И јас од постари шо имам слушано Пикси и Просинечки од таа генерација, најдолги кариери во прајм и најконстантни, да Дејан бил права поезија и најдобар за око ама многу неозбилен и имал 4-5 сезони макс на врвно ниво, нешто како Роналдињо во поновава доба.
Ете проверете ги стартните постави на Југославија од тој период на светско/европско во сите Пикси игра прва постава и носи број 10.
Просинечки ти е пример за неозбилен фудбалер, бетер е од Савичевиќ.
А за Просинечки се збори толку, затоа што е одличен дриблер, народ тоа сака.

Одличен фудбалер, но ако збориме за кариери, тогаш Савичевиќ е за копје пред него.
Овие што играле во деведесетите доста сум ги гледал, но еве и тогаш ако сум бил мал и подоцна сум гледал снимки од нивни натпревари. И по мене Савичевиќ е подобар.
Е сега, ние не може да се сложиме за Роналдо и Меси, чии кариери ги пратиме интензивно веќе две децении, камоли за овие од порано.
Не заборавајте дека во главно и тие што тогаш биле повозрасни, па и новинари и тренери, повеќето ги коментираат на основа на натпреварите во југословенска лига и првин југословенската и по распадот другите репрезентации.
Немало баш преноси како денес.
Ако си правел со постари муабет ке слушнеш имиња како Рајко Митиќ, Драган Џајиќ, Владимир Петровиќ, Душан Савиќ... споредувате баби и жаби, не може тој фудбал да се споредува со овој денес, сите што ги набројавте во своето време биле најдобри.
Ги знам сите овие, како и сите побитни, па и не толку битни моменти поврзани со југословенскиот фудбал. Играчи, значајни тренери, за кои сум бил изненаден каков придонес дале за фудбалот работејќи во клубовите ширум Европа. Без да гуглам ќе ти набројам единаесет од шампионската генерација на Динамо под Ќиро и за повеќето од нив кратка биографија, знам што значи натпреварот на Жељезничар со Видеотон и милион други работи.
И да, ЦЗ е најголем фудбалски клуб во Источна Европа, но има и фудбал и на друго место, си набројал само нивни фудбалери.
Што се однесува до споредувањето... Точно е дека фудбалот е доста променет, но не е толку невозможно да се прават споредби, па ист спорт е. Нека е сменет колку сака фудбалот, но талентот, реализираноста, успесите и кариерата остануваат. Не може од Модриќ да бидат подобри Матиќ или Станковиќ или некој друг играч од среден ред од екс ју.
Дедо ми Сушиќ од уста не го вади 90% од времето исто и Просинечки и Писки Али за првиот вели себичен ама кога му се играше фудбал беше незапирлив.
И многу поранешни фудбалери и тренери го посочуваат како најдобар југословенски фудбалер. Нормално дека нема и не може да има консензус, а искрено не е ни важно.
Има клипчиња на јутјуб, особено од времето додека играл во ПСЖ.