Колку ви значи зборот ИЗВИНИ?

  • Креатор на темата Креатор на темата Точкест
  • Време на започнување Време на започнување
Зависи што згрешил.
 
Скоро ништо, бидејќи знам дека поголемиот дел од луѓето се гом*а и кој и да ти се извинува, голема е веројатноста пак да ти згреши за истата или слична работа.
 
А како ќе знаеш дека е кажан од срце?:smir:
Денес секакви глумци постојат па можат да те убедат дека животот ќе го дадат за тебе а тоа везе нема.
Лично мене не ми значи многу, да не кажам ич. Постојат многу начини кога некој на дело може да покаже дека му е жал за некоја негова постапка, е тоа се цени а извини може да ти каже секој а воопшто да не го мисли тоа.

Сигурно имаш круг на луѓе кои ги познаваш доста добро и би можела да процениш самата дали тоа "извини" е искрено, или кажано ради реда. :wink:
 
Ич....
Треба многу повеќе од еден обичен збор за да се покаже дека некој се кае за тоа што го направил :smir:
 
Доволно. Јас верувам во Извини.
 
Зависи од кој доаѓа.
Ако доаѓа од некој небитен тогаш нема да значи, нормално ако е обратно тогаш ќе значи (појше).
На различен начин ќе се доживее.
 
Зборот извини го делам на: извини... и...извини. Првото извини, обично ништо не ми значи, тоа доаѓа како збор кој пополнува реченица, на оној кој што со него само сака да направи спојување на својата мисла, за да си отвори пат за понатамошно продолжување и покажување на површноста на својот карактер. Додека второто извини, кое многу ретко доаѓа, го прифаќам како искрена исповед на оној кој навистина осетил дека направил нешто и со верба дека треба да се извини ми дава до знаење дека искрено жали.
 
толку колку што е голема грешката
 
Не значи доколку тој што го кажува не го мисли.
Не значи доколку тој што го кажува не знае точно што направил и не е способен да објасни зошто го направил тоа.
И не значи воопшто доколку таа личност не е способна сама да си прости за тоа. Моето „извинувањето е прифатено“ не значи ништо во последниов случај. Јас ќе го прифатам извинувањето, но ако таа личност продолжи да се „јаде“ поради направената грешка (намерно или ненамерно), јас нема да можам да му помогнам.

За да се побара извини, најпрво треба да се помириме дека сме направиле грешка, да се обидеме да си простиме самите, да побараме прошка од тој на кој сме му згрешиле притоа објаснувајќи ја причината за грешката. Не постои друго. Се останато е само песок во ветерот.
 
Доколку тој што го кажал е искрен секако дека ми значи
 
зависи од кого е кажано тоа извини...ако е кажано од драга или блиска личност која ми згрешила секако дека значи,а ако е кажано од некој небитен ,,факор'' онака колку ради реда да покаже демек леле колку ми е жал извини бла бла бла итд. воопшто не ми значи :nenene:бидејќи зад тоа ,,извини'' у суштина се крие лицемерие во стил ,,абе кој те врти тебе''.:toe:
 
Доволно е едно но да биде и на дело, не само на збор... нема срце кое нема да омекне и попушти.

не може да се врати веремето назад и да се поправат грешките, но може да се надомести грешката кога ќе биде потребно и понатаму да не се прави истата.
 
Исто колку и ‘Се заебаам‘. Може се‘ да ти се каже и едно ИЗВИНИ или СЕ ЗАЕБААМ демек ги поништува сите зборови кои можеби не‘ повредиле.
 
На кантер која ќе езлезам како ТИмкилер и им пишам сори за да не ми дадат слеј хахаха:tapp::tapp:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom