C
Cool Hand Luke
Гостин
Можеби не ни е дадено да знаеме и никогаш да не ги дознаеме тие работи, дали постои Бог, живот после смртта... Бидејќи да речеме ако овака непросветлени знаеме дека постои Господ многу панично би се плашеле од него, многу би станале прави фанатици и којзнае што се не би правеле во негово име, повеќе од сега, бидејќи Бог и понатаму не би бил интервенционист па да ги спречи. А кога би знаеле дека има живот после смртта којзнае колку од нас би го забрзале тој премин а претходно да не сме се искалиле овде, а којзнае и колку други блиски би понеле со себе таму за да имаме друштво таму.
Така би рекол мудрост е во извесна мера што не можеме многу да знаеме, кога веќе не сме просветлени, а просветленоста не е толку знаење туку добрина, трпение... Единствено некои максимално просветлени мудреци ако можат да знаат се или бар многу повеќе, но ни тие не би можеле никому ништо да докажат.
