Баш би сакала да ти помогнам, ама немам Facebook профил. Можам некако поинаку?:uvo:
Туку што да ви кажам ... па вие не знаете колку е убаво да се живее во свет без Фејсбук. Кога ве читам на кои маки сте, навистина ве жалам. Од почеток беше таков гнасен, па гледам уште не се средил. Како воопшто живеете со овие глупости згора на сите нормални проблеми?
Баталете тоа компјутерите и почнете да се наоѓате со вашите изгубени пријатели во живо. Со малку повеќе шетање можно е тоа, знаете? И не, не мислам на викенди полни со алкохол во темни дискотеки. Ќе ви помине животов на едно столче, а нема ни да го забележите тоа.
Се сетив дека имам едно прашање кое немав кому да му го поставам ... што правите кога ќе најдете некој пријател од детство? Продолжувате да конктактирате од време на време со лајкови на фејсбук или тоа го претварате повторно во живо пријателство? Да знам барем дали таа потрага (мака ми е кога сите го објаснуваат своето членство со тоа, ама ај) има добра цел...

:helou: