LCD телевизори

Дискусија во форумот 'Хардвер' започната од VINO, 22 септември 2007.

  1. Pane-G

    Pane-G

    Член од:
    12 мај 2009
    Мислења:
    4.810
    Допаѓања:
    2.146
    Па истото како за ПЦто така и за ТВи освен ако има вградено заштитен електро-механизам инаку ретко се случува и мал ризик е. Јас го ставам вака го поврзувам кабел преку рутерот значи од интернет кабел во рутерот и кабелот од рутерот во ТВ и струен удар нека го отепа рутерот


    Sent from my iPad Air 2 using Tapatalk
     
    На Julian му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Mac Razor

    Mac Razor

    Член од:
    9 декември 2012
    Мислења:
    43
    Допаѓања:
    7
    Поздравишта екипо. Гледам дека ве бива и тоа ептен па да прашам нешто на кратко. Од вчера на модел на Сони се појавија вертикални линии преку самата слика. Читкарав нешо на нет направив некој солуции шо ги пишуваше но пак е исто. Ме занима шо може да е проблем според Вас. Гледав и на нет исто така како се сервисираат линивее па ме влече нешо крстачот да го зеам пошо имам средно електро у Орце...Живели

    image 201.jpg
     
  3. Pane-G

    Pane-G

    Член од:
    12 мај 2009
    Мислења:
    4.810
    Допаѓања:
    2.146
    Колку ти е стар сонито?


    Sent from my iPad using Tapatalk
     
  4. Mac Razor

    Mac Razor

    Член од:
    9 декември 2012
    Мислења:
    43
    Допаѓања:
    7
    okolu 5,5 godini drugarce.
     
  5. Pane-G

    Pane-G

    Член од:
    12 мај 2009
    Мислења:
    4.810
    Допаѓања:
    2.146
    Тогаш не е сони односно панелот е од самсунг ,а не од Сони , а сега Сони се подобрени и панелот пак е од самсунг ама според спецификацијата што го бара од Сони , чаре нов екран или нов ТВ предлог LG


    Sent from my iPhone 8 Plus using Tapatalk
     
  6. xope

    xope

    Член од:
    10 април 2018
    Мислења:
    1.294
    Допаѓања:
    1.291
    носи го на мајстор, не би требало да е страшен проблем, треба да се прелеме некој врска
    пробај преку друг влез, хдми или па пушти видео од усб дали има линии?
     
    На Mac Razor му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Mac Razor

    Mac Razor

    Член од:
    9 декември 2012
    Мислења:
    43
    Допаѓања:
    7
    Фала за помошта другарчиња. Искрено се слагам со тебе хоре, и јас мислам дека е или кабелчето - рибон или пак станува збор за ладни лемови. Сепак ова е мое скромно знаење, и мислам дека не е екранот. Баш ке пробам и видео преку усб да пуштам, дал ке се појават линиите.. Иначе го изгаснав од адаптер некој 30 минути и кога пак го уклучив сликата беше ок, ама после 1 минута лека-полека пак се појавија линиите.

    Pane-G ортак, НИКАД ама баш НИКАД нема да купам друг ТВ сем СОНИ. А за ЛГ ке размислам само кога ке научат црна боја да прават, а некоја си темносина нијанса која е бледа копија на црна.:)
     
  8. total

    total

    Член од:
    14 август 2010
    Мислења:
    617
    Допаѓања:
    682
    Па ако разлисташ уназад низ темата ке видиш дека од ЛГ некако најмногу се жалат на расипување сопствениците на ТВа.
     
    На Govinda му/ѝ се допаѓа ова.
  9. xope

    xope

    Член од:
    10 април 2018
    Мислења:
    1.294
    Допаѓања:
    1.291
    во најлош случај ќе треба процесорот да се прави риболинг. ама поверојатно е на друго место да е проблем со ладен лем
    малку е веројатно дека е до екранот

    а за црна боја, па ips екраните се такви, има и некои добра црна имаат, ама сепак на pva екран црната е права црна.
    ама ips си има и предности и мани, исто и pva
     
    На Mac Razor му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Pane-G

    Pane-G

    Член од:
    12 мај 2009
    Мислења:
    4.810
    Допаѓања:
    2.146
    Ако црна боја да биде тогаш OLED ама буџетот е таков и повеќето се со iPS и сега шо праиме


    Sent from my iPad using Tapatalk
     
  11. Govinda

    Govinda Lud, Zbunjen, Nenormalan

    Член од:
    20 април 2014
    Мислења:
    1.938
    Допаѓања:
    1.405
    Дали е некој има искуство со QLed дали дава длабока црна?
     
  12. Albertos

    Albertos

    Член од:
    29 септември 2015
    Мислења:
    90
    Допаѓања:
    98
    Јас земав сега лудница е телевизорот. Земав ваков филипс
    Некаде видов дека е прогласен за најдобар олед. Колкижу е вистина незнам, но телевизор е лудница

    setec.mk/index.php?route=product/product&path=10055&product_id=47041&mfp=manufacturers[181],stock_status[7]&sort=p.price&order=DESC

    Го земав 79000 денари. Препорака од мене. Разгледај го прво и овој
     
  13. Govinda

    Govinda Lud, Zbunjen, Nenormalan

    Член од:
    20 април 2014
    Мислења:
    1.938
    Допаѓања:
    1.405
    Чекај малце. Ја прашав за Q-LED. Q-LED и O-LED не е исто. Q-LED е технологија на Samsung и е потпуно различна технологија од OLED.
     
  14. dace@mkd

    dace@mkd

    Член од:
    7 април 2015
    Мислења:
    1.202
    Допаѓања:
    599
    QLED ти е всушност квантум дот дисплеј кој кај ЛГ ја носи SK ознаката.
     
  15. Македонеро

    Македонеро Домаќин

    Член од:
    15 декември 2008
    Мислења:
    2.905
    Допаѓања:
    1.054
    Само што sk серијата од лг има многу послаб контраст од квантум дот на самсунг.
     

Сподели преку: