Колку е чист воздухот во РМ

  • Креатор на темата Креатор на темата .Lost Angel.
  • Време на започнување Време на започнување
Моментално загадување , според податоциве, Лисиче и Аеродром се најзагадени населби во цела држава ...
http://airquality.moepp.gov.mk/?page_id=1507
Пуштиле страна! Јас мислев ова е тотално забрането да го пуштаат во јавност. :)
Инаку ептен е споро со мозила не успеав да го отворам. Со хром некако се отвори.
 
Пуштиле страна! Јас мислев ова е тотално забрането да го пуштаат во јавност. :)
Инаку ептен е споро со мозила не успеав да го отворам. Со хром некако се отвори.

Да, незнам од кога е странава, меѓутоа има детални статистички анализи за загаденоста, и периодов според отчитувањата е доста аларманто, иако не се кажува многу во јавност. Убаво е кој може барем викенди малку да излезе од Скопје или да тркне до Водно, Матка итн.
--- надополнето: 16 декември 2012 во 22:04 ---
Скопје - загадување во HD резолуција
 
Ајде да ја освежиме темава утре ќе постирам едно видео каде што се зборува за загадувањето во Скопје :)
 
Скопјани дишат високо загаден воздух

Скопје повтороно се дави во загаден воздух. Електронските мерни станици на министерството за животна средина покажуваат висока концентрација на pm 10 честички во воздухот.
Граѓаните на главниот град постојано се жалат на отежнато дишење и проблеми со респираторниот систем.
Податоците кои се достапни на веб сајтот на министерството покажуваат дека воздухот во неколку скопски општини е високо загаден а на хронично болните како и на децата им се препорачува да останат дома а на сите работници кои работат на отворено да избегнуваат физичка активност кога воздухот е високо загаден.
Скопје неколку години наназад има висока загаденост на амбиенталниот воздух.Еколошките здруженија посочуваа дека загаденоста се должи на издувните гасови од автомобилите,немањето филтри на оџаците на фабриките кои работат, но и на постојаното сечење дрвја во централното градско подрачје.
Еколозите постојано потсетуваа дека дрвјата се белите дробови на градот и секое исечено дрво заменето со младо дрвце му треба време да порасне за да го има еколошкиот ефект на старо стебло.
Поради постојаната загаденост на воздухот во Скопје, мерните станици поставени на неколку локации низ градот беа отстранети пред две години, со оправдување дека поради технички проблеми времено нема да работат, и до денеска не се ставени во функција.
PM 10 честичките се опасни по здравјето на луѓето,а токму концентрацијата на оваа супстанца е на високо ниво изминативе неколку денови.
Според некои истражувања Скопје е еден од најзагадените градови, а зеленилото по метар квадратен според европските стандарди е далеку по нивото, и се посочува како еден од главните елементи воздухот да е високо загаден.


Кои црни фабрики работат во Скопје, аман
 
Оваа тема би требало посебно да ги интересира „осетливите“ групи на граѓани. Дали знаевте дека може да ја следите состојбата на воздухот во реално време(real-time, моментално) на следнава страна.

http://www.skopjefinki.ekoinformatika.mk/

Има повеќе информации, но доколку не ви се чита на десната страна има графички приказ, смајли кое е зелено и насмеано кога воздухот е добар, жолто кога е умерен и црвено кога е лош(штетен).

Моментално воздухот е нездрав за сите и можеби фатален за осетливите групи на граѓани.

Според http://www.porta3.mk/skopje-zagadeno-14-pati-povekje-od-dozvolenoto/ оваа статија загаденоста е 14 пати повеќе од дозволеното.

Ако не се лажам и прошлата година во ова време имавме слична ситуација кога Скопје беше најзагадено.

Што можеме да направиме за да ја смениме состојбата?
 
А воздухот во Конско на Кожув планина
или во Козбунар на Плачковица
или во Конопиште,или Јакупица,или Осогово
има ли за таму некои податоци.
------------------------------------------------
А каде овде има здрав воздух,има се и Веро и Рамстог ама се уште нема во продажба
здрав воздух,од горе набројаните места во боло какво пакување.
Решение:Што можеме да направиме - Да одиме таму,друга алтернатива засега нема.
 
Решение:Што можеме да направиме - Да одиме таму,друга алтернатива засега нема.
Анчо, целосен респект за твоите години. Граѓаните на Минхен се преселени на Шварцвалд или имаат закони и спроведувачи на законите? Линија на помал е отпор е тоа што не убива....те молам немој со вакви рамнодушни ставови....

И не ни требаат веб-страни за да сфатиме дека дишеме г***а во гасна агрегатна состојба...треба да се праи притисок од пе***те наречени градски татковци (поише очуви)...
 
за мајтап воопшто не е работата,знам дека за скопје,велес,битола е алармантна состојбата со загаденоста(тоа е со години наназад,а посебно сега е позагрозувачки заради многу сушното време и многу слаби врнежи години наназад:facepalm:)

на кој му е за шала нека се пресели во чек дис аут,поарно за сите
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom