Колку ви значи зборот ИЗВИНИ?

  • Креатор на темата Креатор на темата Точкест
  • Време на започнување Време на започнување
Сигурно имаш круг на луѓе кои ги познаваш доста добро и би можела да процениш самата дали тоа "извини" е искрено, или кажано ради реда. :wink:
Да, ама сигурна сум и дека тие луѓе од тој круг не би останале само на едно извини :smir:
 
Постои искрено извини и извини што се вика 10 пати на ден;)
 
Сите грешиме, со прифаќањето на грешките и нормално, ако пробаме да се поправме (да не го повториме тоа што сме го згрешиле) и речеме ИЗВИНИ си олеснуваме сами на себе, а и на оној што сме згрешиле. Секоја грешка, ако се разгледа објективно, може да се најде решение за неа и нормално да не се повтори. Само да не заборавиме - за се има граници. :)
 
Ако се извини од срце секако дека ке ми значи и тоа многу,но сепак ако го зборува тоа така од чиста реда не.Денеска ретко знае некој да каже извини па колку и да згрешил.Во повеке случаеви секогаш ја префрлаат вината на другиот.
 
секој човек треба да си внимава што прави за да не дојде до извинување. е сега нормално, луѓе сме, човечки е да се греши. го прифаќам извинувањето секогаш кога е од срце кажано, и ако не доаѓа од една иста личност у просек 5 на ден. :toe:
 
Ко ќе го кажи вистинската личност и во вистинско време, ми значи многу. Спротивно, нема значење, апсолутно никакво
 
За мене значи дека личноста што го кажува бара втора шанса да комуницира со мене. Потоа, на мене е да одлучам дали таа втора шанса ќе му/ѝ ја пружам. Но, главно, од другата страна има интерес за комункација, без разлика на претходното несогласување. И тоа е значењето на „извини“, според мене.
 
Не ми значи. Затоа што најчесто не е искрено и ти го викаат колку побрзо да им простиш.
 
У последно време слабо , ретко некој да го користи ко шо треба и да биде искрен при тоа
 
ич не ми значи ништо
 
Секогаш ИЗВИНИ викам од срце, а ако ми згрешиле не сум злопамтило и простувам. Сепак некој работи мојт да ги попрајт самото дело на чоекот а не само зборот извини.:smir:
 
зависи колку ми згрешил тој што се извинува.јес да не ни ми значи многу ако се извини некој ,зашто требало малце да мисли на време за да воопшто не кажува извини.кога станува збор за "ненамерна" грешка ,тогаш извини е сосема ок.иначе џабе ако некој се извини ако пред тоа тоа што го наравил ме здоболело.е тогаш не ми значи ништо
 
Ако некој ми се извини тоа не значи дека не е виновен, но и простувањето не значи дека болката изчезнала, нели.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom