Факултет праша. Правен факултет завршив.
Фон е универзитетот.

Мразам кога некој кога ќе го прашаат кој факултет си и одговаат Штул, Фон, Европски, Американ ... тоа не е називот на факултетот

И ако некој сака да му одговорам нека цитира, не ни видов дека ме прашувате.
Да учам правен што учат и илјадници други студенти точно. Јас сама сум свесна дека сме во голем број. Ама ете тоа ме влечеше тие науки ми одат.
Зашто да се запишам фармација или машински кога мене тоа не ми иде. Да квадрирам и кубирам години и да учам нешто што несакам?
Ги сакам општествените науки и ги учам правните и економските.
Само што сите се котат и оние од природни науки, 85% се зпишуваат на факултет сега. Ќе се пополнат местата сега и после ќе нема и места за тие факултети.
Кај нас не се инвестира, 3 фабрики годишно се отвараат, за кои владата се фали претерано. Ќе нема работа и за нив ако се продолжи вака.
И не гледам нешто лошо во тоа што не сакам да заминам од Македонија и сакам да работам тука. Ако некој ја гледа својата иднина надвор од Македонија слободно нека оди.
Али темава е за дипломата добиена од факултет во државава и колку тука се цени. За во странство што знаете правете, тоа е друга тема.
А кај нас не се цени ако немаш книшка и врски.
Така да не мешајте баби и жаби со тоа странство па странство... збориме за Македонија.