Љубов супер, секс - за никаде ?

  • Креатор на темата Креатор на темата ThA-BiTcH
  • Време на започнување Време на започнување
Зависи од дефиницијата за "добар секс".....мене не ми е логично па сеа....
 
Ви се случила оваа ситуација?Партнерот ви е многу драг но едноставно сексот не е тоа тоа.Некои ќе се надеваат дека ќе биде подобро,некои ќе прекинат,некои ќе си најдат швалер,некои ќе си останат незадоволени и ќе се потсеќаат како било со бившиот,а Вие што ќе направите?
 
Би разговарале отворено , би пробале прво можно решение па ако сеуште не бива..Ќе останеме само добри пријатели (се надевам)
 
Ви се случила оваа ситуација?Партнерот ви е многу драг но едноставно сексот не е тоа тоа.Некои ќе се надеваат дека ќе биде подобро,некои ќе прекинат,некои ќе си најдат швалер,некои ќе си останат незадоволени и ќе се потсеќаат како било со бившиот,а Вие што ќе направите?

Ќе дадам време, ако не бива ќе си фатам швалерка...и нај на крај пак ако не бива, ќе си одам...ако сексот го нема (а претежно лошиот секс го сваќам како ич секс), се губи блискоста, се губи интимата, се губи на крај и светоста на таа заедница во која си вложил многу од себе...
 
Можно ли е една врска, каде што има љубов, разбирање, пријателство, и се тоа нели супер да е, само сексот да е за никаде, како што рече Сторм бљак, да опстане?
Што мислите вие?

моето мислење е дека неможе, затоа што ако лепотициве осетат промаја, може многу лесно да се настинат, или слично на онаа...кога сиромаштијата тропа на врата+љубовта бега низ прозорецот...да резимираме...ако нема пари и пристоен секс, врската нема да опстои, ама секако по вина на приемачките.:drk:
 
Кога не иде - не иде, а љубов без секс... Хммм... :icon_lol:
И нема чекање да се подобри, надеж дека ќе се „усогласите“ кад тад (како ќе се усогласиме во лошиот секс??) итн... Пробано, не успева. Додуша немав многу трпение, ама сепак... :)
 
I agree.
Не бива врската, џабе е мачење.
Нема: „Ќе пробаме пак, ќе се обидиме и ќе ни биде поубаво“.
Ако не функционира сексот, не функционира. Нема тука никакви филозофии или дефиниции.
Нема поправање, нема шаблони, нема договарање.
 
ме интересира дали тоа би значело дека, сексот ви е поважен од љубовта во врските, или кажувате нешто под моментална импресија што од темава, што од недостаток на секс(квалитетен):pos2:
 
ме интересира дали тоа би значело дека, сексот ви е поважен од љубовта во врските, или кажувате нешто под моментална импресија што од темава, што од недостаток на секс(квалитетен):pos2:

Не можам да ги раздвојам да ти кажам право, двете ствари. Како... Дали верувам дека може да има љубов ако нема секс меѓу двајца возрасни, здравонормални особи? Не, не мислам дека може.. Може да има симпатии, затрескувања, шмекања, палења... Ама љубов? Хмз, не.
 
Не мислам дека може да опстане, зашто сепак потребите се посилни од сите нас...А ако си среќник сето тоа да ти се спакува во едно, ти си среќен човек! :)
 
сексот и љубовта, немаат благе везе со среката и чуството да си срекен:helou:

вака сеа, малце некои постови ми се чудни зашто убеден сум дека асално зацапана цура не и треба многу да и се погоди сексот врската и се тоа, пошо викаат дека коа се појаки емоциите појак е и сексот, шознам...шо викате вие на ова сеа...
 
Или јас не сум била асално зацапана или ти си погрешно убеден. Сексот нема врска со емоциите. Може одличен секс без емоции да има.
 
Звиси како кај кого. Кај мене неможе без емоции!

Можно ли е една врска, каде што има љубов, разбирање, пријателство, и се тоа нели супер да е, само сексот да е за никаде, како што рече Сторм бљак, да опстане?
Што мислите вие?

Може - и треба да опстане!

Ко разуме, схватиќе.
 
I agree.
Не бива врската, џабе е мачење.
Нема: „Ќе пробаме пак, ќе се обидиме и ќе ни биде поубаво“.
Ако не функционира сексот, не функционира. Нема тука никакви филозофии или дефиниции.
Нема поправање, нема шаблони, нема договарање.

Kaj e тука делот на "секојдневно меѓусебно запознавање и (ре)откривање на партнерот" со цел: создавање на поголема блискост, комуникација која ќе ги унапреди сите односи, па и сексуалните?

Ако си ти во право, тогаш нити една искусна девојка не може да стапи во врска со невино момче - и вице-верса - по логична претпоставка дека никој неискусен (или сексуален аматер, тоест апсолутен почетник) не може да ја владее хипотетички универзалната техника на водење на љубов со која на некој начин ќе му "паше" (на хрватски) на партнерот (освен ако не веруваш во она: "Moжда знам да свирам на флејта...никогаш не сум пробал/а").
Како додаток, со ова тврдење ги рушиш нашите прекрасни сексуално-љубовно-културолошки традиции кои инсистирале на транспарентно објавување на бел чаршав со црвена флека после првата брачна ноќ на младожењата и домаќинката...

Тешки зборови Тамарче :back:
 
Тешко до толку да се заљубам во него ако сексот е за никаде. И обратно: тешко да е сексот за никаде, ако до толку сум заљубена во него.

Како и да е, физичката и емотивната страна на врската се неразделиви, кога постои само едното, сликата не е комплетна, барем не на подолгорочни стази.
Не верувам дека врска со некој со кого сме тотално некомпатибилни (или он е лош :icon_lol: ) во кревет ќе трае долго. Дури и да е се` останато во ред, ако ова, една од најважните работи, не чини- се друго паѓа во вода.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom