Квалификации за СВЕТСКО ПРВЕНСТВО 2022

  • Креатор на темата Креатор на темата dragonsky
  • Време на започнување Време на започнување
Ај нека се паднат со нас, па да го видам твојот Жоргињо, да му е*ам тоа глистата рахитична!
Јасно ни е нас дека сите други се виновни, само Жоргињо не е, ама олабави малку, ги изеде човекот, здравјето им го зема на пола Итаљани.


Господ да не даде. :pos:
 
Зборам за помодернава ера на фудбалов, иначе ако копаме подлабоко и други ќе излезат сигурно, не само овие двајца, претерано е да се каже дека само овие отскокнувале.

На добар пат сум да ја сјебам темава. :)

Ти ја разбрав поентата, но викам чек да си кажам што мислам...

Не знам за назад, но за од распаѓањето на СФРЈ до денес, сум правел анализи и сум се расправал со неколку луѓе и овие двајца ако се земе фудбалско знаење, влијание во екипата, успесите колективни и индивидуални се изнад другите.

Бобан, Мијатовиќ, Шукер, Пандев, Видиќ и еден куп други квалитетни фудбалери, се испод овие двајца.

Иако доста неблагодарни се овие теми, затоа околу различни рангирања се водат најмногу дискусии без да има "победник".
 
Најјака анегдота ми е кога Савичевиќ закрвил со Капело у Милан, и нели ко секој втор балканец, не тренирал, се занесувал, се глупирал, јазик ни малце да се потруди да научи и како преведувач му служел Ѕвонимир Бобан. Еднаш се скарале јако и во недостиг на аргументи Дејо му рекол на Бобан, реци му да му јебем матер, на Бобан му било срам и страв да го преведе тоа па го прелажал нешто Дејо и ја однеле дискусијата сосема друг правец каде на крај секако Савичевиќ го јадел курот.

Иначе да, секогаш кога ќе начекам некој повозрасен лик што активно следел фудбал тој период 80-90те години во Југославија го распрашувам за фудбалери и сите, ама буквално сите го ставаат Савичевиќ на врвот. Невиден фудбалер, ова Меси што го игра, тоа Дејан го доминирал пред 25-30 години.
 
Ili ponovite generacii sto go znaat od edno od polegendarnite intervjua na ovie prostori, no mozebi i posiroko

Нема појако видео!
Како К-15 скеч е, дава интервју, во одреден момент се убацува некој у позадина "ти си говноо" и братов му кара се најмило у наредни 45 секунди, за после тоа да продолжи најнормално како ништо да не се случило, да си дава интервју. :D
 
Иначе да, секогаш кога ќе начекам некој повозрасен лик што активно следел фудбал тој период 80-90те години во Југославија го распрашувам за фудбалери и сите, ама буквално сите го ставаат Савичевиќ на врвот. Невиден фудбалер, ова Меси што го игра, тоа Дејан го доминирал пред 25-30 години.

Кога сме кај осумдесетите, тие што тогаш прателе, често велат за Сафет Сушиќ Папе дека е најдобар југословенски фудбалер.
 
По сите објективни мерки како трофеи, индувидуални награди,репрезентативен успех, долговечност, светска слава и др. најголем е Модриќ. Тек после следат другите.
 
Ај нека се паднат со нас, па да го видам твојот Жоргињо, да му е*ам тоа глистата рахитична!
Јасно ни е нас дека сите други се виновни, само Жоргињо не е, ама олабави малку, ги изеде човекот, здравјето им го зема на пола Итаљани.

Ако се паднат со нас и ако игра Ашковски, има подот со него да го избрише. :vozbud: :zloo:
 
Види го Ван Гал, немилосрдно прави муабет на Сажемот со својот помошник, едноставно го упропасти телефонот до сеа.
 
Малце да ѕирнеме како е по другите континенти... Уругвај само што загуби 3-0 од Боливија. Во очајна форма се, воопшто нема да е чудно да не се пласираат на СП. До крај во Јужна Америка ќе биде калакурница како што изгледа, ќе има изедначена борба за од трето до петто место.

Во Африка завршија денес групите. Останаа десет репрезентации кои ќе играат во финален плеј оф, петте победници се пласираат на СП: Алжир, Тунис, Нигерија, Камерун, Мали, Египет, Гана*, Сенегал, Мароко и ДР Конго*.

*Јужна Африка и Бенин поднеле жалби до ФИФА. ЈАР бара да се преигра мечот со Гана пошто имало судиски неправди. Бенин бара нивната со ДР Конго да ја добијат службено 3-0 пошто овие збркале нешто со измените. (африкански квалификации како македонски избори) :D
 
Кога сме кај осумдесетите, тие што тогаш прателе, често велат за Сафет Сушиќ Папе дека е најдобар југословенски фудбалер.
У времето за кое он збори, Пикси го рачунаа за најбољи, па после Савичевиќ.
Тоа ти што го збориш, се рани осумдести и не знам баш дали Сушиќ беше најбољи.
 
Уругвај само што загуби 3-0 од Боливија. Во очајна форма се, воопшто нема да е чудно да не се пласираат на СП. До крај во Јужна Америка ќе биде калакурница како што изгледа, ќе има изедначена борба за од трето до петто место.
Греота е ваков неславен крај да има Оскар Табарез, не заслужува Уругвај да остане без Светско првенство.
 
Во Африка завршија денес групите. Останаа десет репрезентации кои ќе играат во финален плеј оф, петте победници се пласираат на СП: Алжир, Тунис, Нигерија, Камерун, Мали, Египет, Гана*, Сенегал, Мароко и ДР Конго*.
Горе долу едни исти екипи претендираат. 2006 беше раритет со Того, Ангола, Гана, Брегот на Слоновата Коска. :D Убаво би било да се паднат Мали против ДР Конго, па да биде мало освежување на СП. Мали нон-стоп е блиску, ама никако да се пласира. Можеби овој пат ќе им успее.
А на тој Тунис нека му падне Алжир или Мароко, па да испадне.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom