Крушево етно град

  • Креатор на темата Креатор на темата rossonerka
  • Време на започнување Време на започнување
Па си викам дека има повеќе ама не е баш многу забележително ама барем се случува нешто во градот, секако дека ќе се подобри во наредните години еве утре ми кажаа дека ќе иделе од би би си да снимаат. Само пак ќе речам ако сакаме да биди се како шо треба мора да се внимава на овие детали и да не се облекуваат деца од по 7 8 години, знајме дека нив парите му се најпотребни ама сепак за ваков проект треба професионализмот да биди на прво место.



Не знам дали нема да се брукаме јави се во хотелите и прашај шо ќе му понудат, неќам да навредувам никој и да си плукам по градот ама мислам дека уште не сме спремни да пречекаме такви елитни гости. За хотел најдобар се знае е Монтана и внатре е многу добро уреден ама за услугата не гарантирам. А ако сака да се одмори во супер природа со најчист воздух, убава глетка на природата а да не му е толку важна услугата тогаш нека иди.

Зошто да се брукаме...
И што значи елитен туризам...
За некој е елитно да дојде во еден град зад кој стои огромна историја , многу културни споменици, и во кој патем има манифестација преку која може подобро да се запознае со историјата на Македонија..
Монтана како што викат е реновирана а има и кралски апартман ако му е дојдено толку до елитен туризам...
А јас впрочем невидов дека некаде е наведено дека човекот сака елитен туризам..
 
За хотел најдобар се знае е Монтана и внатре е многу добро уреден ама за услугата не гарантирам. А ако сака да се одмори во супер природа со најчист воздух, убава глетка на природата а да не му е толку важна услугата тогаш нека иди.


1. тој меѓу монтана и панорама што се реновираше кога последен пат бев таму пред 2 зими - не е направен?

2. дали ќе трае и на 7 и 8ми август?
 
до кога ќе трае?

имам соработник еден србин од Белград кој ќе оди на 7ми август за јонските острови на одмор. за да не му се фати многу возење, сака да спие некаде по пат, па јас му предложив во македонија. дали да му препорачам да спие 2 дена во крушево? (нема да се брукаме?)

каде да резервира?


http://www.montana.com.mk/

Мислам дека сега за сега е најдобра опција...
Препоставувајки дека на човек кој оди на јонските острови парите не му се пресудни...

1. тој меѓу монтана и панорама што се реновираше кога последен пат бев таму пред 2 зими - не е направен?

2. дали ќе трае и на 7 и 8ми август?


2.Колку што разбрав до 15 Август
 
1. тој меѓу монтана и панорама што се реновираше кога последен пат бев таму пред 2 зими - не е направен?

2. дали ќе трае и на 7 и 8ми август?


1. Илинден се вика хотелот уште се реновира, мислам дека не е уште пуштен во работа ама ако те интересира ќе се распрашам оти не сум сигурен.

2. Ќе трае барем до кај 10 ти август по моја логика ако не и повеќе.
 
Еве тука има некој податоци за хотелот илинден.

http://www.kralemarko.org.mk/?ItemID=F81F179744950E4495A3E2AE75902D41

А еве и 3д симулација:




На страната пишува дека на почетокот на Август се планира отварање но како и повеќето работи кај нас подобро е некој на лицеместо да се распраша...
И ако навистина излезе како што се планира навистина може да очекуваме препородба на Крушево во наредните години...
Малиот град со големо срце навистина тоа го заслужи...
И за тоа треба сите ние да придонесеме...
Алек 34 е добар пример за конкретен придонес....

И уште нешто за Крушево:

„Тие се надеваат дека првите гости кои ќе го исполнат хотелот ќе бидат токму многубројните љубители на екстремните спортови, кои од 3 до 9 август ќе учествуваат на Светскиот куп во параглајдинг.„


Дали некој знае нешто за овој параглајдинг куп???
 
Лани имаше и светско првенство ама никој не разбра, тоа е проблемот фали реклама. А погоре не сум го прочитал твојот пост за елитен туризам. Тоа значи да не бара корпа за отпадоци 30 мин, кога ќе оди по пат да не стравува за својот живот ако го нападнат едно 20 кучиња во сезона за парење. Во кафич да не се поти како свиња зошто нема ни еден климатизер и единствена вентилација е пенџерето. Далеку е Крушево од туризам и тоа многу далеку. Историјата и убавината ја има ама младите луѓе освен историја ги интересира и ноќен живот излегување итн.
 
Проектот е одличен,а треба да се воведат и реконструкции на битки и сл.

Според мене нешто слично треба да се примени и во Прилеп за Пивофестот. Да служат келнери и келнерки во народна носија!!!

Прилеп и Крушево се многу блиску,35 км. и сметам дека треба заеднички да настапуваат и да се рекламираат !!! Да се врзи ПИВОФЕСТ со Крушево-Етноград и 10 дена Крушевска Република!!! странците ко че дојда да има зошто подолго да остана, 3-4 дена Прилеп, 3-4 дена Крушево со интензивни екскурзии на бројните историско-културно-археолошки локалитети во двата града и тоа не со возила туку со магариња!!!

Само тоа не спасува на туристички план, оти реално немаме капацитети да се споредуваме со Грција или Хрватска во класичниот туризам!!!
 
Луѓе дај кажувајте кај нудат приватен смештај во Крушево....само колку за на 2ри вечерта да преспиеме ни треба....и по можност дво креветна соба!!!
 
Луѓе дај кажувајте кај нудат приватен смештај во Крушево....само колку за на 2ри вечерта да преспиеме ни треба....и по можност дво креветна соба!!!
Ај брат ќе прашам јас денес низ град ќе видам шо е како е... до кај колку пари бараш? :)
 
Одлична идеја ова со етно градов.Па нека се развие туристички и остатокот од МК,а не само Охрид и Струга.
 
Ај брат ќе прашам јас денес низ град ќе видам шо е како е... до кај колку пари бараш? :)
Абе шо знам шо да ти речам....па негде околу 200 -250 .....оти мене не ми треба сателитска и клима у собата :)....а гледам и на пазар3 издаваат соби по 300ден просек...ама тие се ептен опремени!

п.с брат ако ми завршиш работа имаш пиво од мене!
 
Абе шо знам шо да ти речам....па негде околу 200 -250 .....оти мене не ми треба сателитска и клима у собата :)....а гледам и на пазар3 издаваат соби по 300ден просек...ама тие се ептен опремени!

п.с брат ако ми завршиш работа имаш пиво од мене!
Тешко да дај некој соба само за една вечер... ама ќе се потрудам до утре најкасно да најдам нешто :)
 
Одлична идеја ова со етно градов.Па нека се развие туристички и остатокот од МК,а не само Охрид и Струга.

Стварно, ова е супер начин да се афирмира и Крушево. А бидејќи навистина има богата историја со која може да се пофали... Супер идеја, да се надеваме и реализацијата ќе продолжи со исто темпо..
Браво - само напред !! :helou:
 
Многу добра репортажа, многу ми се допадна. Догодина помасовно нека биде !!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom