Квалификации за СВЕТСКО ПРВЕНСТВО 2022

  • Креатор на темата Креатор на темата dragonsky
  • Време на започнување Време на започнување
Хрватите не се жалеа и плачеа дека теренот им беше како нива во Пелагонија и тежок за играње? Во 2007 имаше плачки и жалопојки кога изгубија во Скопје со 2-0.
 
Сплит и Пољуд, Далмација, се нешто посебно, кога станува збор за фудбал. По мене нема место на планетава каде поемотивно и со поголема љубов се доживува фудбалот, пред се Хајдук, а и репрезентација.

Иначе, вчера Португалија каква наклонетост имаа од судиите и пак беа млитави, слаби. Секоја одлука идеше во нивна полза. Прво голот беше чист фаул. После, секој контакт дури и допир, им беше досуден фаул, а на на србите не. Неколку корни не им беа судени на србите, а се гледаше дека топката се одбива од португалците и менува правец. Не беа тоа некои ситни допири тешки за приметување па да речеш ајде, човечко око не може да примети.

Шо да немаше наклонетост Португалија...Јувенташот Орсато судеше....класичен судија за помагање на јаките екипи...тој си е навикнат во Италија да стрижи и му дојде тука како нормално.
 
Ова не ми личеше на пенал за Англија. Прв пат ги гледам Сан Марино во овие бои.
 
Сега нека се паднат Португалија и Италија во иста бараж група :)
 
Срамота е ова што го игра Италија после Европсково. Огромен пад во играта имаат.
 
Ауу после Европското ова да им се деси на Италијанците. :facepalm: Која катастрофа ќе биде за нив да пропуштат второ СП по ред. На Жоржињо има пасошот да му го земат ради промашениот пенал.
 
Жоржињо со два промашени пенали против Швајцарија ги прати Италија во плејоф.
Ова денес беше еднакво на оној натпреварон против Шведска во плејофот за СП 2018. Уште 90 минути да играа немаше да дадат гол. На крај Бонучи од гол линија ја извади ма да небитно за пласман ќе беше и да влезеше.
 
Ауу после Европското ова да им се деси на Италијанците. :facepalm: Која катастрофа ќе биде за нив да пропуштат второ СП по ред. На Жоржињо има пасошот да му го земат ради промашениот пенал.
На двете со Швајцарија утна пенал.
Да не се занемари фактот дека изиграа мртво, неможеа Бугарија да ја победат дома.
 
Уште и Жабарите ни фалеа во баражот.

Не знам кого би избрал, дали квалитетни и незгодни Швајцарци или Италијанците кои се под притисок.

Секако дека Италија има поголем квалитет, но мислам дека Швајцарците не ни одговараат.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom