Кој е подобар ,,Х'' или ,,Y'' [Овонеделен дуел: Жулио Цезар vs Петр Чех]

Овонеделен дуел:

  • Вкупно гласачи
    99
И според ова би требало да следи следново "Јепес е подобар од Неста" м?
И убаво си пишуваше во воведот се споредуваат играчите кога би биле во топ форма.
За мене тоа е Насри без размислување само заради несебичноста,кој за разлика од Нани,подава и не пробува да го издрибла цел тим.
Во сите други карактеристики се блиску во квалитетот.:smir:

Мислам дека ме сфати што сакам да кажам....

Јас го почитувам Насри и знам дека има огромен талент али премногу се повредува.

Сите знаат кој бил Неста во своите најдобри времиња кога беше помлад и не ми ги вади овие теории..

Фан си на Арсенал и нормално ти смета тоа што еве според мене овој период Нани е подобар од Насри.
 
Насри може да игра на повеќе позиции,шутира со двете нозе,голем број на шутеви одат во рамките на голот,тимски играч за разлика од Нани(премногу шутира и дрибла) Насри знае кога да треба да заврши кога да додава. Нани е многу добар играч го поштувам али мислам дека моментално Насри е подобар. Но знаете Арсеналово дете е па повредите го следат како и сите други играчи :)
 
Тоа што некој може да игра на неколку позиции не е мерка на квалитет.
Насри е многу добар играч, ама оваа сезона Нани е најдобриот фудбалер во ПЛ. Да, себичен е, ама исто така и најдобар.
 
А,да обелодениш зошто според тебе Нани е подобар од Насри не би било лошо.
Освен што наведе дека е себичен друг аргумент не видов.

Ете јас на пример викам дека е Насри подобар играч.И сега што ќе прајме :)?
 
Насри е плејмејкер и знае да води игра...за техника, пас, шут не разговарам, креативен е и има мозок - најбитното нешто за добар фудбалер/настрана копачките способности кои ги нема, а и во таква екипа каде се игра убав фудбал , нема потреба нели?
Е сега, Нани наш - Португалскиот Џеват, ги има истите способности како и Насри, само што игра друга улога на теренот...он е крило, другиов е повеќе централен играч за врска со нападот..ама да е тапа, не долази у обзир (иди види кој е прв по асистенции во Премиер ко за почеток)..
А тоа што Нани себичи, шутира од кај ќе стигне и слично...епа истото го правеше Роналдо, дур не научи да дава гол од кај ќе стигне, па после го мрзевте сите :icon_mrgr
Free role сине, и светот ќе биде твој - му рекол Ферги...

Така да очекувам за некоја година, да го дадеме во Реал за 275 милиони фунти плус Бензема, Лас и Пепе...а Насри ќе си остане во Арсенал, евентуално ако нешто се случи со Чави,Иниеста, па место Фабрекур он да отиде таму...
Ете така, мојот глас иде за Нани, нормално дека е играч од мојата екипа, но не велам дека Насри е подоле - дечкото сезонава е најдобар во Арсенал.
 
Насри е добар како организатор во игра, да прими, да додаде топка, да направи акција. Додека Нани е крило кое прави пробиви, центаршутеви. Оваа сезона и самите бројки говорат дека Нани е подобар.

Насри 9 голови / 1 асистенција
Нани 9 голови / 13 асистенции

Ова е само за во ПЛ.
 
Насри е покомплетен играч од Нани, но Нани е поважен за тимот моментално, дефинитивно Насри има поголем потенцијал, подобро ја чита играта и во тоа потсеќа на Зидан, и двајцата се брзи и пробивни и можат да решат натпревар со еден потег, мал минус за Насри е тоа што почесто се повредува. Оваа сезона овие двајца се едни од најдобрите во ПЛ и имаат сличен стил на игра па затоа си реков да отворам тема тука не само за нив туку и за некој други споредби помеѓу играчи слични по позиција и класа.
Инаку јас би го одбрал Насри, бидејќи е подобар ол араунд играч и има подобар карактер, а и е еден од моите омилени играчи, штета што нема да игра против Барса среда
 
хаха.Гледаш само тоа шо ти оди во корист.Значи викаме кој е подобар од Насри и Нани.ЗНачи тука не спаѓа само Премиер Лига баче :smir:
 
хаха.Гледаш само тоа шо ти оди во корист.Значи викаме кој е подобар од Насри и Нани.ЗНачи тука не спаѓа само Премиер Лига баче :smir:

Во ЛШ и за Франција Насри има 18 асистенции? :pos:

Нормално дека се базира целава дискусија само на Премиер Лига. А и многу е тапа вакви дискусии како што и неколку други членови рекоа неколку страни наназад.
Топџиите ќе го величат Насри, Ѓаволите, Нани и идемо до немајкаде. Освен тие членови кои ќе дадат некое добро конструирано мислење, ама тие се губат во страниве.
 
Не е нормално да се базира целата дискусија само на Премиер лига и ако толку те интересираат статистики иди поназад имаш повеќе.

Секој си има свое мислење кое треба да се испоштува ама ко ќе видам кога некои "стратези" како кажуваат дека Насри е играч за врска и централен играч од средината одма го рипам мислењето...Од 31 утакмица, само 3 утакмици има изиграно во средина и тоа една е во купот, а една е кога Венгер одмара играчи во ЛШ.
 
Така де, мене воопшто не ме интересира статистиката. Глупаво беше и тоа да се споредуваат со статистика, а исто глупо и да се рече дека некој друг пишувал што му одговара.

Реков нормално дека ќе се базира дискусијата од игрите на играчите во Премиер Лигата. Каде на друго место играат на редовна база? Сигурно не за својата земја секоја недела. И сигурно не секоја недела низ Европа.
 
Насри, покомплетен е во секој поглед тоа го кажува и фактот дека може да игра и на повеќе позиции. Насри е играч кој е потребен за секој тим, Нани е повеќе тип на играч како Роналдо - сака повеќе да игра сам и да солира. Не споредувајте само колку голови има, битно е и колку обиди пошо ја коа и да го глеам Нани повеќе од 60% од неговите шутеви не се у рамките на голот, за разлика од Насри кој игра сигурно и шутира само кога има вистинска прилика.

И да, добра е темава поради менувањето на играчи секоја недела, доколку би дискутирале само за овие двајца за кратко време би замрела темава.. :)
 
Не знам зашто сите ја спомнувате таа "покомлетност" и зашто тоа што насри може да игра на повеќе позиции го гледате како предност за него,тука ја споредуваме техниката/шут/дриблинг...?
Да си кажам јас значи,Насри е многу добар техничар,одличен дриблер шутер ,доста добро игра и со двете нозе,Нани има супер дриблинг,одлична стартна брзина ,феноменален асистент,малку забегава левата нога ама има време,ќе се поправи.Не знам...не можам да кажам дека едниот е подобар од другиот...ама ќе гласам за Нани..знаете зошто.
Двајца ги сметам за едни од најдобрите играчи во ПЛ...
 
Нани, затоа што е од манчестер, неможе играч на арсенал да биде подобар од играч на манчестер, затоа што овој е од манчестер, а манчестер е најдобар :)
 
Насри е покомплетен играч од Нани, но Нани е поважен за тимот моментално, дефинитивно Насри има поголем потенцијал, подобро ја чита играта и во тоа потсеќа на Зидан, и двајцата се брзи и пробивни и можат да решат натпревар со еден потег, мал минус за Насри е тоа што почесто се повредува. Оваа сезона овие двајца се едни од најдобрите во ПЛ и имаат сличен стил на игра па затоа си реков да отворам тема тука не само за нив туку и за некој други споредби помеѓу играчи слични по позиција и класа.
Инаку јас би го одбрал Насри, бидејќи е подобар ол араунд играч и има подобар карактер, а и е еден од моите омилени играчи, штета што нема да игра против Барса среда

Сеуште не е сигурно дали нема да игра. Венгер изјави дека е физички спремен ке има 2 теста овие 2 дена но нема да ризикува со него да не се врати повредата затоа што имаме доста важни натпревари пред нас. Ако ги мине тестовите мислам дека ке биде на клупа :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom