Не гледам простор за паника пошо од старт се виде дека се опуштени и дека ова е само обична тренинг утакмица за да се воиграат и да подобрат фитнес.
Замерки на ваква пријателска глупо ми е да вадам па само ова ќе го искоментирам.
Ептен се гледа дека иаме никаква клупа т.е неаме капацитет таму, обично треба млади дечки да загризаат на ваквиве пријателски и да се докажат во репрезентација ама нашава клупа е мизерна.
Си пецнав одлични места у Блок 3 и имаше едни двајца пред мене и морам да ги пофалам пошо тие ја правеа цела атмосфера од таа страна на трибините.
Паѓаа и муабети за танчерките коа ја кренаа таа едната горе и едниов му вика:
- Куме, куме да ја држиме ние овака хехехехе
-Ајде куме ајде
И да ги пофалам и ја танчерките, не беа лоши

и размрдаа атмосфера колку толку.
Е сеа ме накурчи и на 2 минути до крај што сите почнаа да излегуваат, јас мислам дека требаше да останеме сите и да им дадеме еден јак аплауз на момциве за да ги мотивираме до даска ама бидна и тоа од ние што останавме.
Инаку штета што пола сала не се приклучуваат во обидите да се напраи многу јака атмосфера, седат ко ќутуци и глумат фини дами и момци.
Отвори уста бе, викни МАКЕДОНИЈА неколку пати, што ќе ги чини тоа?
Ама ај.
И за крај, Перо си е Перо, знае тој дека му е последно првенство и очекувам за крај да изгази се пред себе на првенствово, а овој меч не мора да значи ништо.
Секоја чест и за Тоше ама навистина повеќе не може ама ќе биде од каква-таква помош на првенствово.