Land of the Free, или човековите права и слободи во најголемиот светски „извозник на демократија„

Дискусија во форумот 'Вести и случувања' започната од Vanlok, 11 мај 2014.

  1. BabylonBloke

    BabylonBloke

    Член од:
    8 октомври 2014
    Мислења:
    389
    Допаѓања:
    242
    Se fati ti pak? Sto merak si imal...
     
  2. Vanlok

    Vanlok deus ex machina

    Член од:
    30 мај 2009
    Мислења:
    7.944
    Допаѓања:
    7.276
    ^^
    Во арапските теократски монархии е уште „подобро“ со демократијата и човечките права. Во новава година одлично почнаа со многу десетици обезглавувања (засега).
     
  3. Vanlok

    Vanlok deus ex machina

    Член од:
    30 мај 2009
    Мислења:
    7.944
    Допаѓања:
    7.276
    Во врска со случувањата во Орегон, ’мурика, еве едно убаво и издржано излагање кое е аргументирано со многу факти. Еве ви убава можност да се информирате за тоа што всушност се случува таму:

     
  4. Beric Dondarrion

    Beric Dondarrion Lord of Blackhaven

    Член од:
    14 август 2006
    Мислења:
    18.327
    Допаѓања:
    20.773
    [​IMG]
     
    На stipsburg му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Vanlok

    Vanlok deus ex machina

    Член од:
    30 мај 2009
    Мислења:
    7.944
    Допаѓања:
    7.276
    [​IMG] [​IMG] [​IMG]
     
    На stipsburg му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Dexter26

    Dexter26

    Член од:
    24 април 2008
    Мислења:
    4.918
    Допаѓања:
    4.425
    Делумно е точна споредбата.

    Пол Пот бил на власт од 1975 до 1979 година - едно 19 години после 1956 година.

    Истото важи и за Мао Це Тунг, кој дошол на власт во 1949 година - едно 14 години после 1935 година, а неговиот терор и неговите чистки познати како Културната Револуција, биле спроведувани од 1966 се до смртта на Мао Це Тунг во 1976 година. Вистинската бројка на жртви на Културната Револуција е минимум 2 пати поголема од 20 милиони, некои веруваат дека точната бројка достигнува дури и неверојатни 60 милиони жртви.

    Тие 13 милиони луѓе кои Адолф Хитлер и нацистите ги истребиле, биле претежно жители на други држави кои Нацистичка Германија ги окупирала - претежно на Полска и на Советскиот Сојуз, а не жители на Германија.

    А се останато е точно - невооружените мажи, жени и деца никогаш не се спротивставуваат на вооружените злосторници кои по природа се луѓе кои не ги почитуваат законите и човековите слободи и права.

    Одличен современ пример за ова е Чикаго, град кој се гордее со своите закони кои во целост забрануваат продажба, дистрибуција и употреба на огнено оружје на цивилното население во Чикаго. Но и покрај ваквите строги и ригорозни забрани, Чикаго ја ужива неславната репутација на најкриминален град во САД со најголем број на убиства од огнено оружје.

    Изгледа криминалците во Чикаго не се запознаени со тамошните закони кои забрануваат продажба, дистрибуција и употреба на огнено оружје на цивилното население во тој град. Или како и сите останати криминалци, не ги интересира што вели законот, бидејќи по природа се луѓе кои го прекршуваат законот.
     
    Последно уредено: 27 јануари 2016
    На Ashburton Grove и Beric Dondarrion им се допаѓа ова.
  7. Dexter26

    Dexter26

    Член од:
    24 април 2008
    Мислења:
    4.918
    Допаѓања:
    4.425
    Во земјата на слободните и најголемиот светски "извозник на демократија", се подготвува продолжување на уште една од таканаречените слободи, поконкретно на слободата на шпионирање која ја уживаат американските разузнавачки агенции, а особено озлогласената агенција за национална безбедност НСА.

    Важноста на американскиот закон за набљудување на странски држави FISA (Foreign Intelligence Surveillance Act), усвоен во 2008 година и продолжен во 2012 година, истекува на крајот на 2017 година.

    Но бидејќи овој закон се покажа и докажа како доста ефикасна и ефективна алатка за шпионирање на американската агенција за национална безбедност НСА - која се повикува на истиот овој закон не само за да го оправда своето шпионирање надвор од САД, туку и за да го оправда своето шпионирање на територијата на САД - американскиот Конгрес се подготвува да одобри продолжување на овој озлогласен закон, така што истиот ќе остане на сила и после 2017 година.

    За разлика од досегашната пракса на американските законодавци, која налага сослушувања на правниците, невладините организации кои се залагаат за заштита на граѓанските слободи и права, како и на сите граѓани на САД кои сакаат да учествуваат во дебатата за продолжување на закон чија што важност е при крај, овој пат американскиот Конгрес донесе одлука дебатата за продолжување на законот FISA да се одржи зад затворени врати и без сослушувања на индивидуални граѓани на САД.

    Продолжувањето на FISA законот е повеќе од сигурно, ако не и загарантирано, но барем овој пат земјата на слободните и најголемиот светски "извозник на демократија", воопшто не се ни обидува да глуми демократија, а уште помалку па слобода на јавна дебата за закон кој на хартија важи за сите.

    http://www.tomshardware.com/news/fisa-section-702-secret-hearings,31083.html

    EFF, Others Ask That FISA Section 702 Surveillance Hearings Not Be Held In Secret

     
    Последно уредено: 29 јануари 2016
    На Beric Dondarrion, Hyperz и Ashburton Grove им се допаѓа ова.
  8. Raynor

    Raynor Mr.Terrible

    Член од:
    16 април 2014
    Мислења:
    384
    Допаѓања:
    583
    А што ако овде имаме речиси сите оружје по дома дека тоа ке не спаси доколку владата сака да не ликвидира... Овде полицијата не иде коо во МК ајде тропај на врата да дојдеш на разговор или пак спектакуларни апсења небаре мислиш ова е Холивуд, а без ниеден испукан куршум.... Имаше случај во еден ресторан некој дилал Мет, случај за кој се заинтересирал И ФБИ. Убациле човек кој се вработил у ресторанот, собрал се податоци што се потребни и за неколку дена Раид на куката му направиле, дилеров живеел со уште неколку цимери, џандариве сите ги застрелале... Друга работа, секојдневно слушаме на медиумиве како некој офицер застрелал некој црнец, хиспаник...тоа што имале оружје не ги спасило
     
  9. Dexter26

    Dexter26

    Член од:
    24 април 2008
    Мислења:
    4.918
    Допаѓања:
    4.425
    Прочитај за Кливен Банди и одбраната која ја организираше заедно со неговата милиција на вооружени ранчери во Невада во 2014 година кога американската влада се подготвуваше да ги протера од земјиште за кое сеуште водат имотно-правен спор.

    https://en.wikipedia.org/wiki/Bundy_standoff

    Или уште подобро, изгледај по некој видео клип на Интернет, па види ги големите момци од ФБИ како фаќаат џаде со нивните оклопни возила и хеликоптери, наспроти група од вооружени фармери кои стојат во место.

    Тоа се вика самоодбрана, а не некој дилер или криминалец со досие кој не успеал да им избега на властите.

    Не можеш да споредуваш криминалци со загрозени етнички групи.
     
  10. Raynor

    Raynor Mr.Terrible

    Член од:
    16 април 2014
    Мислења:
    384
    Допаѓања:
    583
    Јас сум ги видел момците од ФБИ, мн знам колку се спремни, на свој грб имам осетено ни крив ни дужен.... Инаку овие приказни за одбраната , или пак овој случајот во Орегон што беше, властите не сакаа да ја ескалирааат работата, затоа и чекаа 26 дена на мирна разврска
     
  11. Vanlok

    Vanlok deus ex machina

    Член од:
    30 мај 2009
    Мислења:
    7.944
    Допаѓања:
    7.276
    Поентата и не толку дека оружје е потребно за бунт против власта, иако ако дојде до тоа зошто да не? Да имаше народот оружје во 2001вата, на протестите после предавството во Арачиново - охохо брале, сега се ќе беше поинаку, после добриот линч на лошите луѓе што ни ја продадоа државата.

    Но нејсе. Да повторам примарната намена на оружјето не е за бунт против власта. Примарната намена е за самоодбрана.
    Нормално, ќе треба да се сменат и законите за луѓето да можат се бранат - а не како сега, со глупоста „употреба пропорционална сила„ со која смееш да се браниш само со такво оружје какво што користи напаѓачот кој ти влегол кај тебе дома.
    --- Споено дупло мислење, 1 февруари 2016 ---
    Целата работа е што федералците ќе ги исполнеа своите намери за одзимање на имотот (говедата) - ако народот не се дигнеше на бунт. Точно е дека не сакаа судири со народот, но ако луѓето ќутеа сите ќе го јадеа поединачно и ќе им се наметнеа нови такси и давачка, и имотот ќе им го одземеа на некеои. Вака, кога видоа колку е сатот - властите се повлекоа.
     
  12. Dexter26

    Dexter26

    Член од:
    24 април 2008
    Мислења:
    4.918
    Допаѓања:
    4.425
    Ти не си бил вооружен, а сигурно и не си организирал сопствена цивилна милиција за самоодбрана - што патем, е едно од основните граѓански слободи и права согласно со Уставот на САД.

    Сакаше да кажеш во Невада, бидејќи таму се случија тие 26 дена во април 2014 и мај 2014 исполнети со неизвесност, по што федералците од ФБИ си фатија џаде со нивните хермелини и хеликоптери, откако им стана јасно дека си имаат работа со организирана милиција за самоодбрана, вооружена до заби и одлучна да не остапи ни милиметар.

    Во Орегон пред недела дена се случи неуспешен обид за присилно протерување на цивилната милицијата за самоодбрана организирана од Амон Банди, синот на Кливен Банди, од страна на федералците од ФБИ.

    Но во случајот со цивилната милиција за самоодбрана на Амон Банди во Орегон, фамилијата Хамонд која тие ја бранеа, отворено и јавно изјави дека ниту побарале помош од нив, ниту Амон Банди и неговата цивилна милиција за самоодбрана се легални и легитимни претставници на фамилијата Хамонд.

    Причината поради која неуспешниот обид за протерување на цивилната милиција за самоодбрана на Амон Банди воопшто беше забележана од страна на медиумите, беше убиството на еден од припадниците на истата таа цивилна милиција за самоодбрана, кој беше убиен од страна на федералците, а ниту пружаше отпор кон нив, ниту претставуваше закана врз јавниот ред и мир.

    За ова допрва ќе има истрага, но како и вообичаено, повеќе од сигурно е дека ќе биде заташкано убиството на тој припадник на цивилната милиција за самоодбрана на Амон Банди.

    Во спротивно - кога убиениот би бил црнец или латиноамериканец или муслиман, сега сигурно ќе имаше немири во Орегон, како што ги имаше во Флорида поради убиството на малолетниот црнец со криминално досие Трејвон Мартин во самоодбрана од страна на Џорџ Зимерман во 2013 година, и во Балтимор во 2015 поради смртта во притвор на 25 годишниот Фреди Греј - уште еден црнец со криминално досие, кој почина од природна смрт, но наводно бил претепан од страна на полицијата додека бил во притвор - типично за американското "политички коректно" општество, во кое малцинствата се третираат како загрозени видови, а мнозинството како злосторнички агресори.

    Но затоа, од друга страна, кога белец американски граѓанин, како 31 ипол годишната Катрин Стајнл од Калифорнија, која беше ладнокрвно убиена од страна на нелегален имигрант во јули 2015, кој не само што веќе имал криминално досие, туку и бил депортиран надвор од САД дури 5 (ПЕТ) пати, речиси ниту еден од поголемите американски медиуми не објави ништо за нејзиното убиство.

    Е па, покојната Катрин Стајнл беше бела, а не црнкиња или латиноамериканка или муслиманка, а истовремено беше граѓанин на САД, а не нелегален имигрант како нејзиниот убиец, ниту пак имаше криминално досие како нејзиниот убиец или како Трејвон Мартин и Фреди Греј, па затоа немаше ни протести ни немири во Калифорнија поради нејзиното убиство, а осомничениот убиец не е обвинет за ладнокрвно убиство, туку за убиство без предумисла - или со други зборови кажано, обвинет е дека по грешка, а не свесно и намерно, убил некого со оружје кое нелегално го поседувал - што ти е "политичка коректност", појаки и поголеми човекови слободи и права - здравје.

    Повеќе од сигурно е дека нема да има ни во Орегон протести и/или немири поради убиството на тој припадник на цивилната милиција за самоодбрана на Амон Банди, од страна на федералците од ФБИ.

    Интересно, нешто слично трпиме и ние тука на Балканот, а особено во Македонија, каде што едно исклучително малцинство ужива многу поголеми права и привилегии наспроти македонското мнозинство, за кое дискриминацијата е секојдневна реалност, а човековите слободи и права се мисловни именки.
     
    Последно уредено: 1 февруари 2016
    На Beric Dondarrion, Vanlok и Pina им се допаѓа ова.
  13. Raynor

    Raynor Mr.Terrible

    Член од:
    16 април 2014
    Мислења:
    384
    Допаѓања:
    583
    Твојов пост се темели на твој личен bias

    Прво Споредбата на Македонија со Америка, односно со Албанците во Македонија со црнците и мексиканците во УС немаат никаква допирна точка.
    Викаш дека убиството во Фергусон било во самоодбрана, затоа што малиот имаал криминално досие .......... хмммм некако не држи вода, исто како што нема смисла за случајот каде стејт трупер застрела црнец затоа што овој бегаше за да не плати сообракајна казна...или случајот кога двајца бели џандари убија црнец невооружен и му ставија пиштол во рака за да испадне демек бил вооружен...и мал милион други случаи кои можеш да ги видиш на јутјуб кои се секојдневие.

    Е сега контра на ова тврдиш дека човекот БЕЛЕЦ од бандата на Банди бил НЕВИН....Пази богати, зашто невин, зашто е бел??? Да дојдат некоја група од Мариово во Битола и да завземат државни објекти, ти прв со право ке побараш МВР да го реши проблемот и да воведе ред и уставен поредок.
    Не ги оправдувам федералците што го застрелаа,ама сепак повеке ми има смисла да застрелале припадник на вооружена формација, отколку некоја ситна багра која не сака да плати казна за брзо возење...
     
  14. Dexter26

    Dexter26

    Член од:
    24 април 2008
    Мислења:
    4.918
    Допаѓања:
    4.425
    За убиството на Трејвон Мартин во Фергусон имаше судење и судската порота пресуди дека осомничениот за убиството - Џорџ Зимерман - пукал во самоодбрана. Случајот е затворен.

    Случаите кои јас ги спомнав се конкретни случаи каде што ги имаш фактите црно на бело, а јас во ниту еден момент не негирав дека има наместени случаи. Но во случаите кои јас ги спомнав, има конкретни докази дека убиениот Трејвон Мартин и наводно убиениот Фреди Греј, биле луѓе со криминално досие и одеднаш од никаде, ете ти протести и немири.

    А кога нелегален имигрант - кој дури 5 (ПЕТ) пати бил депортиран надвор од САД, убива невооружена жена во Калифорнија, ни п од протести, ни н од немири. Јас само спомнав колку се симптоматични наводниот бес и незадоволство на малцинствата, наспроти молкот на мнозинството, а мислам дека истото важи и за Македонија.

    За сите останати коментари твои, па, доста делуваат на твој пристрасен став, исто како што и ти коментираш за мојот наводно пристрасен став. Како размислуваш ти - е твоја работа, како размислувам јас - е моја работа.
     
  15. Raynor

    Raynor Mr.Terrible

    Член од:
    16 април 2014
    Мислења:
    384
    Допаѓања:
    583
    Јас сум белец во Америка, се чувствувам како припадник на Белата раса, што значи ако сум пристрасен во случајов , тогаш би требало да ги напагам афро американците и хиспаниксите. Ти може да споменуваш неколку случаи,судот решил вака и онака,ама истите тие амерички судови досудија дека прскањето со пестициди врз населени места во Кали е ОК, се додека народ не се поббуни. Јас зборам од моето досегашно искуство овде, од тоа што секојдневно го гледам околу мене, можам мал милион примери да набројам за третманот на Црнците и Латиносите во сите сфери на општеството...
    И за крај, интересен ти е редот каде што се повикуваш на тоа дека е ОК да бидат застрелани бидејки имале криминални досиеа. Како тоа им дава за право на џандарите да стрелаат некого??? Каков е тој закон, Северно Корејски???

    Ова ти е пример од секојдневието



     

Сподели преку: