Land of the Free, или човековите права и слободи во најголемиот светски „извозник на демократија„

Член од
13 јули 2006
Мислења
15.167
Поени од реакции
17.964
http://www.salon.com/2015/10/22/this_is_right_wing_terrorism_the_frightening_new_rise_of_church_and_clinic_arson_and_why_you_wont_hear_about_it_on_fox_news/

Во земјата која има црнец за претседател и геј браковите станаа законски, во земјата која активно се бори против тероризмот во светот, се јавува се поголем екстремизам од страна белото конзервативно население.
Бројот на домашни бели терористи во последнава година е во пораст, се палат црнечки цркви и се напаѓаат верниците, се палат болници во кои се извршува абортус.

Не дека ова е нешто ново за САД, затоа што домашниот тероризам постои долги години, преку разни екстрмистички организации, но за овие работи многу слабо се зборува во големите медиуми во САД, ниту на либералниот CNN, ниту на конзервативниот FOX.

САД се менуваат, се надевам на подобро, но има две работи кои излегуваат на површина:
- лицемерието на конзервативните политичари кои со години водат војна против тероризмот, а имаат еден куп поддржувачи домашни терористи
- лицемерието на либералните политичари кои успеаа да постават црнец за претседател, ама не можат да ги намалат расните разлики
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.260
Поени од реакции
29.742
Во САД лицемерие колку сакаш, а тоа што имаат црна кукла за POTUS не смени ништо значајно. Кукларите останаа истите.

Тоа што тие го нарекуваат „белото конзервативно население“ тоа се всушност тие што им е преку глава од економските страња што ги трпат заради имеријализмот на државата (од кој бенефитира само елитата). Таквите веднаш се нарекуваат терористи и расисти.

Последен пример што ми текнува е примерот со фармерот Кливен Банди. Неговите претци, со десетици генерации наназад, ги напасувале своите говеда на земја која е пуста пустелија која никој за ништо не ја користи. Но пред 20тина години федералната власт, ја одземала земјата од сојузната држава Невада, со цел да го полни државниот буџет со наплаќање за правото на пасење говеда... на пуста земја (пошто за безочно бомбардирање помали и послаби држави, требаат многу пари).
На тоа локалците се побуниле, на чело со Кливен Банди, и во духот на нивните претци каубоите застанале да си ги бранат правата. Тогаш веднаш почињаат приказни за „тероризам“ и „расизам“ и што се не... Пропагандата на САД е нивното најјако оружје, после стравот и теророт.

Eве дел од случувањата:



...во земјата која активно се бори против тероризмот во светот
Која е па таа земја?? :cautious:
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.483
Поени од реакции
11.538
...

- лицемерието на либералните политичари кои успеаа да постават црнец за претседател, ама не можат да ги намалат расните разлики
За една нација да се движи во позитивен правец, потребен и е лидер, а не црнец или белец претседател.

Огромна е разликата помеѓу лидер и шеф (на држава).

Само наивните будали и неписмените веруваат дека бојата на кожата игра улога во општествениот правец во кој се движи нацијата.

Ако е така, нека одберат некој азиец, бидејќи нели, азиските економии ги нарекуваат економски тигри, само нека внимаваат кој азиец ќе го одберат:

- има азијци од Индија, која важи за најбројна демократија во светот, а истовремено важи и за најсиромашна демократска нација во светот - говорам за индискиот народ, а не за индиската држава;
- има азијци од Кина, која важи за најбројна држава во светот и втора најголема светска економија, а истовремено важи и за најбројна диктатура во светот;

само нека внимаваат доколку одберат азиец од Кина за претседател, бидејќи Кинезите имаат навика доколку удрат некого со возило, наместо да излезат и да и' пружат прва помош на жртвата, менуваат брзина во рикверц за да ја прегазат жртвата и да се осигураат дека е мртва, бидејќи поисплатливо било да се плати туѓ погреб и да се одлежат 2 до 4 години затворска казна за предизвикување на сообраќајна несреќа со човечки жртви, отколку плаќање на здравствено осигурување и лекување на жртвата, физикалната терапија е долг и не баш евтин процес за обичниот кинески смртник, на кого смртта му делува како побрз и поевтин лек, а и плус заработува 2 до 4 години одмор зад решетки на сметка на државата; ако американците одберат азиец од Кина за претседател, можеби нема да им се допаднат неговите (нео)сталинистички и/или (нео)маоистички политики според кои смртта ги решава сите проблеми;

- има азијци и во Јапонија, која важи за 3-та најголема светска економија, а истовремено важи и за една од најзадолжените светски економии со долгови кои изнесуваат над 200% од јапонскиот БДП.

Бојата на кожата баш и не е одлучувачки фактор, ако американските црнци навистина ја знаат сопствената историја, тогаш би ги знаеле зборовите на еден од нивните борци за човекови слободи и права, Мартин Лутер Кинг, како Оче наш:

" Јас имам сон дека еден ден моите четири деца ќе живеат во нација каде што нема да бидат судени по бојата на нивната кожа, туку според содржината на нивниот карактер. "

А овој чоколадираниов кој веќе 7-ма година по ред грее фотељи и кревети во Белата Куќа на Авенија Пенсилванија број 1600 во Вашингтон, главниот град на САД, веќе 7-ма година по ред демонстрира дека нема ни К од КАРАКТЕР.
 
Последно уредено:
Член од
30 април 2013
Мислења
267
Поени од реакции
79
Проблемот е што луѓето кога зборуваат за С.А.Д.,зборуваат како да народот ја раководи,или избира владата.Тоа е погрешно,С.А.Д.,е всушност една корпорација која има само една цел а тоа е профит.Нема и не сака да има некакви морални аспекти во нејзините активности.Па затоа се случуваат војни во Сирија,Ирак,Либија.Затоа што има нафта,а нафтата во моментов е профит.Зошто нема воена интервенција во Сомалија,и слични такви банана држави?Затоа што корпорацијата нема интерес.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.260
Поени од реакции
29.742
Прилично точно. Само што крајната цел е целосна доминација и контрола на нов светски поредок.
Профитот е само попатна работа, најпосле целиот тој финансиски (робовласнички) ФИАТ систем е само алатка за остварување на моќ и на власт.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.167
Поени од реакции
17.964
Прилично точно. Само што крајната цел е целосна доминација и контрола на нов светски поредок.
Профитот е само попатна работа, најпосле целиот тој финансиски (робовласнички) ФИАТ систем е само алатка за остварување на моќ и на власт.
А камо доказ за новиот светски поредок, остај ти Yuotube, сајтови ова она. Камо докази?

Ајде можеш ти подобро, знам ;)
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.260
Поени од реакции
29.742
Нив, на жалост никој не се спрема да ги бомбардира. Како што тие и се спремаат на Сирија (со измислени докази). Или како што ги бомбардираа Либија, Ирак, итн неброени други држави...

Ти и не можеш подобро, о да - знам. :)
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.260
Поени од реакции
29.742
OBEY-bar-code-conform-672x372.jpg

(но ајде сепак да се задржиме на темата)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom