивна личност...
 
Сцената со погребот на Лок беше де тажна за мене, де се газев од смеење ко рече Френк дека е ова најчуден погреб кај што присуствувал, едноставно прајслес беше. :)
Флок има слаби точки, се исплаши од детено, кое е, што е, ќе видиме...
Добра епизода, подобра од минатата во секој случај.

Да: тој беше многу добар човек и жал ми е што го убив :pos2:

Мене најјаки ми се моментите кога го прифаќаат за нормално тоа што зборуваат со некој мртов. Како пред некоја епизода Хуго и Џејкоб:

Jacob: Your friend won't be able to see me.
Hugo: Why?
Jacob: Because i died an hour ago...
Hugo: Sorry dude that sucks.

:pos2:

Имаше слична сцена и со Флок/Сојер во оваа епизода.


Искрено мислам дека креаторите на Лост се подзаборавиле малце. Толку многу ги испомешаа работите што всушност мислам дека и самите не знаат што се дешава во серијата. Не знам која е поентата на нејзино гледање кога се е релативно во главната приказна. Нешто слично е и со серијата Херои. Кога можеа на крај Сајлер да го направат позитивна личност...

Напротив, се се разјаснува, во груби црти веќе знаеме како ќе се одвиваат работите на островот. Ќе има само мали изненадувања и нормално одговорите на некои прашања кои се потребни за да се склопи се во една целина.
 
What if i was the person who could answer the most important question in the world. Why are you on this Island?

А после тоа му вика на Соер дека островот нема потреба од чување, дека Џејкоб му ја одредувал судбината за ништо и сл. глупости. Или глуп момент, не потценуваат, или го лажи.
 
What if i was the person who could answer the most important question in the world. Why are you on this Island?

А после тоа му вика на Соер дека островот нема потреба од чување, дека Џејкоб му ја одредувал судбината за ништо и сл. глупости. Или глуп момент, не потценуваат, или го лажи.

Очигледно дека го манипулира, но одговор му даде:
Дека е на островот затоа што Џејкоб се појавил во неговиот живот и влијаел на него да ги носи одлуките кои ги носи (а кои мисли дека се негови) со цел да заврши на островот. А целта е затоа што како и другите, и тој е кандидат да го замени Џејкоб во чувањето на островот.

Ми се чини дека Џејкоб, исто како и Флок, сакал да замине од островот, со таа разлика што Флок е заробен на него, а Џејкоб мора да најде замена, за да може да го напушти.

Флок лаже само во поглед на тоа дека нема од што да се чува островот. Има од што, затоа е и уплашен. Ќе видиме понатаму од што треба да се чува островот. Засега Флок го лаже Сојер дека на островот не му е потребно чување за да добие сојузник кој има иста цел како и него: заминување од островот.
 
Поинтересна епизода од претходната, дефинитивно.

Детето... Можеби е Џејкоб како мал? Зошто инаку би се плашел толку Флок од него?

Него, најчудно би беше кога таа женската зема од песокот и пепелта од оганот каде што Флок го бутна Џејкоб? Што цел ќе има со тоа? Очигледно е дека ќе иде во темпл, но каква функција ќе и има тоа? Е тоа е интересното.

Бројките се најголемата мистерија според мене. Ни Џејкоб, ни Флок не ме заинтигираа повеќе. Бројките ги имаше покрај сите имиња, само да не испадне на крја, “сепак се само бројки“. :)

Бен? Нели Саид го уби кога беше мал? По екслподирањето на бомбата, Бен не би требало да биде жив. Сега го гледаме како професор по Европска историја...

Полека се се разрешува, но со тек се отвараат и нови дополнителни мистерии, еве како ова со
бројките на пештерата
, или со детето и сл...
 
Тоа со пепелта:
нели детето му кажа дека не може да го убие Џејкоб? Мене ми се чини со пепелта во храмот или ќе се штитат од Флок или ќе го воскреснуваат Џејкоб.

Не видов пошто гледав на стрим и малку ме зезаше, за бројките:
дали имаше и други бројки крај пречкртаните имиња? Ако е така, значи дека едноставно Лок е кандидат број 4, Хуго е кандидат број 8 итн... Сепак мора да има и пошироко значење за бројките.

Саид не го уби Бен, нели го спасија, промашил некој милиметар...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom