Еве овај за парите топ ТВ - 19.999
http://setec.mk/index.php?route=product/product&path=10054_10055_10056&product_id=46575
Андроид, 4К УлтраХД, 55 Инчи квадкор,
СТ од новата генерација
Што е топ жити се. Бројќите ли. ST е најголем отпад што може да се најде кај нас. 7 од 10 продадени 10 телевизори им завршуваат на сервис.
Каков квадкор. Овој едвај youtube отвара.


за малку поскапо ќе се земе барем сигурен телевизор кој ќе нема проблеми. Сега има барем избор Favorit, Quart, Еlektra, Fuego и уште сигурно 3-4 марки кои се 1000 пати подобри од ова сетек лајно.[DOUBLEPOST=1541677697][/DOUBLEPOST]
Ке трае, новите СТ се солидни, прашај тие шо имаат купено последната година никој се нема пожалено, затоа имаја и акција - беа со 5 години гаранција цела пролет и лето како и Сони шо имаја тој период, сега ги нурнаја цените - се пробиват на пазарот..
Батко ти во сетек да не рабтоиш бе
Какво подобрување бе човеку.


[DOUBLEPOST=1541678539][/DOUBLEPOST]
Quart и ST се генерички телевизори, купени од кинеска фабрика со ефтина електроника и панел на кои се лепи етикета по желба на порачувачот. Квалитетот на сликата е далеку од подобрите модели на појаките марки но кај овие тоа не се ни бара затоа што прв и основен критериум е цената. За луѓе што сакаат евтино и да има некаква слика сосема се во ред. Дали ќе се расипуваат немам поим, никогаш не сум купил ниту ќе купам но претпоставувам дека се генерално ок.
Имаше модел на Philips прошлата година со слика катастрофа ама бидејќи беше евтин мислам дека растур направил од продавање кај нас.
Во принцип овие евтиниве секогаш имаат некаква слабост, дали послаб контраст, нереални бои, слаба оштрина, бавен процесор или нешто петто, треба секој сам да процени дали со тоа може да живее ама на тој што прв критериум му е слика а цена втор секако зема Сони, Самсунг и останатите во тој ранг.
ST не е во ранг на ниту еден телевизор. Тој е телевизор со Ш потекло. Доаѓа од Кина, а од каде поима нема никој. Нема сертификати, не се знае колку е радиоактивен итн.
Со самото тоа што нема сертификати не смее ни да се продава во Западна Европа.
Значи се бута тука само на наш народ и евентуално Косово.
Quart телевизорите исто како и Фуего, Телефункен, Грундиг, SHARP, Hitachi доаѓаaт од една иста фабрика . Vestel Tурција. Фабриката Вестел е во топ 3 најголеми фабрики во светот. Масовната производство им овозможува да имаат краен евтин производ.
Quart и Fuego можеби се и најдобар избор кај нас за парите, ако се бара лоу буџет телевизор. Доста добро се покажаа. И не верувам дека и 1 од 10 завршуваат на сервис.
Eве подоле информации. Значи колку толку бидејќи доаѓаат од фабрика позната, имаат сертификати и продаваат насекаде. Амц и Нептун одат и купуваат и си ставаат име на нив.
Истиот телевизор се продава и во германија и во западна европа, само со друго име кое си го одредил германецот на пример. Па тоа што е Fuego kaj нас , кај нив е исто само со некое си швабско име
Еве ја страната
https://vestelinternational.com/en/
ST не се знае ни производител ни ништо. Не може еден производ да се увезе од подалеку и од мала фирмичка (ако е воопшто и фирма ) и тој да понуди подобра или иста цена.. Нема економска логика.
Да се разбереме. Fuego i Quart се ОК, а ST ни на душман не би го купил