Teмава се претвори во малоумна дискусија , :kesa:.
Ај нешто и јас да истролам за експериментов . . .
... Научниците од ЦЕРН (Европската организација за нуклеарни истражувања) како што веќе имаше постирано на форумов , со овој експеримент се надеваат дека со детекторите на истиот ( експериментот ) ке биде исфрлен Хигсовиот бозон кој во теоретскиот Стандарден модел ги објаснува масите на сите честици. Другата варијанта е изненадувањето , т.е. мало шугава црна дупка која за кое се верува дека одма ке исчезне . На некој начин планираат да го импровизираат Биг Бенгот и да бидат дадени одговорите на многуте прашања поставени за истиот , или пак , да се појави уште еден голем прашалник поврзан со настанокот на универзумот .
Иначе јас колку што разбрав , експериментите се планирани за 3 дена , но оние експерименти кои се поврзани
со високите енергии кои можат да предизвикаат црна дупка се планирани некаде за 2 месеца .
Според теоријата на Стивен Хоукинг ,
малите црни дупки ја губат целата своја маса во моментот на создавање и веднаш исчезнуваат . Али да потенцирам , ова е теорија , праксата може да покаже нешто друго , иако му верувам на Хоукинг за ова , се надевам дека е во право .
Е сега што овците на Велија направија бедно изрежиран филм на вестите тоа е друга работа , бар ако веќе почнале да прават сторија , добро ке беше да спомнеа многу други порелевантни работи , а не црното сценарио кое според многу теории не е можно да се реализира.
James D. Watson : "If we don't play God, who will?" 
Што се однесува за Експериментов , потрошени се над 5 милјарди евра за истиот ( точна сума незнам ) , 5 милјарди евра за нешто што ке даде одговор за Биг Бенгот , мене ме интересира , што ке се случи еве кога детекторите на истиот овој акцелератор ке го прикажат Хигсовиот Бозон , што кога ке ( или нема ) да одговорат на многуте прашања поврзани со настанокот на универзумот , каква ке биде понатамошната намена на овој акцелератор и за што истиот би се употребувал . . .
п.с. Каде е Агора
