СКОРО ТОЧНО
Се што ти е потребно за спасение на душата и телото, се можеш да дознаеш. Ако нешто не знаеш, не значи дека нема одговор за истото.
- Ако не си верник, суштински ништо битно не се разликуваш од криминалците. И тие се неверници - и ти си неверник. Што е тука различно? И ти и тие не разликувате што е волја Божја, туку ја практикувате исклучиво Вашата, сопствена волја, онака како Ви одговара во моментот.
- не можам да не мешам морал и етика со религија, оти религиското учење е токму такво: морално и духовно и етичко.
МНОГУ Е ТОЧНО СООООО МАЛА ЗАБЕЛЕШКА ДЕКА СИ СЕ ЗБУНИЛ ВО УЛОГИТЕ
..
.
.
Весник ВРЕМЕ четврток 12 февруари 2009 година
ВО ОБИД ДА СЕ ИЗВЛЕЧЕ ОД АФЕРАТА „ИЗГРЕВ“
МПЦ бега од потписите и од печатите
Игор Чавески
На договорот за подигнување кредит од пет милиони евра, што МПЦ и фирмата на Миладинови го зеле од германската банка ЛХБ за реновирање на хотелот „Изгрев“, стои потпис на овластено лице од поглаварот Стефан, тврдат лица упатени во случајот. Портпаролот на МПЦ, по седницата на Синодот одржана завчера, јавно изрази сомневање во веродостојноста на тој документ и ги повика истражните органи да го расветлат случајот. Во јавноста ова беше протолкувано како обид на МПЦ да се дистанцира од скандалозната афера. На договорот за кредитирање, покрај печатот на фирмата за текстил „Кимико“, сопственост на браќата Миладинови, стои и печатот на МПЦ како содружник на заедничката фирма што го купила „Изгрев“, тврдат изворите на „Време“. Покрај печатот на МПЦ е потпишан Димитар Белчовски, финансискиот советник на архиепископот Стефан. За овој документ МПЦ тврди дека не е веродостоен и крајниот збор сега може да го каже само истрагата, која ќе мора да изврши графолошка анализа, велат извори на „Време“. Судии во Основниот суд 1 во Скопје и обвинители од Јавното обвинителство изминативе неколку дена интензивно ја проверувале целата документација на МПЦ поврзана со „Изгрев“. Истрагата треба да утврди дали е легално префрлањето на хотелот во сопственост на МПЦ, во услови кога се уште не е вратен кредитот кон банката од Франкфурт, ЛХБ, а врз мешовитата фирма „Миладинови д. о. о“ е отворен стечај. Банката е уверена дека со фалсификувани документи ЛХБ е избришана како доверител на кој Миладинови и МПЦ им должат пари. Аферата „Изгрев“ веќе осум години е предмет на многубројни шпекулации. Во 2001 година МПЦ го купи хотелот на берза за 700.000 евра. Тогаш МПЦ тврдеше дека има намера да го реновира разурнатиот хотел за да направи од него еден голем комплекс, кој ќе функционира во рамки на црквата во Калишта. Но, од санацијата на хотелот немаше ни трага и објектот со години пропаѓаше. Подоцна, МПЦ и струшките бизнисмени Димитар и Ѓорѓи Миладинови ја основаа фирмата „Миладинови д.о.о.“ и го ставија хотелот под залог во Тутунска банка за да добијат кредит од еден милион евра. Банката им ги исплатила парите, но долгот никогаш не бил вратен. Во меѓувреме, Миладинови во целиот случај ја вклучуваат германската банка, ЛХБ и струшката фирма „Авел“, кај кои уште двапати го ставаат „Изгрев“ под хипотека. Со тоа целата сума што Миладинови требало да ја платат кај доверителите достигнала 7,7 милиони евра. Откако поради невратени долгови црквата и Миладинови ја загубија сопственоста на хотелот, на јавно наддавање повторно се јави само МПЦ. „Изгрев“ по вторпат беше купен од МПЦ за сума од 1,5 милион евра, кои беа уплатени од скопската епархија. За случајот „Изгрев“ се осомничени 16 луѓе, а првообвинетите Димитар и Ѓорѓи Миладинов се во притвор, каде што го чекаат почетокот на судењето.
Знаеш што е разликата помеѓу верник криминалец и неверниккриминалец. Тоа што после злоделото неверникот ќе го гриже совеста, а верникот ќе почне да се моли и ќе мисли дека му е прстено па пак ќе го изврши криминалот.
МЛАДИЧУ...........
од сега те земам за апостол
те бива да пишуваш дефиниции..........
ништо толку не ги уништува религиозниве колку дефиниции .........
бегаат од нив као џаоло од крст