многу ме нервираат вакви паушални изјави...
прво и основно го знам газдата на спаива т.е. двајца браќа се, чаирски момци, значи членот што ја отворил темава не е ниеден од нив, зашто само што им се јавив и ги прашав, дали се можда они или не... значи обвинување и етикетирање без докази е еднакво на клевета, која со закон се казнува... ова не е герила маркетинг, туку задоволен корисник и клиент, исто како и јас што сум задоволен па пишувам.
Мене па многу ме нервираат дрвени адвокати. Дали се браќата, сестрата или некоја вработена - воопшто не е битно. Задоволен корисник и клиент (не ти, авторот на темава) е колку што сум јас астронаут. А дека е герила маркетинг на спомнатите - стојам зад тоа со две раце, а има и зошто, никогаш не зборувам на празно.
Не дека е нешто страшно да се изрекламираш, ниту пак е недозволено, се додека е во граници на културно и ненападно однесување кое не преоѓа во спамирање. Но, кога некој сака да изрекламира нешто по форум, да се обиде да понуди производ или услуга на форумџиската заедница, би било чесно - а и поприфатливо за форумџиската заедница е да си каже отворено "Дечки вака и вака, ајмо мобилни кај мене изволте" отколку да ги вози одоколу продавајќи им приказни.
јас купив Е71 од кај него, баш оној на сликата што е погоре, па скоро пола година го дуфтам, има милиони саати пројдено во разговор, 2 сима, тв, ви-фи, блутут, јава, опера и све што има оригиналниот Е71... значи се што има оригиналниот, има и овој, плус има радио, тв и за мене нај битното 2 сима... гаранција 12 месеци, исто како и оригиналниот, а што се однесува до изгледот надворешен, АПСОЛУТНО СЕ ИСТИ.
Хеј, па твојот мобилен имал дури и повеќе стварчици и фичри од оргиналниот E71 кој го имам јас: )
Шега на страна - на кој оперативен систем работи? Кои Nokia апликации и апликации од трети страни се компатибилни со него? Има вгрраден GPS приемник? Може да се инсталираат мапи за навигација? Кој броусер го користи? Камера, видео, во која резолуција снима? Што чипсет користи, од кои добавувачи се компонентите вградени во него и т.н...
Донеси го твојот Кинез, има алатки за бенчмаркови и тракатанци, да направиме една споредба на перформанси со вистинска Nokia E71 : ) Науката измислила алатки и методологии за утврдување на реални податоци, грев е да не се користат, а да дебатираме со од ракав муабети.
извини друже, не знаев дека твојот мозок е толку голем и наполнет со информации, што просто зрачиш со знаење и искуство... па ти се знаеш бе, што се трудам јас да дрндам тука напразно.... бог да чува
Извинето друже, не си знаел. Од кај да знаеш дека низ рака во изминативе 12 години ми прошле стотици телефони, дека баш мобилната телефонија ми е "слаба страна", дека будно го следам секое случување од мобилниот свет, од кај да знаеш дека пред нашите оператори да понудат некој модел на нашиот пазар го добивам на тестирање и користење и дека моето мислење се брои (онака, пошто појма неам), од кај да знаеш дека пишувам рецензии за мобилни телефони...
Дудук сум за соларни системи и по такви теми каде што не располагам со знаење и искуство не ти се мешам во муабет, затоа што би се бламирал беспотребно. Не сум стручњак за се. Ама каде што е мое поле - хеј, тука барем не ме ч'чкај.
... ако на тебе не ти се свиѓа тој избор, не значи дека другите немаат 2 грама мозок и дека се глупи... кажи си мислење и немој да навредуваш никого, што не го дели мислењето со тебе...
Не навредувам никого директно, ниту пак некој кој не го дели мислењето со мене. Но, стојам на ставот дека во секој случај попаметен избор е за исти расположливи средства да се купи поефтин модел на оригинален телефон, отколку некоја кинеска копија на пофенси модел кој патиш да го имаш (а не можеш, па купуваш телефон кој во изглед личи на него). Можеби копиите се подобри и подобри, но сепак се неспоредливи со оргиналните модели во никој случај. Ако тоа како личен став те навредува, можеби треба да се преселиш во Сахара. Таму никој нема да може да те навреди со негово мислење. Нема луѓе, нема мобилни, нема интернет.