Lord of the Rings трилогијата + Хобитот

  • Креатор на темата Креатор на темата Morbidnio
  • Време на започнување Време на започнување
Стварно е чудно за волку брзо време што испадна топ снимка иако е скринер, за јаки филмови се чекало со недели...Вреди да се гледа и со оваа копија, ама 2ката и 3ката мора да ги глеам во блурај или хд снимка, оти тие два дела ќе бидат перфект! (y)

flash11752_Still-Waiting-on-OP.jpg

:icon_mrgr:
 
Мора ама МОРА следните две продолженија да бидат помрачни. Erebor и Dale :cuc::cuc::cuc:
 
Хобитот > Господарот на прстените :) , некако ми е подинамичен и понепредвидлив од сите три дела или можеби премногу пати ги имам гледано па така ми се чини сега. :) Ко што гледам Хобитот е приквел на Господарот на Прстените и затоа што ги немам читано книгите ме интересира дали во оваа трилогија се појавува Саурон?

Иначе супер песниче

Вчера го изгледав филмчето. Тамански што би се рекло. Задоволен сум од секој филмски сегмент. Музиката е особено страшно добро.
п.с не знаев дека Хобитон го глуми Watson од Шерлок BBC :P
 
Јас пред некој ден го изгледав филмот. Предобар е, како што и очекував. :love: Актерите феноменални (одличен избор е актерот што го глумеше младиот Билбо Багинс), музиката маестрална, џуџињата пресмешни ...секоја сцена ми го задржа целосно вниманието, не ни сетив кога го изгледав :)

А да, морам да кажам дека најомилен дел од филмот ми беа сцените со Голум. :D Се изнасмеав на она goblinses, batses, Hobbitses :pos:
 
Ко што гледам Хобитот е приквел на Господарот на Прстените и затоа што ги немам читано книгите ме интересира дали во оваа трилогија се појавува Саурон?

Не е приквел во смисла на направен филм па ајде сега да го цедиме серијалот. Во овој случај The Hobbit книгата е излезена прва, како посебна приказна и по нејзиниот неочекуван и огромен успех фановите сакале Tolkien да напише повеќе за хобитите и така по еден дводецениски процес излегува Lord of the Rings. Финтата е што прво се снимил LotR, па сега ова делува како приквел.

За болдираното што и да се каже би било спојлер. Ако сакаш да знаеш детали пиши ми ПП.
 
Знам дека книгата Хобит односно трите дела се излезени најпрвин. Претпоставувам и заради тоа целиот концепт од новиов филм / трилогија многу подобро ми легна. Кога ги гледав The Lord of the Rings пред доста време (дека ги гледав наеднаш, во еден ден) целосно бев збркан од толку многу ликови и места а прилично долго траат филмовите (севкупно над 9 саата) поради што и баш немав доволно концентрација да ги вклопам сите делчиња во големата слика.
А што се однесува за тоа дали е приквел, филмски гледано, ако го земеме почетокот на Хобитот тогаш дефинитивно се работи за приквел.
Инаку слободно пиши, ако не тука со спојлер тагови тогаш по ПП. А од Толкин постојат уште 5 книги кои се поврзани со светот на Господарот на прстените и Хобитот или The Silmarillion, па да се надеваме дека ќе дочекаме и уште некој серијал на филмови од Питер Џексон и по завршувањето на Хобитот.

Јас пред некој ден го изгледав филмот. Предобар е, како што и очекував. :love: Актерите феноменални (одличен избор е актерот што го глумеше младиот Билбо Багинс), музиката маестрална, џуџињата пресмешни ...секоја сцена ми го задржа целосно вниманието, не ни сетив кога го изгледав :)

А да, морам да кажам дека најомилен дел од филмот ми беа сцените со Голум. :D Се изнасмеав на она goblinses, batses, Hobbitses :pos:

Мене па Смигл / Голум ептен злобен ми се виде, ко манијачиште у пештера, на Орката мамичето му го расплака. :icon_lol: Од порано го знам ко подвоена личност, а сега комплет во лошо светло беше претставен, инаку прилично занимлива сцена со Билбо се слагам. :)
 
Саундтракот е убиство за увото. Многу добро нешто. Целиот филм е многу добро склопен. Некој погоре ја спомна и третата книга од Толкиен. Ај нека каже што се збори?
 
Саундтракот е убиство за увото. Многу добро нешто. Целиот филм е многу добро склопен. Некој погоре ја спомна и третата книга од Толкиен. Ај нека каже што се збори?

The Silmarillion тоа е целиот тој свет кој Tolkien го осмислил. Нешто во стил на Библијата. Книгата нема дијалози и е пишувана во архаичен стил. За настанувањето на универзумот и креирањето на Arda (земјата каде се наоѓа Middle-Earth), за историјатот на луѓето, елфовите, џуџињата, волшебниците и др, потоа за креирањето на силмарилите и прстените и сл.

Огромно богатство од приказни, измислена историја и епик битки набиена во ~400 страни. Има и друга книга The Children of Hurin кој опфаќа една приказна од The Silmarillion и ја издвојува и проширува во детали, оваа книга е роман и е повеќе во стил на LotR.
 
А Чак Норис ако го ставеа?
Чак на самиот почеток ќе го изедеше прстенот и место господар на прстени, Толкин ќе го напишеше вториот дел од Хајди или Дружината братско стебло
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom