Kоја е последната претстава што сте ја гледале во театар?

Somnitelno lice.....da se iscepis od smeenje xD

Somnitelno lice.....epten e dobra xD
 
последно два пати со ред ја гледав „Таму каде што не сум бил“
претставата е лудница упм на мала сцена и стварно те остава да мислиш после претставата и да одиш да ја гледаш пак . феноменална претстава ваква не сум гледал одамна...
и вечерва одам по 3ти пат да ја гледам „Госпоѓа Јулија“ :)

претставите нормално се играат во Прилепски театар Војдан Чернодрински =)

ко че идите за Прилеп обавезно да посетите театар =)
 
Демонот од Дебармаало.
Неверојатно добра.
 
“Болва во уво“ - Со генерално битолска постава на актери (незнам во чија режија). Не ме бендиса. Претставата е класична комедија со олдскул шеги шо не ме импресионираат и ми беше прилично здодевна. Дури и она `скопската` верзија од претставата што ја гледав пред месец дена на МТВ и која ја знаеме како условно (оригинална) верзија, (незнам за постара) не ми беше ништо посебно.

Ја погледнав и „Далај Мама“ од Љубиша Георгиевски , (исто комедија), и впечатокот беше нешто подобар. Преку различната возрасна структура на едно семејство претставено е колку временските/историските прилики во различни периоди во Македонија и тоа периодот на Балканските војни, времето на СФРЈ и комунизмот и Македонија денес со ВМРО како партија на власт оставаат печат во свеста на поединецот и неговите убедувања како политички така лични, опшествени/социјални...
 
Последна, “Сомнително лице“. Не знам дали тие што ја фалат го прават тоа од што ја извикаа претставата уште пред да биде поставена, или се тотално слепи. Сценариото млитаво, пренатрупано со исфорсирани и не-толку-паметни смешки, единствена светла точка која колку-толку ја вади претставата е камбекот на Игор Џамбазов и одличната актерска постава. Толку.

А пред тоа, “Демонот од Дебар Маало“. Ме погоди во срце, милина. Од актери, преку режија, сценарио и приказна, излегов од театар окезена и среќно-задоволна. :)


следејча: “Кинегонда во Кардаленд“/“Вејка на ветрот“.
 
Се согласувам за сомнително лице, најгледана претстава ова она, иако погоре пишав дека е ептен добра, има онака некои моменти добри ама ми изгледа претставата ко без цел, цело време нешто без врска неповрзано.....
 
„Сомнително лице“.
Прво, кога кажав на сите дека ќе одам, сите ми рекоа дека е многу добра и беа претерано позитивни, дури и малце вештачки беше.
Откако поминаа 2 ипол часа, кога излегов од салата, се прашував дали ја гледале претставата со заврзани очи.
Многу долго, се разводенуваат дијалозите, и речиси ништо посебно не се случува, кулминацијата е на крај. Имаше добри моменти, но истите беа ретки.
Се` на се`, досадна претстава. Оценка : 2/5.
 
„Сомнително лице“.
Прво, кога кажав на сите дека ќе одам, сите ми рекоа дека е многу добра и беа претерано позитивни, дури и малце вештачки беше.
Откако поминаа 2 ипол часа, кога излегов од салата, се прашував дали ја гледале претставата со заврзани очи.
Многу долго, се разводенуваат дијалозите, и речиси ништо посебно не се случува, кулминацијата е на крај. Имаше добри моменти, но истите беа ретки.
Се` на се`, досадна претстава. Оценка : 2/5.

Точно. Се согласувам со постов. Само да се надоврзам дека драмава е многу поинтересна кога ја глумат Охриѓаните, затоа што јас ја имам гледано со нив, не им ги памтам имињата на актерите. Е тоа е комедии. Тука многу ја разврзаа, го отупеа, ја измодернизираа драмата, за во последниот чин се` да се случи.
Плус морав да седам пред одмазни4ка...
 
Monodramata ,,Filip II"-masterpiece....Ah da,,Vazna od kristal" pred nekoj den no vo izbedba na podmaldokot taka da ne mi se dopadna mn mn
 
“Кинегонда во Карлаленд“ - Венко Андоновски.
Продолжение на „Кандид во земјата на чудата“. Оригинална сценографија и интересни костими, провејува по малку излитена
(ама неизбежна)
тематика
за Македонецот што сака да оди во Европа, а го подјебава кој стигне...
Актерската екипа е повеќе од солидна, врвни изведби на Билјана Беличанец, Дац, Сашо Тасевски, Дејан Лилиќ... Хуморот ми се допадна исто така, интересна е се на се, и да, би ја гледала повторно.
 
Александар (Македонски) на Љубиша Георгиевски
Интересна претстава но помалце разочарувачка:)
Премногу неточни податоци за неговиот живот, и оној идеал и восхит што го имавме кон Александар со претставава можеби и се сруши:uvo:
Дејан Лилиќ заслужено ја добил главната улога, одлично се справи со својот херој.

Aleksandar%2015_1.jpg


Aleksandar%209_1.jpg


Сепак најмногу ме изненади Тавитјан кој свиреше на тапани во текот на претставава:)
 
Александар (Македонски) на Љубиша Георгиевски
Интересна претстава но помалце разочарувачка:)
Премногу неточни податоци за неговиот живот, и оној идеал и восхит што го имавме кон Александар со претставава можеби и се сруши:uvo:
Дејан Лилиќ заслужено ја добил главната улога, одлично се справи со својот херој.

Aleksandar%2015_1.jpg


Aleksandar%209_1.jpg


Сепак најмногу ме изненади Тавитјан кој свиреше на тапани во текот на претставава:)

Истата претстава, од школо не носеа вчера. Одлична глума, уште подобра екипа, а Тавитијан беше посебно изненадување :) Доста тешка и интересна претстава, Љубиша навлегол во психологијата на Александар, сиот тој товар кој го имал поради омразата која ја имале Азија и Европа спрема него, форсирањето на Олимпија дека тој е Бог, и воопшто таа поделеност во него.. Мене лично ми се допадна претставава, но дефинитивно треба да се погледне неколку пати за убаво да се сфати, па ќе се обидам во скоро време да одам пак.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom