Ова што ќе го постувам го прочитав од наши веб страници. Прочитајте го и чудете се что мозе некои лудаци да напраат
Со експеримент ќе го уништат светот?
Некои научници се загрижени дека експериментот Ј350м кој е планиран за оваа есен и може да предизвика уништување на земјата, поточно да создаде црна дупка која може да ја проголта целата земја.
Директорот на лабораторијата каде се создава оваа машина смета дека нема шанси да се случи такво нешто. Овој експеримент има за цел уништување јадро на атоми и нивно проучување со цел да се утврдат основните функции и закони.
Машината зема атоми на злато и ги врти околу 3.8 километарски цевки. Моќните магнети ги забрзуваат атомите скоро до брзина на светлината. Кога ќе дојде до нивен едноминутен судир, се создава топлина 10 000 пати поголема од Сонцето.
Армагедон или не?
Дали научниците ќе создадат нешто слично на мини црна дупка, која може да се прошири и да ја проголта земјата.?
Ова се некои од прашањата кои преку писма, стигнаа до еден американски магазин за наука. "Страв ми е дека научниците се движат во насока во која е опасно да се оди" пишувал во едно од писмата.
Сепак од лабораторијата изјавуваат дека се претерува. Директорот изјавил дека се свесни за можните страшни резултати, било дискутирано и со реномирани научници кои заклучиле дека нема никаква опасност.
Ова не е прв пат да се јави ваков страв помеѓу многу научници. Сепак секогаш на крај резултатот бил дека нивниот страв е неоснован. За тоа сите сме сведоци, нашата мила Земја сеуште постои!
Прашањето до сите форумџии е дали ќе наебеме?
Не знам кои беа праволата за пишување линкови па затоа и не го ставив ако ви треба пишете ПП