La Liga Santander 2016/2023

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
27 јануари 2020
Мислења
238
Поени од реакции
257
Тер-Штеген
Фелипе - Рамос - Хименез
Окампос - Томас - Валверде - Казорла
Меси - Бензема - Суарез

Мојт вака? :icon_lol:
Суарез ништо не напраи сезонава, хименез повреден беше скоро пола сезона
 
Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.125
Поени од реакции
20.991
Куртоа јас не го сакам од х причини знаеш и сам кои се ама не можиме да му ја оспоруваме сезоната, ги гледав оваа сезона Реал доволно за да заклучам дека имаше некои одбрани кои значеа победа буквално.
Заедно со Рамос и Касемиро беа клучни за оваа титула.
Штеген има 38 гола примени, ни под разно не можи да биди овој пред Куртоа, ти реков подобро Облак да си го ставел, ни спасуваше глава оваа сезона на секој натпревар.
Оваа сезона можи само Облак да му парира, во никој случај не можи Тер Штеген, 38 гола прими Барса, некои од нив беа директно по негова вина примени.
Заслуга е и на одбраната ама сепак најмалце гола примил, тие се критериумите.
Ај ај ај, cholismo пуштена на најјако :D :D
Облак и Курто имале одбрани кои значеле победа за Атлетико, односно Реал, а тоа што Барселона ќе завршеше 5та да не беше Тер Штеген ,тоа не се смета :D
Барселона оваа сезона беше составена од Тер Штеген и Меси и чат пат повремени блесоци на некои од другите играчи (Рики, Фати, Де Јонг..)
 
ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
8.844
Поени од реакции
24.280
Е сега претерувате малку со Куртоа... Тоа што Реал прими најмалку голови е заслуга на целата одбрана не само на него. Може имаше подобра сезона и помалку киксови од лани ама едноставно не е подобар голман од Тер Штеген или Облак.
Во ниту еден сегмент Куртоа не е подобар голман од Тер Штеген, за мене лично Тер Штеген е број 1 голман во светот.
Али сезонава, значи СЕЗОНАВА, повторувам уште еднаш СЕ-ЗО-НА-ВА за да биде јасно, Куртоа во Шпанија изгази и комотно може да се вбројува пред Тер Штеген и Облак.
Го освои трофејот Замора за најмалце примени голови и направи Реал да има најдобра одбрана во топ 5 лигите.
Да, пред него можеби има одлична поставеност, ама само човекот со неговите одбрани им донесе значајни бодови на Реал.
Ако гледаме така, да му ги одземеме сите индивидуални награди на Облак и да земеме да го оспоруваме зашто периодот од 2013-2015 Атлетико ја имаше можеби и најдобрата одбрана.
Башка што во тек на сезона Куртоа беше психички во многу лошо место, сам изјави дека има проблеми со анксиозност.
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Оваа сезона можи само Облак да му парира, во никој случај не можи Тер Штеген, 38 гола прими Барса, некои од нив беа директно по негова вина примени.
Заслуга е и на одбраната ама сепак најмалце гола примил, тие се критериумите.
Во ниту еден сегмент Куртоа не е подобар голман од Тер Штеген, за мене лично Тер Штеген е број 1 голман во светот.
Али сезонава, значи СЕЗОНАВА, повторувам уште еднаш СЕ-ЗО-НА-ВА за да биде јасно, Куртоа во Шпанија изгази и комотно може да се вбројува пред Тер Штеген и Облак.
Го освои трофејот Замора за најмалце примени голови и направи Реал да има најдобра одбрана во топ 5 лигите.
Да, пред него можеби има одлична поставеност, ама само човекот со неговите одбрани им донесе значајни бодови на Реал.
Ако гледаме така, да му ги одземеме сите индивидуални награди на Облак и да земеме да го оспоруваме зашто периодот од 2013-2015 Атлетико ја имаше можеби и најдобрата одбрана.
Башка што во тек на сезона Куртоа беше психички во многу лошо место, сам изјави дека има проблеми со анксиозност.

Тер Штеген оваа сезона на моменти буквално ја спасуваше Барса од тешки срамови и со негови одбрани спаси да изгубиме многу бодови. Во таа смисла има многу поголем придонес во тимот отколку Куртоа во Реал. Веќе пишаа и други, Штеген е втор најдобар играч во моментов во Барса после Меси. Значи зборев за импактот што го има во екипата и за квалитетите воопшто. И за мене тој и Облак се најдобри голмани не само во лигата туку и во светот моментално.

Не го негирам трофејот за Куртоа. Точно, тие се критериумите и тука ништо не е спорно. Не е спорно ни дека ова му беше веројатно најдобра сезона. Претходните две во Челзи и Реал беше на моменти страшен киксер.
 
Член од
8 март 2012
Мислења
3.540
Поени од реакции
2.592
Реал оваа сезона нема примено ниту еден гол надвор од 16 метри.(после 1988/89 сезона последен пат).

Реал нема примено гол сезонава од првите екипи на табелата..добро не де првите...втори,трети... :D
 
Последно уредено:
Член од
8 март 2012
Мислења
3.540
Поени од реакции
2.592
Иначе точно е дека ТерШ. веќе 2 -3 сезони им е најдобар играч на барса со Меси, и дека сезонава придонесе да не се на 3-4 место барса, ама овој другио придонесе Реал да се на прво ;)
Nма разлика!
 
Член од
9 мај 2018
Мислења
1.628
Поени од реакции
2.167
Не дека Облак сезонава игра полошо, туку Штеген игра за нијанса подобро. Ако земам во предвид само оваа сезона, за мене Штеген е најдобар голман. Ако земам изминативе 3-4 сезони, тогаш Облак дефинитивно.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
15.145
Поени од реакции
16.659
Никој не спомнал за Депортиво шо се дешавало пред некој ден кога требало да го играат последниот меч со Фуенлабрада, наводно 12 души позитивни имало од Фуенла и откажан беше мечот, Депор дознаа неколку сати пред натпреварот, се жалеа ама џабе.
Аи не знам каква врска има тоа што не се одигра мечот ионака ќе испаднеа и со победа, затоа што не зависеше само од нив.
Поврзано со ова, Тебас најавил оставка, засегнат бил многу со случајот а и мислам дека некој од позитивните фамилија му биле.

Други вести, неколку клубови не го испочитувале протоколот за заштита дури се доигруваше сезоната па им следат казни.

Летисија из Шпаније директно од Мадрид :ROFLMAO:
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.453
Поени од реакции
68.699
@cholismo Не ти се баш најточни податоците :D

Случајот се уште не е решен. Да беше само Депортиво во прашање, со сигурност ќе ја отфрлеа жалбата, но бидејќи се бунат неколку клубови, можно е да биде разгледана жалбата.
Да тргнеме од почеток, фудбалерите на Фуенлабрада уште во петокот дознаваат дека имаат позитивен случај во тимот (еден фудбалер и тројца вработени во клубот). За тоа го известуваат Тебас, а овој решава дека е паметно да се молчи. Инаку, СИНОТ НА ТЕБАС Е АДВОКАТ во Фуенлабрада, па овој договор оди под негова палка.
Одиме понатаму, во ваков случај цел тим треба да оди во карантин според мерките за заштита од коронавирусот во Шпанија. Од Фуенлабрада тоа не го почитуваат, се тестираат, но не седат во карантин. Заболениот фудбалер останува во изолација во Мадрид, а останатите се упатуваат во Ла Коруња. На неколку часа пред натпреварот, добиваат резултати дека уште 4 фудбалери се позитивни. Денеска едниот од нив се онесвестил и бил пренесен во болница.
Од Депортиво дознаваат дека натпреварот е одложен на неколку часа пред истиот. Криењето на информациите е јасно, да не може да се помести цело коло, кое директно решава за опстанок и пласман во плејофот.
При тоа, Фуенлабрада и Тебас јасно ги прекршиле мерките во Шпанија и мора да одговараат пред законот. Во меѓувреме, еден од новозаболените фудбалери имал ручек со фудбалер на Расинг Сантандер, што исто така е против поравилата, бидејќи по рестартот на првенството, било решено фудбалерите да бидат во карантини (за ова не сум 100% сигурен).

Мечевите завршија како што завршија, Депортиво отпадна, но ја пропушти шансата да внесе притисок врз конкурентите со евентуално водство. Нумансија исто така отпадна, а Елче и Рајо Ваљекано одиграа пред својот ривал Фуенлабрада на кои им треба победа со Депортиво за прво место. Натпреварот морало да се одигра, а како, господ знае. Денес имало неколку нови позитивни случаи во Фуенлабрада. Со нивната дебилна одлука, сите си се ставиле во ризик, а на ризик ги ставиле и сите вработени на Риазор. Во моментов се во карантин, во хотел во Ла Коруња.

Елче, Рајо, Депортиво и Нумансија бараа преигрување на цело коло, но тоа беше експресно отфрлено. Новиот предлог е дека и Елче и Рајо ќе бидат внесени во плејофот, кој би имал 6 екипи, слично како во Чемпионшип, а Нумансија и Депортиво да останат во лигата, која наредна година би имала 24 тимови (исто како Чемпионшип).
Сепак, скептичен сум дека ќе видиме вакво сценарио. Мислам дека под притисок од јавноста Тебас ќе го реши мечот со службена победа на Депор, на тој начин ќе ја казнат Фуенлабрада.

Само за потсетување, овие гнасиве од Фуенлабрада, бараа Депортиво Б да биде исклучен од плејофот за Сегунда, затоа што истата година првиот тим на Депортиво испадна во Сегунда. Им ја скрати можноста на младите фудбалери да го одиграат баражот. Многу подобро ќе беше да се одиграат сите баражи, па ако Депортиво Б дојдеше во завршниот меч, нивниот противник безразлика на исходот да одеше во погорна лига.

Депортиво често има жалби на некои одлуки, но ниту една нема вродено со плод. Покрај смешните пенали и црвени картони досудени против Депортиво, еден од клучните моменти од тоа клубот да дојде на ова дереџе е еден наместен натпревар на Сарагоса во првата година кога отпадна Депор (2011 ако не се лажам). Судот пресуди дека мечот бил наместен, но Депортиво не доби никаква оштета иако тој дуел директно влијаеше на првото испаѓање и распадот на екипата. Тука е и убиството на навивачот на Депортиво од страна нна Френте Атлети, кое заврши со минорни пресуди. Проблемот е политичката идеологија на навивачите на Депортиво, кои се левоориентирани, во традиционално десничарската Шпанија.
 
И сега шо ќе се случи со Фуенлабрада ?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom