Што е право право е, добро изиграа дечките на 2та натпревари, не се осеќа разликата на промената на тренерот засега. Сеуште ја играат онаа игра со која мое лично мислење е мора да играат за да го извлечат максимумот - многу додавања кои водат кон шут за три. Едноставно таков ни е играчкиот кадар мора да се игра така, подобри шанси за успех на никаков начин не можеме да имаме.
Ако продолжат вака и го вклопат и Хендрикс во концепцијата, може и да поминеме ок на првенството а не да бидеме катастрофа како што по смената на тренерот и откажувањето на Антиќ изгледаше...
Украина и Израел не беа во најјаките состави, (на едните им фалеа Лен, Гладир и Кравтсов, а имаа и многу послаб американец од Џитер, на другите Халперин), ама не бевме ни ние (Антиќ, Чековски, Меккејлеб...). А ништо чудно и со овие состави и да одат овие екипи на првенството. Украина има големи шанси да е меѓу најслабите, а и Израел нема да има некој којзнае каков резултат. Во секој случај Украина е на ранг ан Холандија, а Израел на ранг на Грузија така што ова е позитивно.
Морам да признам дека сум потаен оптимист дека нема да се избламираме на првенството.