Тоа говори дека намерно ќе вработуваат почетници и аматери, или сиромашни родители - и едните и другите лесни за заплашување и манипулирање.
Сосема случајно минатава недела се најдов во разговор помеѓу мој познаник и директор/менаџер на една од тие компаниите за дистрибуција на прехранбени производи. Човекот вели дека во еден од неговите магацини има двајца кои ги плаќа околу 50.000 (ПЕДЕСЕТ ИЛЈАДИ) денари месечно бидејќи му 'рмбаат повеќе од 10 години со буквално се` и сешто што има во магацинот, еден почетник кого го плаќа 22.000 (ДВАЕСЕТ И ДВЕ ИЛЈАДИ) денари месечно, а останатите се некаде на средина помеѓу 25.000 и 35.000 денари месечно.
Што се` изнакажа типот за годишните профити кои ги остваруваат тие помалите синџири на супермаркети, наспроти платите кои им ги исплаќаат на вработените и односот кон вработените - особено за Рептил, за кој и јас лично немам ништо добро да кажам, иако никогаш не сум работел таму, ниту познавам некој кој работи таму - математиката говори дека отприлика половина од супермаркетите се одлични кандидати за национализација, а ова го тврдам јас кој сум анти-комунист и анти-социјалист до коска.
Ако некој бара почетници и аматери кои не се доволно запознаени со вистинската вредност на нивниот труд, тоа повеќе од доволно објаснува дека не планира да им исплаќа пристојни плати - да се потсетиме: минимална плата не е исто што и пристојна плата.