Lidl маркети и во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување

Дали сте за отварање на Lidl маркети во Македонија?

  • Вкупно гласачи
    285
Можеш ли да ми објасниш која е пазарната логика да земеш објект и повеќе од 6 месеци да не го отвориш. Се гледа дека многу далеку си отишол кога Кауфланд го споредуваш со Лидл. Кауфланд не е дисконт маркет како Лидл, туку е поскап.
Abe dosta treskajte koga pojma nemate!
Kaufland i Lidl se edna ista firma!
 
Abe dosta treskajte koga pojma nemate!
Kaufland i Lidl se edna ista firma!
Што има тоа врска со мојот коментар. Лидл и Кауфланд се иста фирма но не се иста класа на маркети. Кауфланд се супер маркети во групата на Веро и Тинекс додека Лилд се дисконт маркети во групата на КАМ и Стокомак.
 
ЛИДЛ северна постои повеќе од 3 години. Досега 100 шефови ќе обучеа.
Ова не го менува фактот дека на 1 недела пред почеток на работен однос ќе обучуваат продавачи и касиери.
 
Тоа говори дека намерно ќе вработуваат почетници и аматери, или сиромашни родители - и едните и другите лесни за заплашување и манипулирање.

Сосема случајно минатава недела се најдов во разговор помеѓу мој познаник и директор/менаџер на една од тие компаниите за дистрибуција на прехранбени производи. Човекот вели дека во еден од неговите магацини има двајца кои ги плаќа околу 50.000 (ПЕДЕСЕТ ИЛЈАДИ) денари месечно бидејќи му 'рмбаат повеќе од 10 години со буквално се` и сешто што има во магацинот, еден почетник кого го плаќа 22.000 (ДВАЕСЕТ И ДВЕ ИЛЈАДИ) денари месечно, а останатите се некаде на средина помеѓу 25.000 и 35.000 денари месечно.

Што се` изнакажа типот за годишните профити кои ги остваруваат тие помалите синџири на супермаркети, наспроти платите кои им ги исплаќаат на вработените и односот кон вработените - особено за Рептил, за кој и јас лично немам ништо добро да кажам, иако никогаш не сум работел таму, ниту познавам некој кој работи таму - математиката говори дека отприлика половина од супермаркетите се одлични кандидати за национализација, а ова го тврдам јас кој сум анти-комунист и анти-социјалист до коска.

Ако некој бара почетници и аматери кои не се доволно запознаени со вистинската вредност на нивниот труд, тоа повеќе од доволно објаснува дека не планира да им исплаќа пристојни плати - да се потсетиме: минимална плата не е исто што и пристојна плата.
 
Последно уредено:

Само што има еден мал проблем, такви работници се потешко се најдуваат. Ќе вработиш почетник кој ако е доволно способен ќе се научи и ако не му ја зголемиш платата ќе си најде подобра работа. Времињата одамна се променија така што ако Лидл не ги плаќа соодветно работниците нема ни да ги има.
Автоматски споено мислење:

Ова не го менува фактот дека на 1 недела пред почеток на работен однос ќе обучуваат продавачи и касиери.
Не е ни оправдание зошто досега еден ебан маркет немаат отворено.
 
Последно уредено:
Само што има еден мал проблем, такви работници се потешко се најдуваат. Ќе вработиш почетник кој ако е доволно способен ќе се научи и ако не му ја зголемиш платата ќе си најде подобра работа. Времињата одамна се променија така што ако Лидл не ги плаќа соодветно работниците нема ни да ги има.

Да знаеш само колку посакувам да си во право, но досегашната пракса на која сум сведочел лично по други компании говори дека секогаш ќе се најде по некој сиромашен несреќник кој ќе прифати било каква работа под било какви услови за било каква плата.

Ене ги оние Ван Хоол со огласи за вработување по билборди низ Скопјево, како што слушнав забраниле отпуштања на работници поради недостаток на работна сила бидејќи кој стигне им напушта бидејќи не ги плаќале работниците редовно како што им ветиле.

Дај Боже да си во право !!!
 
Колку што јас знам, денес да те отпуштат треба навистина да имаш некое големо срање направено, на пример да се степаш на работа. Инаку точно е дека секогаш ќе се најде некоја будала ама таа будала најчесто толку и е способна. Да била по способна ќе си најдела по платена работа.
 
Браво бе “левичару”!
Будали, неспособни… све. Значи продавачите не се вредни?! Толку ги бива?!

Ја мислев ти фураш нешто како достоинствени плати, кога тука fake it till you make it и српски рапери муабети…
Автоматски споено мислење:

Да знаеш само колку посакувам да си во право, но досегашната пракса на која сум сведочел лично по други компании говори дека секогаш ќе се најде по некој сиромашен несреќник кој ќе прифати било каква работа под било какви услови за било каква плата.

Ене ги оние Ван Хоол со огласи за вработување по билборди низ Скопјево, како што слушнав забраниле отпуштања на работници поради недостаток на работна сила бидејќи кој стигне им напушта бидејќи не ги плаќале работниците редовно како што им ветиле.

Дај Боже да си во право !!!
Ван Хол е фабрика на која и требаат квалификувани работници…
Не е проблем денес, да еден заварувач, бравар, фарбар, механичар најде подобро платена работа..
 
Браво бе “левичару”!
Будали, неспособни… све. Значи продавачите не се вредни?! Толку ги бива?!

Ја мислев ти фураш нешто како достоинствени плати, кога тука fake it till you make it и српски рапери муабети…
Ова нема врска со идеологија туку со лично искуство. Кој сакаш да те цени ако ти сам не се цениш?
Ако му речат утре во КАМ не идиме на работа за овие пари дали нема да им ја качат платата? Ако нема будали кои мислат - има и полошо, ќе им ја качат.
 
Тој муабет “ако сам не се цениш..”, е муабет за пред кооперација, или ако си млад, или ако не издржуваш фамилија итн итн итн.
Второ, има луѓе кои ете сакаат да бидат продавачи! Си се пронашле у тоа…
Додека ринта наведната у некоја фабрика на машина за шиење да извади норма, во бутик или маркет ќе ја зима истата па дури и поголема плата. За каков штрајк зборуваш побогу?!!
У оваа држава, само државна(партиска) администрација може да штрајкува…

Само природно кајнезијански може да порасне платата…
 
Ван Хол е фабрика на која и требаат квалификувани работници...
Не е проблем денес, да еден заварувач, бравар, фарбар, механичар најде подобро платена работа..

Ако забраниле отпуштања на сегашни работници, тоа значи две работи:

1. Имаат недостаток од работна сила поради X причини;
2. Не им е важно дали сегашните работници им се квалификувани или не, поради ова првото.

Информацијата ми е лично од човек кој работел таму со години и сеуште работи таму, но вели дека воопшто не им цвета актуелната состојба во фабриката.

Но за да не одиме повеќе оф-топик, тука ќе престанам да коментирам за белгиската фабрика за автобуси, чии што сопственици отворено и јавно изјавија дека фабриката во Македонија ги спасила од економски загуби.

Поентата ми беше дека се` додека има овци за стрижење ќе има волна за продавање.
 
Тој муабет “ако сам не се цениш..”, е муабет за пред кооперација, или ако си млад, или ако не издржуваш фамилија итн итн итн.
Второ, има луѓе кои ете сакаат да бидат продавачи! Си се пронашле у тоа…
Додека ринта наведната у некоја фабрика на машина за шиење да извади норма, во бутик или маркет ќе ја зима истата па дури и поголема плата. За каков штрајк зборуваш побогу?!!
У оваа држава, само државна(партиска) администрација може да штрајкува…

Само природно кајнезијански може да порасне платата…
Ако им одговара таа плата како продавачи тогаш таа и ќе ја земаат. Не ми се јасни твоите филозофии. Пазарот на трудот се формира на принципот на понуда и побарувачка што тука не е јасно. Ако сакаат поддршка од државата треба организирано да настапат. Детето добива цицка ако плаче. Јас видов колку е саатот кога пробав да убедам уште двајца колеги да се побуниме за поголема плата. Двајцата уцвикаа иако само јас бев женет а жена ми не беше вработена. Тие приказни на друг кажувај ги.
 
Pushtaat mravki ovie gnasive pred izbori. Gladna kokoshka proso sonuva, ali barem ke izleze da glasa.
Еве што си напишал на 6 јуни 2020 година.
Автоматски споено мислење:

Lidl ne moze da otvori uste minimum 5 godini.
Inaku, DA, koga I ako otvori, ke bide poevtin I od Stokomak I od Kam. Za Ramstor I Tinex da ne zborime.
Лидл минимум уште 5 години нема да отвори?
Автоматски споено мислење:

Од тебе поголем фејк нема на форумов.Еве што си напишал на 4 јуни 2020 година.
 
Последно уредено:
Ne gledam sto ima sporno... Ako vo 2020 pisale deka najmalku 5 godini nema da se otvorat marketite na Lidl.... manje/više, pogodile...
 
Не мање-више туке 100% погодиле, денес почнува градба на логистичкиот центар а не гледам најава дека почнале маркети да градат, така што, дали и во 2025 ќе се отвори Лидл маркет во МК!?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom