Крушево етно град

  • Креатор на темата Креатор на темата rossonerka
  • Време на започнување Време на започнување

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Крушево на 19. јули ќе се врати во 1903-та. Започнува проектот „Крушево етно град“. Луѓето ќе бидат облечени во Турци, комити и во староградски носии, ќе се организираат симулирани борби, целиот амбиент ќе биде како пред 100 години.

Како можност за промовирање на летна туристичка сезона во Крушево, целиот град е вклучен во проектот. 50 жени веќе ги изработуваат облеките во нивните домови. Вакви турски и комитски униформи треба да се изработат околу 250. Угостителските објекти веќе го смениле амбиентот во етно стил.

Планирано е проектот да трае повеќе од еден месец и да стане традиционален.
Со ова Крушево ќе биде првиот етно град на Балканот, но воошпто и во Европа.

krusevo-etno.jpg

Браво за проектов, кој е идеја на Факултетот за туризам во Скопје и се надевам дека ќе биде успешен. Под успешен подразбирам дека ќе привлече многу туристи и дека ќе стане традиционалност, a не се сомневам дека крушевчани ќе го претстават проектот во најдобро светло и дека ќе се добри домаќини :)
 
Само да го сфатат озбилно и да го изведат професионално со сите детали. И се разбира да веруваат во сето тоа. Резултатите ќе дојдат. Само напред!
 
Проектов е одличен, се надевам на успешна реализација од домаќините крушевчани, бидејќи Крушево ги има сите предуслови за развој на етно-туризмот кој се надевам ќе стане традиција и ќе се прошири и во другите македонски градови и села.

П.С. Мора да го посетам Крушево за време на деновите на Крушевската Република!
 
убо ке живни градчето некако почна да ми личи како да умира малце по малце луѓето почнаја да се иселуваат вака барем да се задржат тие шо се останати
 
Eве неколку слики од Крушево :)

krusevo%5B2%5D.jpg

cetiri.jpg

CAA2B66808077D44A578C51A4588D89F.jpg

krusevo%5B3%5D.jpg

getImageThumbnail.php
 
Ти беше таму росонерка?

И дај бе луѓе бил ли некој воопште да види како се одвиват работите??

Се шо знаеме е од медиуми...

А и Крушевчани изгледа многу се зафатени ги нема да напишат некој збор два за овој проект и како е се одвиват работите до сега...
 
Не бев, ова се слики од весници.

Планирам да одам месецов во Крушево, се надевам ќе успеам до 20ти август да отидам дека до тогаш ќе трае овој етно град годинава.
Вака по слики и на телевизија ми изгледа многу интересно. Нешто поразлично, оригинално и можност за привлекување на туристи и во текот на летната сезона :)
 
Верувај до сега уште не сум контактирал некој што бил...
Во секој случај вреди да се оди и да се подржи проектот ...
Мислам дека ќе трае до 15 а не до 20ти Август...
 
Јас сум од Крушево убав е проектот барем луѓе низ град се врткат иначе само кучиња имаше. Само не ме бендисува тоа што турците и комитите седат заедно на кафе, жените се облечени во свилени фустани со шешири и ладала како во Париз да сме а не во Крушево. Турците се облечени како работници некој со црвена некој со виолетова капа а некој и без капа. Комитите се одличо облечени. Пушките му се како лајци за мешање ајвар. Во глобала е добро ама можеше и попрофесионално да биди.
 
сепак ова е почеток од година во година ке бидат поспремни со самото омасовување на манифестацијата да се надеваме
 
Јас сум од Крушево убав е проектот барем луѓе низ град се врткат иначе само кучиња имаше. Само не ме бендисува тоа што турците и комитите седат заедно на кафе, жените се облечени во свилени фустани со шешири и ладала како во Париз да сме а не во Крушево. Турците се облечени како работници некој со црвена некој со виолетова капа а некој и без капа. Комитите се одличо облечени. Пушките му се како лајци за мешање ајвар. Во глобала е добро ама можеше и попрофесионално да биди.

Ова е само почеток на проектот а ние по дефолт сме „речени не доречени„...
Па затоа не се обраќа многу на ситниците внимание, кои всушност и не се ситници...
Но ете твоите забелешки ако можат некако нека стигнат до ушите на организаторот...
Туку мене ме интересира како е посетено Крушево , деновиве се осеќа ли поголема раздвиженост на туристи за разлика од годините....
 
Јас сум од Крушево убав е проектот барем луѓе низ град се врткат иначе само кучиња имаше. Само не ме бендисува тоа што турците и комитите седат заедно на кафе, жените се облечени во свилени фустани со шешири и ладала како во Париз да сме а не во Крушево. Турците се облечени како работници некој со црвена некој со виолетова капа а некој и без капа. Комитите се одличо облечени. Пушките му се како лајци за мешање ајвар. Во глобала е добро ама можеше и попрофесионално да биди.

до кога ќе трае?

имам соработник еден србин од Белград кој ќе оди на 7ми август за јонските острови на одмор. за да не му се фати многу возење, сака да спие некаде по пат, па јас му предложив во македонија. дали да му препорачам да спие 2 дена во крушево? (нема да се брукаме?)

каде да резервира?
 
Па си викам дека има повеќе ама не е баш многу забележително ама барем се случува нешто во градот, секако дека ќе се подобри во наредните години еве утре ми кажаа дека ќе иделе од би би си да снимаат. Само пак ќе речам ако сакаме да биди се како шо треба мора да се внимава на овие детали и да не се облекуваат деца од по 7 8 години, знајме дека нив парите му се најпотребни ама сепак за ваков проект треба професионализмот да биди на прво место.

до кога ќе трае?

имам соработник еден србин од Белград кој ќе оди на 7ми август за јонските острови на одмор. за да не му се фати многу возење, сака да спие некаде по пат, па јас му предложив во македонија. дали да му препорачам да спие 2 дена во крушево? (нема да се брукаме?)

каде да резервира?

Не знам дали нема да се брукаме јави се во хотелите и прашај шо ќе му понудат, неќам да навредувам никој и да си плукам по градот ама мислам дека уште не сме спремни да пречекаме такви елитни гости. За хотел најдобар се знае е Монтана и внатре е многу добро уреден ама за услугата не гарантирам. А ако сака да се одмори во супер природа со најчист воздух, убава глетка на природата а да не му е толку важна услугата тогаш нека иди.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom