Кошаркарска репрезентација на Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Христов
  • Време на започнување Време на започнување
Браво за момците, за пофалба се на оваа утакмица.
Нека е честит пласманот на ЕП, големи честитки до играчите и едно големо БЛАГОДАРАМ за Џикич кој што успеа да ги мотивира играчите и ни обезбеди по петти пат учество на ЕП.
Денеска покажаа карактер, одлично играа.. без разлика дали е против аматерската Данска, на домашен терен сме битно непобедливи. :D
 
Има уште огромен простор за подобрување во овој тим, но добро е што добиваат шанса засега сите и покажаа добра одбрана..
Ѓуровски очаен е искрено, грешки на двата дела од теренот. Се надеваме само овој меч ќе му биде таков..
Се на се, честитки за успешната утакмица, имаме уште еден чекор да прочекориме преку Белорусија за некој ден и да се фокусираме кон побитните натпревари како ќе се согласи екипата
 
Инаку какви се сега математиките за прво место во гурпата?
 
Да ја оставеше петорката прва до крај најверојатно и ќе стигневме.Навистина не разбирам зошто ја повлече кога им се даде шанса да стигнат до 40 разлика.Белорусиве барем да не изгубеа 26 разлика како најголеми пацери ќе беше сосема друго.Вака сега на последната почнуваме од -10 против Белорусија со тоа што Данците гарант ќе ги соблечат гаќите пред Белгијците.
Јасно ти е дека разликата во последната четвртина ја направија резервите, нели? :)
26:6 имаа, ваљда не мислиш дека ако ги внесеше прва петорка ќе направеа 40:0...Поготово што веќе и уморни беа, колку мислиш дека можат да издржат нашиве репрезентативци?
Другиве беа и одморени и гладни за минути и го докажаа тоа и ја направија разликата.
 
Мислам дека можеме и Белорусија да ја тепаме со околу 30 разлика :love:
 
Уште не сме 100% пласирани.
И јас така мислам, иако ми е мака да сметам која е (би била) најслабо рангирана втора репрезентација.
Мислам дека можеме и Белорусија да ја тепаме со околу 30 разлика :love:
И со 1 поен да победиме е доволно.
 
И јас така мислам, иако ми е мака да сметам која е (би била) најслабо рангирана втора репрезентација.

И со 1 поен да победиме е доволно.
Тебе изгледа треба да ти се нацрта дека е подобро да сме први одколку втори, пласирани сме сигурно само подобро ке е да сме први
 
Тебе изгледа треба да ти се нацрта дека е подобро да сме први одколку втори, пласирани сме сигурно само подобро ке е да сме први
Дечко што ти е проблемот тебе, нормална дискусија си водам.
Не менува многу дали ќе сме први или втори, тие се репрезентациите.
 
-10 коша имаме за разлика од Белгија и големи се шансите да бидеме први, може Данска на домашен терен да ги измачи белгијците како шо играа и со нас,а ние да ги растуриме Белорусите така да :love:
 
Тебе изгледа треба да ти се нацрта дека е подобро да сме први одколку втори, пласирани сме сигурно само подобро ке е да сме први
Де жив ти се кажи ни што нас толку многу ни менува дали сме прво или второ во квалификациите??
 
Btw Магдевски нити е,нити ке биди добар во иднина,врска си нема појма си нема,Хендрикс најдобар иако сеуште ми е криво што Мекелеб си замина за него,Соколов Гјуровски се надежни играчи,Трајковски исто така дрво но има тронка надеж и во него,за браќата се знае добри се и двајцата...Каков Магдевски тој ако не се откаже од кошарка за некоја год јас глава сечам.
 
http://en.wikipedia.org/wiki/FIBA_EuroBasket_2013

Видете каде се наоѓаат тимовите кои освоиле прво место во квалификацските групи за влечење на групи.Секако е подобро да сме во група со Италија,Полска и Латвија и да не влечеме од нив одколку да бидеме со Романија и Унгарија.

Некој пиша и така дека морало да ги победиш првите 3 тима ,ако си прв во квалификации можеш и да бидеш од тие први 3 тима.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom