Колку ви значи зборот “фала“ односно “благодарам“

  • Креатор на темата Креатор на темата city
  • Време на започнување Време на започнување
Ми значи..И само онака кажано,не мора витински да чуствуваш благодарност..Но барем ќе знаеш дека се уште постојат љубезни луѓе на планетава Земја....
 
ако е искрено фала, ми значи

ако не е искрено, нема повеќе услуги
 
Па ако за некој сум се потрудил да му завршам работа или нешто друго мислам тој треба да го сфати тоа и да каже едно фала што го чини 4 букви се.
 
Па зависи, ако осетам дека навистина е искрено тоа Фала/Благодарам тогаш ми значи. Понекогаш зависи и од личноста, ако знам и осеќам дека таа личност е користољубива па и 2-3 пати по ред да каже фала нема да ми значи многу, бидејќи знам дека не е од срце туку од корист.
 
Да мислам дека е јасно прашањето:

Колку ви значи зборот “фала“ односно “благодарам“?

Дали овие два збора сега имаат тежина или се изговараат во секој момент, па поради тоа нивното вистинско значење и тежина е изгубена.

Дали доволно е да се каже фала?

Дали се “задоволувате“ со фала или после овој збор следи она “памти па врати“ (во себе или гласно)?

Колку луѓето кои многу често кажуваат фала или благодарам ја сафаќаат тежината на овој голем збор, го изговараат со мозок а не само со устата?

Користољубиви луѓе насекаде, неколку пати имам кажано дека ги има многу. Поентата ми е за овие луѓе. Ќе добијам услуга ќе кажат само фала и толку, одат на следната услуга која треба да ја побараат.

И онаа општо позната констатација: „Со фала не се живее, памти па врати„. Дали луѓето знаат да памтат за услугите и за добрите работи?

Како збор воопшто не ми значи,,но да,,сакам да го слушам кога ќе направам услуга некому,,а посебно ако е кажано искрено тогаш навистина добива вредност... И многу ме нервираат луѓе кои не се заблагодаруваат,,тоа е крајно некултурно и безобѕирно..И не дека со тој збор ќе ми возвратат за било што да е,,туку тоа едноставно треба да го кажат од почит и секако благодарност:pipi:..Инаку,,за она памти па врати,,многу се ретки оние кои ги паметат тие работи,,тие побрзо би запомниле ако ги одбиеш,,отколку ако им помогнеш..Но,,секако да напоменам дека тоа не е случај со сите,,сепак се зависи и до личноста но и од воспитувањето т.е. културата:wink:..А токму затоа и треба да им се излегува на луѓето во пресрет секогаш,,затоа што ако ние денес им помогнеме,,ќе можеме да очекуваме и тие утре да го направат истото за нас:pipi:
 
доволно ми е кога ќе слушнам ФАЛА или БЛАГОДАРАМ од мало детенце (бидејќи тие се најискрени суштества),кога ќе слушнам фала од дете сираче на кое ќе му подариш нешто,на болните дечиња кои долго време лежат напуштени во болница кои се радуваат и на едено бомбонче...нивното ФАЛА ми е повеќе од доволно,ми го исполнува срцето. а инаку кога некој ќе ми рече само фала откако јас ќе му завршам некоја работа или ќе му направам голема услуга,а после ми го врти грбот...нивното фала ми го згорчува животот. за услуга со услуга се враќа. повеќе почитувам докажани дела,отколку празни зборови.
 
а за тоа “памти па врати’’ во нашава земја се е обратно обично на доброто со лошо се враќа. ретки се оние кои памтат некое добро сторено дело или некоја завршена услуга па да ти возвратат на ист начин.
 
Кога ке кажам ''Многу фала'' тоа му се заблагодарам како никогаш досега што мие помогнал !!! :smir:
 
зависи од кого е кажано и како е кажано , не секогаш го има она значење ...
 
Штознам...не дека ми значи нешто посебно зборов ама пак од друга страна многу ме нервира ако не добијам ни едно фала за трудот.
Ја редовно го употребувам и се трудам барем на тој начин ако веќе не можам на друг да и се заблагодарам на личноста која што ми помогнала и затоа и ме нервира кога некои луѓе како да го подзабораваат зборов.
 
Види овај...зависи како е кажано. Пример јас разликувам 6 врсти на фала/благодарам.
1. Рандом фала(кога се подава кечапот,ориганото,ножот)
2.Саркастично фала(фала! е баш ти фала! мм благодарам!)џабе да го пишувам тоа треба да се каже.
3. Искрено фала(кога му правите место на вашиот дебелкаст другар да помине,кога и ја држите косата на другарката додека повраќа,кога бубаличето до тебе ти кажало 2 прашања а ти само треба да се наведнеш за да го добиеш тоа,му велиш фала,он ти вели-фала ти тебе!)
4.In a rush фала( ми се кења па покасно ќе ти кажам фала)
5. Великодушно фала(подарочиња!)
6..Нема фала братче!( односно луѓето кои стануваат дислексични во моментот кога сакаат да речат фала,но не велат,па си ќутат и пробуваат повторно да те измолзат.)

За секоја пригода различно фала,не дека им велам-повлечи си го зборот,не ти го сакам твоето фала. Рекол-браво за него. Не рекол-браво за мене. Следен пат малку ќе подразмислам. :)
 
Многу ми значи зборот фала. Посебно кога е придружен со едно 200 евриќи за благодарност.

Искрено, не обрнувам многу внимание. Лично секогаш викам фала, посебно за мали безначајни нешта, ама ако јас сум направила некоја голема услуга на некого, нема потреба од „фала“, кога се подразбира дека личноста секако ми е благодарна. :)
 
Ми значи и тоа доста... не ни мора да го мисли сериозно ама мислам дека цела мака што сум се трудел да му помогнам/да и помогнам сеедно би ми се исплатела и би се чуствувал така незаебан кога низ заби би се процедило едно никакво фала тоа би ми било доволно, не барам многу... четири букви се најпосле не е тешко да се гугнат.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom