Прво честито победа на дечкиве, висока победа која е одлична за самодоверба понатаму, за прв пат и за воигрување на тимот е одлично.
Судиите повеќе пати ни прегледуваа низ прсти, но не треба да им ја критикуваме заслужената победа на репрезентативците.
Израел многу лошо изиграа, единствената шанса да фатат резултатски приклучок им беше во првите 5 минути во последната четвртина тогаш кога нашиве имаа криза во играта, но ко за наша среќа сите слободни ги испромашија и играа неверојатно очаен напад.
Е сега треба да се поработи на ова.. во случај на вакви кризи да е некоја посериозна репрезентација ќе не наполни до врв, но прашање е дали дрвото Србиновски може да влијае врз тој вечен проблем?
Тројките ни се силно оружје, свој ден имаше Курчо, ги уби во последните минути на Израел.

Едно големо благодарам што се смилуваше Илиевски да се врати во репрезентацијата, човекот има неверојатен осет за кошарката, без разлика на годините.. ќе биде вистински учител во репрезетнацијата на првенството.
Дамјан се жалеше на повреда на зглобот? Се надевам дека не е нешто сериозно, иако е во лоша форма.. сепак е најдобрата опција на таа позиција, се надевам се е во ред.
Утре играме со Украина во исти термин.