Колку сакате да сте сами?

  • Креатор на темата Креатор на темата spooky
  • Време на започнување Време на започнување
Во зависност од тоа каков ми е денот. Некогаш сакам да сум сама и тогаш најчесто одам во соба и си уживам самата со себе, а пак некогаш сакам да сум опкружена со многу мои драги луѓе:smir:
 
Сакам...бар саат, два во денот...сакам самотија...
Некогаш, едноставно уживам во неа...:toe:
 
Многу сакам да сум опкружена со луѓе и тоа цело време и колку што е можно повеќе.Ретки се моментите кога сакам да бидам сама,ама не викам дека нема и такви кога сакам едноставно да си поминам време со самата себе:wink:
 
Еве сега на пример сакам сама да бидам и да си ги средам мисливе малку:aplauz:
 
од време на време осеќам потреба да бидам сам, меѓутоа самотијата ме плаши понекогаш...едноставно тоа што знам дека сум сам и нема некој кој би можел да си произведува било какви звуци, ме вади од такт...а посебно ако нешо тропне негде...
 
Имам и такви периоди, сега ми е периодот на забава, лудување и авантури.
Нема самоча!
 
Па кога сум изнервиран, секогаш сум сам и со помош на музика пробувам да се смирам.
 
Многу сакам да сум сам, никој ништо не ти прави, со ништо не се замараш, лудуваш и то ...
 
Во последно време има многу моменти кога сакам да сум сама.. Само тогаш можам да си ги искристализирам мислите.. Никогаш не сум се плашела од самотијата.. Кога тогаш сакала или не пак ќе останам сама..:toe:
 
Човекот по својата природа е социјално суштество, навикнат е да живее во друштво и да има други луѓе покрај себе. А сепак, секој од нас има потреба некогаш да остане сам, да се соочи со себе, да се погледне во огледало и да размисли. Кај некои, оваа потреба дури преминува и во трајна - најдобро се слагаат единствено со себе и дури им пречи присуство на други луѓе.

Кој тип на луѓе сте вие? Дали ви треба, или ви пречи присуство на други?

Јас, на пример, најмногу чувствувам потреба од пријатели - кога ми се случува нешто убаво, тогаш имам потреба да го поделам тоа со други. Кога ми е неубаво - во состојба сум да самувам до бескрај, и тогаш ми пречат луѓе, колку и да се добронамерни.
Еднаш неделно минимум, морам да седнам самата со себе, на својата отвореност и комуникативност, да и` го најдам спротивниот партнер - самотијата, смиреното размислување и барање со лупа по внатрешните клетки. Всушност, сама можам да сум и кога сум со другите. Самотијата ја одразува мојата потреба за неделен апгрејд, за премислување на постапките, преџвакување на мислите, сопствен начин на припремање за идните настани. Попис на производите кои сум ги створила во минатото, бришење на старото, одлуки за новото... Тоа е за мене времето поминато во самотија - неделен ремонт.
 
5-6 сати убо е сам да си ќе се смириш никој нема да ве вознемирува:toe:
 
па и не сакам баш да сум сам, незнам што да правам, а кога сум со повејке души што и да прајш е позабавно :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom