Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Не ми значи нешто посебно, ама убаво е да се слушне, посебно ако навистина сум се потрудила за нешто.Да мислам дека е јасно прашањето:
Колку ви значи зборот “фала“ односно “благодарам“?
Имаат , и убаво е што се изговараат често, зошто тоа значи дека чувството на благодарност не е изгубено, а и притоа тоа е и показател за доброто воспитување и нивото на култура.Дали овие два збора сега имаат тежина или се изговараат во секој момент, па поради тоа нивното вистинско значење и тежина е изгубена.
Понекогаш да. Или ДА. Не мора секогаш да се оди по принципот=памти па врати, ама убаво е да знаеш дека другиот ќе го запамети и почитува фактот дека му имате направено услуга.Дали доволно е да се каже фала?
Не го кажувам ова гласно, ама очекувам од оние на кои сум им помогнала, да можам и јас да се осврнам секако кога за тоа ќе имам потреба.Дали се “задоволувате“ со фала или после овој збор следи она “памти па врати“ (во себе или гласно)?
Често го изговараат механичко, но сепак и тоа е многу подобро отколку воопшто да не кажат ништо.Колку луѓето кои многу често кажуваат фала или благодарам ја сафаќаат тежината на овој голем збор, го изговараат со мозок а не само со устата?
Тоа се оние луѓе на коишто "фала" им е како "здраво" или "чао", кои се навикнати од другите да извлечат колку што можат повеќе за себе, што можеме да помислиме дека навистина и живеат само за тоа. Навистина постојат многу такви луѓе и лошиот момент е што мислат само на своите потреби и секогаш се тука да бараат услуги за себе, а кога треба да направат тие услуга тогаш ги снемува.Користољубиви луѓе насекаде, неколку пати имам кажано дека ги има многу. Поентата ми е за овие луѓе. Ќе добијам услуга ќе кажат само фала и толку, одат на следната услуга која треба да ја побараат.
Зависи од личноста, но постојат и вистински благодарни луѓе. Тоа се оние кои и за најмала ситница можат да бидат премногу благодарни, наспроти оние другите, за кои колку и да се потрудиш или што и да направиш за нив, не го сметаат за нешто значајно, едноставно затоа што не го направиле тоа самите.И онаа општо позната констатација: „Со фала не се живее, памти па врати„. Дали луѓето знаат да памтат за услугите и за добрите работи?