Lord of the Rings трилогијата + Хобитот

  • Креатор на темата Креатор на темата Morbidnio
  • Време на започнување Време на започнување
Симнете го од замунда и гледајте го, и звукот и снимката се одлични, нема никаков проблем да го изгледате оваков каков што е пуштен на замунда. Само цепидлак ќе чека до 31 јануари да оди во кино да го гледа, и плус пари да троши.

незнам дали го коментирате филмов тука, ако не избришете го вториов дел од постов.
Филмот е одличен, ги задоволи моите очекувања од него. Достојно пренесена книгата во филмот, ја читав пред 3 години, ова беше само подобра визуелизација на она што го имав во глава. Најголем проблем од филмов ми беше преводот, ја гледам обично со англиски превод, пошто кога зборуваат често ликовите не ги слушам добро некои зборови и сакам да си прочитам одоздоле. Пошто го гледав минатата недела, уште немаше превод испаднато(сега може има) така на суво го изгледав, и ми останаа загатките со Голум некако нејасни.
Се на се, оценче си има солидна 9ка, одличен старт на проектот, штета што ќе се чека година време до другиот дел, ама тоа е, у меѓувреме ќе чекаме сеа април да испадне Game of Thrones :)
 
21 век сме бе, има инернет , фејзбук, твитер, има кабловска... јутуб... двд... МП3 МП4 МП5 МП6...а ти се уште читаш книги !!
 
21 век сме бе, има инернет има кабловска... јутуб... двд... МП3 МП4 МП5 МП6...а ти се уште читаш книги !!
Нејќам да влевам офтопик, си го мачам Интериста а го поштуам ко брат :D
Инаку да, си читам редовно :)
 
Прва книга од светот на Средната Земја, која почнал да ја пишува, се списите кои подоцна син му ќе ги поврзе во едно (Силмарилион). Толкин почнал со ова некаде 1917, кога сеуште бил во ров.
Прва книга која излегла од печат е Хобит.
Само Хобит и ГнП се целосно уредени и однесени на издавање од страна на самиот автор. Другите дела околу светот на Средната Земја, се подготвени за издавање од страна на син му, собрани и вклопени во една целина, разни записи расфрлани по местата, намештајот, просториите кај што претстојувал. Пишувал и на парчиња мебел, салветки и слично. Некои работи сеуште се пронаоѓаат. Станува збор за многу материјал, (п)оставен на секаде.
 
2ezir9y.jpg
 
Ако е некој заинтересиран ( или не може да чека да го гледа филмот во кино), јас направив превод
Ужувајте
Ако ти е ваков преводов ќе се изнаужуваат :)
 
Многу беше доцна кога го пишував постот, хахаха!:) Sorry!

А како да знаеме дека исто така не било доцна кога преведуваше!? :D
 
А како да знаеме дека исто така не било доцна кога преведуваше!? :D

Ех сега другар, не споредувај куцкање во форум и нешто што го правиш со многу љубов, концентрација и бокал кафе! ;)
 
Ех сега другар, не споредувај куцкање во форум и нешто што го правиш со многу љубов, концентрација и бокал кафе! ;)
Имам направено 10-на преводи, пред 7-8 години. Многу напорна работа, ама така со љубов и 2 литри кока-кола по цели вечери се стигнува :)
 
Имам направено 10-на преводи, пред 7-8 години. Многу напорна работа, ама така со љубов и 2 литри кока-кола по цели вечери се стигнува :)

Така е другар. Убаво кажа. Инаку, мене многу ме изнервираа минатите преводи на LOTR. Кој ги гледал во кино, ќе му текне дека орките беа преведени како волови, Голум како Галум, елвите како самовилци, итн:
Пр. The dark gates are not guarded only by orks - со наш легендарен превод: Црните порти не се чуваат само со волови...
Како и да е, што се однесува до Хобит, најтешки за превод беа деловите со поезија и гатанки.

Далеку преку, Маглени планини мразни,
до зандани долу и стари тунели празни.
Да итаме мора, пред зората ни драга,
да ги најдеме сега,заборавените ни блага.
Боровите стројни, вишат угоре важно,
а ветришта ноќни, завиваат немо, тажно.
огнот црвен јасен, со јазик што пламти и гори,
дрвјата ко факели тлеат, а светлоста се ори.

Песната на Џуџињата на чело со Торин Дабоштит.
 
Никогаш не сум сакал преведена фантазија на македонски. Ептен ми губи од магијата и тешко може да се долови замислата на авторот. Плус англичаниве имаат по 3-4 збора за еден наш, па иди преведи го...

Браво за трудот Kokomal (y)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom