Колку штедите? Колку сте трошаџии?

  • Креатор на темата Креатор на темата Fortune
  • Време на започнување Време на започнување
ммм да да знам да штедам ако сакам и тоа многу добро...
 
Искрено не знам да штедам.Ама ич.Дури и 5 денари да ми останале ќе ги потрошам за мастика,која нема ни да ја џвакам.:lud:
 
Честопати штедам кога имам во план да купам нешто поскапо. Инаку не штедам многу,многу.
 
Ако сакам да.... Порано многу штедев ама зашто секогаш мајка ми или татко ми ми ги зимаа парите (ако им требаат многу) и изгубив воља.... А мислам сега пак да почнам
 
Зборот штедење во мојот речник не постои,секогаш кога ке речам овие пари ке ги остаам на страна,другиот ден одма ги трошам..... Не можам да тргнам пари на страна. Таков сум....
 
па имам навика да штедам,секогаш ставам некој денар на страна онака за црни денови или за нешто што сакам да го купам,дали било облека или нешто друго
 
Mноогу штедам пошто морам да си ги планирам сите трошоци и расходи ... а и за да остане нешто појќе замене :)
 
ја штедлива сум...ама честопати знам парите што сум ги заштедила да ги потрошам на глупости.. :)
 
Паа у задње време морам да забележам дека денари тешко чувам. Ако не ги сменам во еври, денарите ги трошам у секунда. На такси, на кафе, на глупости, на таа проклетата машина за фаќање мечиња и слично. А ако ги сменам во еври тогаш не ги чепкам... Се трудам да излегувам со помалку пари општо многу тапа дете сум, можам да излезам со 100 денари и д ами бидат таман, а можам и илјадарка да ја потрошам на разно разни глупости:toe:
 
Парите се за трошење, кај мене си имам приметено дека ако штедам, пак кога-тогаш ќе останам без пари, а ако си трошам за се што ми сака душичката и да банкротирам, нема да ми биде криво...
 
Штедач сум... платата ми стига од 1ви до 1ви.
Во месецот или купувам нешто големо па ускратувам мали задоволства, или па цел месец уживам во чоколадо секој ден, искачање секој викенд, посебно на журки на кои знам да потрошам и преку 1000 денари :)
 
Досега не сум заработувала џепарлак сама па веројатно поради тоа и не знам да го ценам денарот :pos:
Не да не знам да штедам, никогаш немам пари да ми останат вишок после шопинг, излегување или ватевр. Трошам максимално и во последно време се обидувам да се контролирам и да тргнам нешто на страна. За црни денови де :toe:
 
Па и не сум некој трошаџија, не ги давам парите за глупости(освен глупости шо ми се свигаат).....знам да заштедам ако ми треба за нешо само.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom