Колку ви значи зборот ИЗВИНИ?

  • Креатор на темата Креатор на темата Точкест
  • Време на започнување Време на започнување
Извини како збор не ми значи многу,туку начинот како е кажан, се чуствува тоа кога некој искрено се извинува или кога е кажано ради реда
 
Зависи за што е кажан зборот. Ако е ради реда (како што кажа некој погоре) не ми значи ништо, но ако е искрено стварно ми значи многу. А многу лесно се препознава кога е искрено, а кога е ради реда. Никогаш не го употребувам без причина и да не е од срце. Кога стварно ќе погрешам се извинувам од се срце, а ако мислам дека не сум погрешил, не ни се извинувам
 
Многу !!!!

„ Прости ми “ и „ те сакам’’ се мојата ахилова пета. Би ја каснала месечината за г..з од ќејф

исто се дел од мојот речник, првиот често го употребувам од куртоазије а вториот кога го чувствувам тоа
 
Искрено.......многу малце. Не дека нема на личноста да и дадам до знаење дека го слушнав неговото/нејзиното извинување, или дека го прифаќам (не секогаш), но многу често ми е исто ко да ми кажал некој "добар ден" така да само зборот - ништо посебно:toe:
 
Ништо не ми значи ..... опростено им е унапред
 
Врти сучи исто ми се фаќа дали кажал или не.
 
Извини ми значи но само ако е кажано од срце.Како збор секој може да го каже но колку навистина го мисли тоа....ќе се докаже преку делата зошто тие кажуваат повеќе од зборовите.Се извинувам кога знам дека сум виновна.
 
Доколку преценам дека навистина го мисли тоа тогаш зборот „извини“ ми значи. Во спротивно се работи за лицемерие и не ми значи.
 
Хммм .. Не многу, доволно е докажам само дека јас сум бил право т.е. сум ја зборувал вистината. Нивниот молк и тишината доволно ''зборува'' ! ;)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom