Лајкни ми ја сликава

  • Креатор на темата Креатор на темата Чај
  • Време на започнување Време на започнување
Немам Facebook и не се ни замарам со тие глупости. Мирна ми е главата.:toe:
 
Па и овдека на форум се дешава иста работа само со тие репутации. Ми стига меил и ми се ценка за репутација. Па морав да се распрашувам тука по членови некои да ми објасни што е работава со репутацијата мож има некоја наградна игра па зашто да не учествувам и јас :)
 
мало сутра.... и да отиде фејсбук во историја мсн-то нема да се врати од таму. има многу по квалитетна замена на пример скајп или јаху месинџер... мсн немам уклучено па добри 5-6 години...
И MSN, и Yahoo Messenger, и Skype се програми за инстант пораки. Зошто би правело разлика ако користиш Yahoo, Google Talk или MSN? Мада Skype си е посебна програма што не може да се сврзува со останатите, али овие не би рекол дека ќе изумрат така лесно.
 
боц, боц...боцни го овега, боцни го онега -ја ги боцкам. Мада боцкањето е нешто као излив на садизам, пофино е лајкањето, посекси
 
Тие што ќе ме напнуваат да им ги лајкувам глупостите најчесто им стискам report :)
 
Сериозно бе кај ги најдувате се нормални луѓе да ви досадуваат лајкни ова лајкни она, кај мене таква работа нема ретко некогаш со некои манијаци се расправам песни што ставаат таму, е и кога гомнарот што јадеше лања нешто таму за предокот мој славен војводата реков: Шо е љања јадење пичка ти матер да ја ебам :icon_lol:. И после тоа манекенката ме откачи од пријател, ама нејзина загуба сега наместо 3456 пријатели има 3455 :baeh:.
 
Ајде ајде ќе изумре и Фејсбуков има време. Само шо тогаш нешто друго ќе испадне:)
 
лајки ми ја сликава.. лајкни ми го кл ипов.. статусот.. незнам ти шо.. ПИШИ МИ КОМЕНТАР ТЕ МОЛАМ !!! и ред други глупости... ова од секогаш го имало не само на фејс него и на времето коа беше пријатели со рејтингот на сликите или незнам ти шо... ај јасно ми е дека има глупи луѓе чија мера е икс на икста!!! едно друго не ми е јасно.. ШТО постигнуваат со тоа? ете на една слика и 10 000 лајк да има или коментари.. шо мислат фаци се? центар пажња или ? стварно не ми е јасно ова и ве замолувам ако некој знае шо е финтава нека ми објасни..

П.С фејсбук би го забранил со закон дефинитивно.. се утупуваат луѓево !!! цел ден пред компиутер дремат нишо незнаат. забораваат на реалниот свет. запоставуваат пријатели РОДНИНИ другари и слично.. мислам дека позабавно би било да проверат што е тоа втор живот (second life).. мислам дека поинтересно ке им биде тоа !!!
 
едно друго не ми е јасно.. ШТО постигнуваат со тоа? ете на една слика и 10 000 лајк да има или коментари.. шо мислат фаци се? центар пажња или ? стварно не ми е јасно ова и ве замолувам ако некој знае шо е финтава нека ми објасни..

Его буст.
 
Никогаш не се замарам со такви глупости, ако навистина нешто ми се свиѓа ќе ставам лајк или ќе коментирам. Стварно не ги разбирам, не може нешто на сите да ни се допадне едно нешто, поради тоа постојат разни вкусови. Не ме интересира ако ми стават сите, само еден или ниеден пријател лајк :toe:
 
Вака.. кога ми даваат линкови од слики и "плс лајк и коммз " -.- многу се нервирам,не оправдувам но сепак им ги лајкнувам , еднаш имам реагирано на едно девојче зарем толку си бедна за лајк да молиш, меѓутоа мислам дека ако ти дадат линк и ти напишат ако може коментар , тоа значи дека доколку сакаш да му коментираш дали е убава,грда, смешна.. сликата и тоа сосема го оправдувам.
 
Одвај чекам да има и копче UNLIKE па да се изнастискам :icon_lol:
Замислете си тогаш молења ееееееј плс стави анлајк на сликава на оваа глупача, идиотка плс плс...


Али коа сме веќе кај муабетов имам нов статус на англиски ми е, па ако може лајкнете ми го. Ќе ви вратам со 10 лајк на слики! Фала сwцки сте!
 
Уште постои ова?
Изглеа неам доволно малолетнички на фб.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom