Се почесто се прашувам, во кој свет живеам јас? Оти мене никој не ме моли? :nesvest:
Колку треба да си очаен, бројките под сликата да ти ја облежуваат вредноста. И колку родителите не гледаат како на ништо страшно, напротив ...
" -Убавата на мајка, види што се ти имаат пишано и плус гледаш што ти кажаа за миничот што ти го купив? Совршено ти стоел!
- Мамо маааааааааа, ја имам само 43 лајк на сликата, а види ја онаа чумата 60 ги начукала. Не е фер!
- Шо си будалче, на малиот прст не може да ти се фати. У сабота ќе одиме у шопинг, само не му кажувај на татко ти. Ааа и не се секирај мајкино, утре на сите колешки ќе и кажам лајк да ти стаат. Од малечка те учам борбена да си, дигни главата. "
Дијалогот е измислен како кратко сценарио како се учат децата на вредности, па после се чудиме од која планета доаѓаме.