Кој е најспецифичниот дел од вашето тело?

  • Креатор на темата Креатор на темата Annabel
  • Време на започнување Време на започнување
Стомачето на прво место, бар јас така мислам, прилично е приметливо, ама сум добила комплименти дека е слатко.:toe:
Потоа плавата виткана коса, не е специфична, ама повеќето по тоа ме препознаваат. Колку пати се случило да ми речат, е ти ја видов косата и така видов кај сте.
И ушите. Иако не се гледаат заради косата, според мене се најспецифичен дел од моето тело, затоа што се многу чудни. Немаат некоја вообичена форма, а и на левото имам како плус мевце, па ме зафркаваат дека сум како од Господар на Прстените со ушето.:icon_lol:

И тоа е тоа што јас мислам дека е позабележливо. Другите не знам што мислат нормално нели. Ова е само субјективно.
 
Веѓите. :) така големи ми се и густи другар ми стално ме зеза ќе ми ја искорнел веѓата а другарка ми ме напнува со тоа " Сакаш да ти ги чупам веѓите" (секако дека не и давам) :)
 
Очите, ама јас си ги правам така да ми се впечатливи, не дека ми се нешто посебно хаха!х))
А стомачето си го сакам најногу.
 
Хм,не знам...можеби тоа што имам мали дискретни песјаци ?:pos:
И блед тен,со изразено големи црни очи.Вампир :pos:
Препознатлива и по заразната смеа и насмевката од уво до уво.Смешка како Грејс:pos:
Ми имаат луѓе кажано дека и очите мои имаат одредено расположение.Ме издавале секогаш очите.
И скоро секогаш сум имала некој прикриен поглед кој планира некоја злоба :pos:
Аа да,и црвената коса моментално.
 
Трепките, сите ми викаат дека сум имал убави трепки :pipi:
 
Најспецифичен дел од телото ми се рамењата и рацете, ваљда затоа што долго време тренирам карате. И сега ми се напумпани и тешки рацеве оф..... :jaj:
 
Палците на рацете :)... и вилицава.. можам да праам ствари шо некои луге не ги поднесуваат па често ме гаѓаат со пепељари .. телефони.. упаљачи.. столици .. цигли и слично
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom