Копиите сè подобри и подобри - сè поевтини и поевтини

  • Креатор на темата Креатор на темата Ikica
  • Време на започнување Време на започнување
Си ја видел најверојатно поевтината верзија на iphone-от што е стварно срање ама што сакаш за 5000 денари? :D Па и во т-мобајл за тие пари ќе земеш ѓубре. Види ја подобрата верзија па ќе разговараме. Тачот е осетлив ептен и лета. Ептен добро функционира, нема дилеј на реакции, нема непрецизност на команди, одличен е!! Ајде баш ако ти дојде при рака, разгледај го па ќе разговараме. Барај модел M002, сестра ми има таков бел, немам коментар :D
 
Онак друже... не ме дупи дека е исто. Имав прилика да го користам iPone кинескиот 2 дена... и е каде каде нааааазад во споредба со iPhone. Една буква ама многу менува. Особено во работата на софтверот на телефонот. Изгледот е мање више битен. Ама тач скринот и неговото функционирање е тапа на кинезот. Да не ти ги спомнувам задоцнетите реакции и тапа ефекти кои не се ни приближни до оние на iPhone. А ко му ставив две сим картички, менито мрдаше на 5 секунди, време шо го немам за губење со кинеско срање.

Ти можеби си задоволен од Noklata, ама тоа е твое мислење. Моето вика нешто друго, и засега неам намера да го сменам, дури не видам дека стварно кинезите напрајле чекор напред во софтвер-хардвер координацијата.

друже... ти си имал кинеска копија на ајфонот, ама нај веројатно не си ја пробал таа од спаива... ти велам има голема разлика и меѓу нив... абе незнам како да кажам... имаш кинеско и кинеско... појдете во спаива и видете, ќе ви стане јасно...
 
Дајте некое видео од Youtube да видиме како тоа иде софтверски...

Не ми се шпарта до продавници само за да проверувам кинески телефони. Ако нема, снимете.
 
Си ја видел најверојатно поевтината верзија на iphone-от што е стварно срање ама што сакаш за 5000 денари? :D Па и во т-мобајл за тие пари ќе земеш ѓубре. Види ја подобрата верзија па ќе разговараме. Тачот е осетлив ептен и лета. Ептен добро функционира, нема дилеј на реакции, нема непрецизност на команди, одличен е!! Ајде баш ако ти дојде при рака, разгледај го па ќе разговараме. Барај модел M002, сестра ми има таков бел, немам коментар :D
Така викаш а??? Треба да се провери тоа...

друже... ти си имал кинеска копија на ајфонот, ама нај веројатно не си ја пробал таа од спаива... ти велам има голема разлика и меѓу нив... абе незнам како да кажам... имаш кинеско и кинеско... појдете во спаива и видете, ќе ви стане јасно...
А каде се наоѓа продавницата точно знаеш да ми објасниш? Ми кажуваа за некоја кај Скопјанка... таа е истата?

Глеј шо е муабетот, јас имав Sony Ericsson W705, и го дадов 5.000-ки. Сега сум во дилема, да извам уште некое иљадарче и да земам нешто посолидно. Ако некое од чудава стварно брка работа и е со прифатлива цена (да речиме 10.000 денари) ќе се подзамислам тро... 2 картици, WLAN, тинтири минтири... инаку имав намера да земам Sony Ericsson c905 за тие пари, ама на старо.
 
ТА каде се наоѓа продавницата точно знаеш да ми објасниш? Ми кажуваа за некоја кај Скопјанка... таа е истата?

еве...
кој го интересира убаво нека си прочита на нивниот сајт: http://www.spaiva.com.mk
има да се изнагледате телефони, а може и кај нив директно да идете. на ул.железничка, одма на семафорот пред дал фуфо од лева страна... пишува спаива..





Дајте некое видео од Youtube да видиме како тоа иде софтверски...

Не ми се шпарта до продавници само за да проверувам кинески телефони. Ако нема, снимете.
ова ко нареџење извршење му доаѓа а? појди си и види си сам... е*еш видео, не е реалистично да гледаш на монитор...
 
Onak, тоа твојата чкартна Е71-ца, на што оперативен систем работи? На симбиан?
 
Onak, тоа твојата чкартна Е71-ца, на што оперативен систем работи? На симбиан?

не е чкартна. на толку муабет намерно сега буцкаш и омаловажуваш. додека не се извиниш нема да добиеш одговор...
 
Океј е "Копиите сè подобри и подобри - сè поевтини и поевтини" ама глорифицирање на кинеските над оригиналот, треба да ти е изгледа жешко.
 
многу ме нервираат вакви паушални изјави...

прво и основно го знам газдата на спаива т.е. двајца браќа се, чаирски момци, значи членот што ја отворил темава не е ниеден од нив, зашто само што им се јавив и ги прашав, дали се можда они или не... значи обвинување и етикетирање без докази е еднакво на клевета, која со закон се казнува... ова не е герила маркетинг, туку задоволен корисник и клиент, исто како и јас што сум задоволен па пишувам.
Мене па многу ме нервираат дрвени адвокати. Дали се браќата, сестрата или некоја вработена - воопшто не е битно. Задоволен корисник и клиент (не ти, авторот на темава) е колку што сум јас астронаут. А дека е герила маркетинг на спомнатите - стојам зад тоа со две раце, а има и зошто, никогаш не зборувам на празно.

Не дека е нешто страшно да се изрекламираш, ниту пак е недозволено, се додека е во граници на културно и ненападно однесување кое не преоѓа во спамирање. Но, кога некој сака да изрекламира нешто по форум, да се обиде да понуди производ или услуга на форумџиската заедница, би било чесно - а и поприфатливо за форумџиската заедница е да си каже отворено "Дечки вака и вака, ајмо мобилни кај мене изволте" отколку да ги вози одоколу продавајќи им приказни.

јас купив Е71 од кај него, баш оној на сликата што е погоре, па скоро пола година го дуфтам, има милиони саати пројдено во разговор, 2 сима, тв, ви-фи, блутут, јава, опера и све што има оригиналниот Е71... значи се што има оригиналниот, има и овој, плус има радио, тв и за мене нај битното 2 сима... гаранција 12 месеци, исто како и оригиналниот, а што се однесува до изгледот надворешен, АПСОЛУТНО СЕ ИСТИ.
Хеј, па твојот мобилен имал дури и повеќе стварчици и фичри од оргиналниот E71 кој го имам јас: )

Шега на страна - на кој оперативен систем работи? Кои Nokia апликации и апликации од трети страни се компатибилни со него? Има вгрраден GPS приемник? Може да се инсталираат мапи за навигација? Кој броусер го користи? Камера, видео, во која резолуција снима? Што чипсет користи, од кои добавувачи се компонентите вградени во него и т.н...

Донеси го твојот Кинез, има алатки за бенчмаркови и тракатанци, да направиме една споредба на перформанси со вистинска Nokia E71 : ) Науката измислила алатки и методологии за утврдување на реални податоци, грев е да не се користат, а да дебатираме со од ракав муабети.

извини друже, не знаев дека твојот мозок е толку голем и наполнет со информации, што просто зрачиш со знаење и искуство... па ти се знаеш бе, што се трудам јас да дрндам тука напразно.... бог да чува
Извинето друже, не си знаел. Од кај да знаеш дека низ рака во изминативе 12 години ми прошле стотици телефони, дека баш мобилната телефонија ми е "слаба страна", дека будно го следам секое случување од мобилниот свет, од кај да знаеш дека пред нашите оператори да понудат некој модел на нашиот пазар го добивам на тестирање и користење и дека моето мислење се брои (онака, пошто појма неам), од кај да знаеш дека пишувам рецензии за мобилни телефони...

Дудук сум за соларни системи и по такви теми каде што не располагам со знаење и искуство не ти се мешам во муабет, затоа што би се бламирал беспотребно. Не сум стручњак за се. Ама каде што е мое поле - хеј, тука барем не ме ч'чкај.

... ако на тебе не ти се свиѓа тој избор, не значи дека другите немаат 2 грама мозок и дека се глупи... кажи си мислење и немој да навредуваш никого, што не го дели мислењето со тебе...
Не навредувам никого директно, ниту пак некој кој не го дели мислењето со мене. Но, стојам на ставот дека во секој случај попаметен избор е за исти расположливи средства да се купи поефтин модел на оригинален телефон, отколку некоја кинеска копија на пофенси модел кој патиш да го имаш (а не можеш, па купуваш телефон кој во изглед личи на него). Можеби копиите се подобри и подобри, но сепак се неспоредливи со оргиналните модели во никој случај. Ако тоа како личен став те навредува, можеби треба да се преселиш во Сахара. Таму никој нема да може да те навреди со негово мислење. Нема луѓе, нема мобилни, нема интернет.
 
И демек, копиите од Спаива се поразлични од останатите кинески копии кои се тиња?
Океј, дај да ги тестираме E71 и iPhone, па ќе пишеме за позитивните и негативните страни. Сум имал во рака кинеска копија од iPhone - џабе се 2 картички и вграден ТВ приемник кога дисплејот треба да го „тепаш“ за да навигираш низ менито, кога загрева како тавче за пржење јајца, кога не можеш да инсталираш буквално ништо и кога менито кое е реплика на оригиналниот телефон не нуди никаква функционалност.
 
Шкарт Е-71 од Spaiva 9.500 денари...
Оригинален E71 од T-Mobile 10.000...
И сега за 500 денари јас да го купам шкартот, зошто... затоа што имал две сим картички :pos: Ваквите телефони се светлосни години зад нивните оригинали, џабе се тука дискусии.
 
Шкарт Е-71 од Spaiva 9.500 денари...
Оригинален E71 од T-Mobile 10.000...
И сега за 500 денари јас да го купам шкартот, зошто... затоа што имал две сим картички :pos: Ваквите телефони се светлосни години зад нивните оригинали, џабе се тука дискусии.

Кои мрчатори сте сите, а без воопшто да проверите нешто пред да зборите... 7500 е копијата, а колку е оригиналот и дали е 10.000 уопште, тоа не знам.

--- надополнето ---

А каде се наоѓа продавницата точно знаеш да ми објасниш? Ми кажуваа за некоја кај Скопјанка... таа е истата?

Глеј шо е муабетот, јас имав Sony Ericsson W705, и го дадов 5.000-ки. Сега сум во дилема, да извам уште некое иљадарче и да земам нешто посолидно. Ако некое од чудава стварно брка работа и е со прифатлива цена (да речиме 10.000 денари) ќе се подзамислам тро... 2 картици, WLAN, тинтири минтири... инаку имав намера да земам Sony Ericsson c905 за тие пари, ама на старо.

Со оглед на тоа дека другиве напнати одговори што звучат ко да сум им опцула мајка, а не ко да си кажувам сопствено мислење и искуство, не заслужуваат одговор, еве одговор на твоето прашање: Продавницата се наоѓа на почеток на Водњанска, тоа е ул. Железничка уствари. Одма карши таа продавницата за мотори, бившо кафе Вила во новата зелено-бела зграда. Има голема реклама, не можеш да утнеш. Ти гарантирам дека ќе земеш 10 пати подобар телефон и со повеќе опции отколку било кој за тие пари во т-мобајл или оне. И не ти ни требаат 10.000, освен ако нејќеш нешто и GPS да има. Без GPS ќе завршиш работа и со 7.000, 8.000.

Поздрав
 
Nokia E71 на старо но добро сочуван се наоѓа за 8000 ден што е 5 пати подобар од тој твој шкарт за 7500 ден (реална цена на таа копија според мене е 750 ден). Нема потреба од масирање повеќе.
 
Мене стварно не ми е јасно што воопшто има да се дискутира на оваа тема?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom