Полска и Шведска изјавуваат дека не сакаат да играат со Русија во баражите за СП.
Ќе биде интересно дали ќе бојкотираат или не и како ФИФА ќе постапи. Ова не е Евровизија, па кој како сака да биде санкциониран. ФИФА е аполитички субјект (бар на хартија), а претходно го казни Зимбабве за мешање на политиката во федерацијата. Ако Полска и Шведска одбиваат да играат во баражот, тогаш тие би требало да бидат казнети од ФИФА.
Колку и да е страшно и погрешно тоа што Русија го прави со Украина, не треба руските спортисти, музичари, уметници и научници да бидат лишани и етикетирани надвор од Русија. Ако ФИФА направи таква глупост со Русија, тогаш прашањето е дали ФИФА истото ќе го стори и со Саудиска Арабија (која моментално го гранатира Јемен) и САД.