Витамини се продаваат во аптека, значи нема посоодветен профил од доктор за препорака и не знам како може тоа да не му е работа...
Еве глуп пример... Јас многу ретко пијам витамини и нели со новите околности станува приказната за д-витаминот актуелна. Почнав да пијам Д-витамин од 2000 и изгледа не го поднесувам баш најдобро, дури повраќав... Се консултирав со матичниот и тој ми укажа дека може да ми е од витаминот и фактот дека доцна сум го конзумирала (навечер).
Не сум медицинско лице, не знам дали ова е логично и точно. Не сакам кога немам јасни инструкции и информации. Едноставно сметам дека се пие премногу на своја рака и дека сите сме прилично неинформирани.