Кошаркарска репрезентација на Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Христов
  • Време на започнување Време на започнување
БОРЧЕ ИЛИЕВСКИ СО „МОДЕЛ ЗА РАЗВОЈ НА МАКЕДОНСКАТА КОШАРКА“

Македонија ја совлада Унгарија во последниот меч од претквалификациите, но и покрај триумфот, македонската кошарка доживеа своевиден „ресет“ – сега започнуваме од нула, од квалификации за претквалификации. За тоа како да се издигнеме од кошаркарското дно, ексклузивно за МакСпорт, македонскиот стручњак Борче Илиевски, кој работи на Исланд, нѝ го претстави својот модел за развој на македонската кошарка.

Моделот и неговите размислувања може да ги прочитате во продолжение

Стратешка визија
• Поставување на 10-годишна национална стратегија со јасни цели: влез во ТОП 20 селекции во Европа, редовно учество на ЕП и развој на играчи кои ќе бидат конкурентни во Евролигата и Еврокуповите
• Воведување на филозофија на игра што ќе биде препознатлива за сите младински и сениорски селекции (модерен стил со брза транзиција и силна одбрана).



Развој на младински категории
• Регионални академии: формирање 6-7 регионални центри поддржани од федерацијата (Скопје, Битола, Тетово, Гостивар, Штип, Охрид, Струмица).
• Скаутинг систем: активно барање таленти во училишта и локални клубови.
• Специјализирани тренери за развој на вештини (шут, одбрана, физичка подготовка).
• Ментален тренинг и едукација за спортска психологија.



Инфраструктура
• Реновирање и опремување на салите со современа опрема.
• Инвестиции во услови за тренинг (тежински сали, медицинска поддршка, технологија за анализа на натпревари).
• Воведување на технологија – видеоанализа, статистика, wearables за следење на физичката состојба.



Образование и тренери
• Обуки и лиценцирање според FIBA стандарди.
• Програма за размена со тренери од Србија, Словенија, Литванија.
• Создавање на тренерска школа во Македонија за континуиран развој.



Сениорска репрезентација
• Јасен идентитет на тимот – нема „ад хок“ собири пред квалификации.
• Селекција базирана на форма и посветеност, не само на име.
• Вклучување на натурализирани играчи само ако навистина носат квалитет.



Домашна лига
• Поголема конкурентност преку финансиска стабилизација на клубовите.
• Привлекување спонзори и ТВ-права.
• Поголема минутажа за домашни млади играчи.
• Поврзување со АБА-лигата и други регионални натпреварувања.



Медиуми и маркетинг
• Популаризација на кошарката преку социјални мрежи, документарци и промоција на идоли.
• Вклучување на поранешни легенди (Антиќ, Наумоски, Јовановски, Блажевски, Нешковиќ, Стефанов и др.) во менторски програми.
• Кампањи во училиштата – „Кошарката е кул“.



Финансиски модел
• Државна поддршка + приватни спонзори.
• Јасни механизми за транспарентност.
• Долгорочни договори со клубови и играчи за задржување на талентот.

многу напишано, ништо кажано.
 
Победа над Унгарија од 82-75!
Се знаеше разврската и пред почеток на мечот,небитна утакмица за Унгарија во прво коло не понижија со +40 разлика.Оваа утакмица не ја гледав ама сигурен сум дека со втора ,трета постава излегле на терен,имале тренинг го воигрувале тимот вежбале акции со два збора пријателска утакмица.
 

Се што треба да се знае за македонската кошарка :D
 

Се што треба да се знае за македонската кошарка :D
Нема споредба на квалитетот на тимовите на Арис и Паок со нашите,најдобра петорка од цела лига да се формира од кај нас и да играат меч епилогот ќе биде исти.
Грците по квалитет се во топ 3 лиги во Европа.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom