Кошаркарска репрезентација на Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Христов
  • Време на започнување Време на започнување
Значи како стојат работиве, Србија и Литванија ќе се борат за прво место, а за останатите кој како се снајде.



Како тоа Србија ќе се бори, а ние не ? Па дури ни литванциве денес не покажаа ништо,освен тоа што изиграа една акција плус од нас.
 
Незнам само што ли се случи во последната четвртина...
 
Не очекувајте од Гече ова првенство нешто посебно, човекот едвај се движи по терен, ништо по различно не е ниту Чековски, едина позитивна страна му се тројките, тоа што тој треба да го игра, го игра најлошо, па денеска само по негова вина, и тоа што не знае да покрие играч пола и повеќе поени примивме.
Самарџиски, за него не знам дали да потрошам некој збор, јак во одбана наша, јак во одбрана и на противниците, значи за таква грамада, па да не знаеш да реализираш под кош, треба ептен нешто да ти фали. На крајот иронијата да биде поголема, еден од поефикасните на теренот..
Браќата Стојановски ќе газат на првенството, најпозитивната работа што ја видов денеска. За нив уште утре да почне првенството, ќе немаат никаква мака.


Мене Литванците не ме импресионираа ништо посебно, не верувам дека далеку ќе одат на шампионатот, имаат среќа што ете групата им е погодена, па ќе искористат шанса.
Можевме да ги совладаме денеска, да бевме малце повеќе физички спремни.
 
Смешни ми беа Литванците како реагираа на судиските одлуки :pos: Relax , ви ибам копуците. Голем стојко дека не тепавте на пријателска дома , ни грам не е реванш на ебе*ето што ви го удривме кај вас.

Инаку ме паднаа на спортска со 5.5 хендикеп на нашите и малце повеќе сум им лут , но тоа е тоа.
Младите "надежи" само потврдија дека се нула и дека ќе се натпреваруваме со Бугарија по квалитет после европското првенство.
Оној Костовски ли шутна на 5 минути до крај за тројка од неизградена позиција :facepalm: 20 секунди беше во игра, утакмицата тесна он Џордан изиграва. А колку лош беше шутот друга работа.
Во прво полувреме имавме добро движење на топката , доста чисти шутеви ( кои за жал не ги погодувавме баш) .

Браво за КФМ , фина организација , од влез до танчерки :drk: , преку наградите до сите заслужни во овие години постоење.
 
Не гледам простор за паника пошо од старт се виде дека се опуштени и дека ова е само обична тренинг утакмица за да се воиграат и да подобрат фитнес.

Замерки на ваква пријателска глупо ми е да вадам па само ова ќе го искоментирам.
Ептен се гледа дека иаме никаква клупа т.е неаме капацитет таму, обично треба млади дечки да загризаат на ваквиве пријателски и да се докажат во репрезентација ама нашава клупа е мизерна.

Си пецнав одлични места у Блок 3 и имаше едни двајца пред мене и морам да ги пофалам пошо тие ја правеа цела атмосфера од таа страна на трибините.

Паѓаа и муабети за танчерките коа ја кренаа таа едната горе и едниов му вика:

- Куме, куме да ја држиме ние овака хехехехе

-Ајде куме ајде

И да ги пофалам и ја танчерките, не беа лоши:icon_lol: и размрдаа атмосфера колку толку.

Е сеа ме накурчи и на 2 минути до крај што сите почнаа да излегуваат, јас мислам дека требаше да останеме сите и да им дадеме еден јак аплауз на момциве за да ги мотивираме до даска ама бидна и тоа од ние што останавме.

Инаку штета што пола сала не се приклучуваат во обидите да се напраи многу јака атмосфера, седат ко ќутуци и глумат фини дами и момци.
Отвори уста бе, викни МАКЕДОНИЈА неколку пати, што ќе ги чини тоа?

Ама ај.

И за крај, Перо си е Перо, знае тој дека му е последно првенство и очекувам за крај да изгази се пред себе на првенствово, а овој меч не мора да значи ништо.
Секоја чест и за Тоше ама навистина повеќе не може ама ќе биде од каква-таква помош на првенствово.
 
Си пецнав одлични места у Блок 3 и имаше едни двајца пред мене и морам да ги пофалам пошо тие ја правеа цела атмосфера од таа страна на трибините.
.
Tука некаде сме седеле, и јас бев на тој блок, над мене имаше двајца, ваљда се тие истите, за Клеиза утепаа.:D
 
Дечки да не филозофираме многу само ќе кажам НЕ заслужува никој од репрезентацијата да биде плукан и исвиркуван. Го имаше тоа денес од трибини меѓутоа сигурно оти тоа не е мудот на мнозинството.

Ова беше припремна утакмица и гледајте и оценувајте ја како таква.

Што да се каже прво ние овој меч премногу фуриозно го започнавме горевме да се покажеме, првата четвртина беше покољ да се стигне до кош. Сакавме едноставно да се покажеме на почетокот. Шутот во прво полувреме не служеше. Ние колку што шутиравме за три Литванците ни пола немаа па ниту и реализација на тоа.... Голем хендикеп како и секогаш зависиме од реализација за три пред се, играта под кош денес пред се во прво бевме цеосно изолирани.

Околу играчите според мене најконстантни беа браќата Стојановски секоја им чест пред се за нивната препознатлива страотна игра во одбрана. Ги отсекуваа Литванците. Бо одигра одлична партија, далеку од неговите индивидуални квалитети, но со оглед на формата сигурно оти ќе оди уште подобро.
Самарџиски, аман со Самарџиски доста го критикувате човекот. Кога го исвиркуваат игра подобро. Денес 11 коша за солидно поминато време на паркетот и воедно прв стрелец од нашиот табор. Во вториот дел беше многу подобар. Гечевски со оглед на формата и кога се приклучи денес, одигра добро изби една топка во одбрана, изнуди фаул за слободни... Шутот ќе му тргне на некој меч сигурно на еп, денес не го сакаше.
Перо денес катастрофа... Тој малку плива, меѓутоа не би сакале да го критикуваме може подобро. Станко во одбрана слабо, во нападот го служеше шутот, тој и Владо дефинитивно можат да одат нагоре со формата пред се Владо.
Многу е битна психата во екипата и Пипан мора малку да обрне внимание на тој дел посебно после овој пораз!!
Литванија се покажа како силен противник под кош во второ ни одржаа лекција од светски размери. Литванија е силна репрезентација и тоа сите го знаеме.

За крај ќе кажам добронамерно, добро ни легна овој пораз!!! И тоа како добро да си ги чукнеме главите оти ние имаме една цел а тоа е колективно да се кренеме и да се обидеме во Словенија да ја поминеме групата. Па потоа ќе си ги креваме акциите. До тогаш со ладни глави. Јас сум убеден оти ние сме квалитетни и тоа како квалитетни а денес се во ова беше ствар на лоша форма. Пред време немојте да судите и оставете им простор да растат до 4ти септември па од тој датум можете да го кревате тонот.
 
Само нека поминат група, после чекор по чекор.


Sent from my iPad using Tapatalk HD
 
Не гледам простор за паника пошо од старт се виде дека се опуштени и дека ова е само обична тренинг утакмица за да се воиграат и да подобрат фитнес.

Замерки на ваква пријателска глупо ми е да вадам па само ова ќе го искоментирам.
Ептен се гледа дека иаме никаква клупа т.е неаме капацитет таму, обично треба млади дечки да загризаат на ваквиве пријателски и да се докажат во репрезентација ама нашава клупа е мизерна.

Си пецнав одлични места у Блок 3 и имаше едни двајца пред мене и морам да ги пофалам пошо тие ја правеа цела атмосфера од таа страна на трибините.

Паѓаа и муабети за танчерките коа ја кренаа таа едната горе и едниов му вика:

- Куме, куме да ја држиме ние овака хехехехе

-Ајде куме ајде

И да ги пофалам и ја танчерките, не беа лоши:icon_lol: и размрдаа атмосфера колку толку.

Е сеа ме накурчи и на 2 минути до крај што сите почнаа да излегуваат, јас мислам дека требаше да останеме сите и да им дадеме еден јак аплауз на момциве за да ги мотивираме до даска ама бидна и тоа од ние што останавме.

Инаку штета што пола сала не се приклучуваат во обидите да се напраи многу јака атмосфера, седат ко ќутуци и глумат фини дами и момци.
Отвори уста бе, викни МАКЕДОНИЈА неколку пати, што ќе ги чини тоа?

Ама ај.

И за крај, Перо си е Перо, знае тој дека му е последно првенство и очекувам за крај да изгази се пред себе на првенствово, а овој меч не мора да значи ништо.
Секоја чест и за Тоше ама навистина повеќе не може ама ќе биде од каква-таква помош на првенствово.

Еден ме прашуваше која десетина се игра, дека по 10 минути биле десетинки си ги викаше.Шала на стр5ана публиката беше поделена.Едно 40-50% беа луѓе што пратат кошарка али остатокот нормално си беа позери.Тоа е неминовно.
 
Tука некаде сме седеле, и јас бев на тој блок, над мене имаше двајца, ваљда се тие истите, за Клеиза утепаа.:D
Ja bev 14ti red i iskreno da ti kazam mestoto e odlično, pa od sea non stop tamu ke gledam da bidam.

Inace tie bea tie kumovite, tresea gluposti ama i od niv pocnuvase cela atmosfera.
Treba da ima povekje takvi.
 
Туку, мене Пипан ми изгледа многу незаинтересирано. o_O Не знам, во МЗТ многу пожесток беше и кон судии и кон играчите, овдека млако за негов стандард. Ај добро пријателска е, но сепак, негова најјака страна е дисциплината во тимот.

И замерка што не го стави Брчков и на Костовски му даде само 3 минути. Немаше потреба форсирање на „провитмциве“ до крај, и така на пола не им одеше ништо од рака.

п.с. Баталете танчерките, цуцата од One со километарските нозе каков аплауз доби. :cool: И браво за потегот со поклон за чистачот. (y)
 
gg Литванија.

Веќе ко сите да ни ја знаат стратегијата дека се изморуваат на почетокот, за на крај кога ќе бидат уморни да не водат со 10 разлика. :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom