Купување преку интернет (генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Josifoskii
  • Време на започнување Време на започнување
Последните 3-4 пратки ми беа со број за следење ама од Македонска пошта за нив познати причини неможеше да се следат.
Сите ми пристигнаа и ги известив продавачите дека ми пристигнале на што сите ми дадоа позитивни мислења со напомена ,,thanks,correct ebayer and honest!!"

Прв пат во мојата историја 01-11-2014 ми беше пратен пакет без број за следење а продавачот ме извести дека пакетот ќе ми пристигне за две недели.
Пакетот пристигна во Македонија на 05-12-2014 ама во меѓувреме продавачот ми ги врати парите.
Дали имал некој вакво искуство и дали да пријавам дека пакетот сум го добил?
 
Ништо уживај си, твоја среќа е. Ова ти доаѓа како гратис пратка. Не си ти крив што имало технички пречки и ти доцнел малку повеќе. Чим веќе продавачот ти ги вратил парите завршена е приказната :) Oва често се случува со aliexpress.
 
Nekoja web prodavnica koja ima realen shipping za MK (kako trotec na primer) kade moze da se kupat na primer uredi za odvlaznuvanje i sl so cena okolu 100 evra.
 
Последните 3-4 пратки ми беа со број за следење ама од Македонска пошта за нив познати причини неможеше да се следат.
Сите ми пристигнаа и ги известив продавачите дека ми пристигнале на што сите ми дадоа позитивни мислења со напомена ,,thanks,correct ebayer and honest!!"

Прв пат во мојата историја 01-11-2014 ми беше пратен пакет без број за следење а продавачот ме извести дека пакетот ќе ми пристигне за две недели.
Пакетот пристигна во Македонија на 05-12-2014 ама во меѓувреме продавачот ми ги врати парите.
Дали имал некој вакво искуство и дали да пријавам дека пакетот сум го добил?
Во ваков случај јас секогаш го контактирам продавачот и му ја уплаќам сумата, затоа што не е виновен продавачот затоа што поштата доцни со испорака.
Се работи за чесност.
Како ќе направиш ти, останува на тебе.
 
Како да го направам тоа?До сега не сум имал ваква ситуација
Се работи за сума од 60 тина евра ама кога би бил во негова положба секако дека би ми било криво за загубата.
 
Последно уредено:

Па на contact seller, кај што ти е нарачката, а после тој ќе ти каже како да уплатиш.
 
Решен проблем со тоа што го контактирав по меил и се договоривме за истата сума да купам нешто друго без обврска да ми го испрати за по одреден интервал во рок од 15 тина дена да му дадам позитивно мислење.
Патем многу ми се заблагодари и вели дека вакви случаеви ретко се случувале.
 
Ми стигна известување од царина дека ми е пристигната пратка и ми бараат да доставам
1. фактура/сметка/документ за вредност на стока
2. лекарски рецепт/потврда/медицинска белешка
3. друго _______
така се наведени по ред, постапката треба да ја извршам во рок од 10 дена.

Сега каде треба да се обратам да доставам фактура и дали треба и лекарски рецепт да доставам или само фактура е доволно?
 
На самото известување има прој на предмет и меилт каде да ги испратиш документите па ф-рата и извод од банка заедно со бројот на предметот ќе ги испрати на посочениот меил
 
Дечки, искуства да споделете со поштаринава кога се купува мобилен телефон преку интернет???
 
Прво, купување од алиекспрес ти е ризично, особено refurbished телефони.
Второ, ако ти го отворат кај нас ќе си платиш +18 % ддв плус нешто ситно поштарина
Трето, никако нарачување преку DHL
Има уште доста ако сакаш контактирај ме по пп, што телефон планираш да земаш и од каде ќе ти ускокнам со некој совет
 
Дечки, искуства да споделете со поштаринава кога се купува мобилен телефон преку интернет???

Само ддв се плаќа 18% и друго ништо. Можи и да помини без царина, мене ме царинија имав порачано од Алиекспрес и телефонот е стакло, оригинал и нов. Само треба пазење.
 
Дечки да препорачате страна купување на делови за компјутер од интернет. Ми треба ДДР 1 РАМ 1 плочка, а ако има 2гб би зел 2гб да го убрзам стариот компјутер малку1417362540909.jpg
лоша е сликата али ваков ми треба, во анхоч не беа сигурни али околу 1300 денари биле од 1гб.
http://www.aliexpress.com/item/Free...IN-DDR400-AMD-Wholesale-price/1922500784.html тука гледам по 12 долари отприлика се, па поисплатливо ми е али незнам квалитетот каков им е. Помош околу ова.

П.С дали има страна некоја каде што сте сретнале плаќање со Скрил бидејќи имам пари кои ги ставив по грешка со нон гемблинг ( а за кладилница на нет ми требаа) и сега да ги повлечам доста провизија ми бега на истите, па да си купам нешто со нив :)
 
Здраво на сите! Би сакал да ве прашам нешто накратко. Едноставно е.

Сакам да порачам рачен часновик од Amazon и вкупната цена со shipping ми испаѓа 162$ (8000 МКД). Дали некој знае случајно како би пресметал колку давачки ќе имам, или од прилика колку ќе имам кога ќе ми стаса?

Гледав во тоа ценовниците али не можев да се снајдам.

Фала!
 
Колку е цената само на часовникот без Шипинг ? На таа цена 18 посто ддв доколку ја пишува цената на пакетот ако не ќе поминеш без ништо .....
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom