Книги кои би ги препорачале

  • Креатор на темата Креатор на темата JeCILaDy
  • Време на започнување Време на започнување
Не знам колку е книгата, кога ќе дознаам ќе ти кажам. Но, сакам да ти кажам дека серијалот е полски. И книгата е од полски автор.
Еј да полски беше серијалот. Се нешто мешам руски и полски.
1200 видов дека е книгата некој саемски попуст. Но дали ќе остане таква цената и после тој некој си саемски попуст не знам.
Еве ви PDF мал дел од книгата оргинал полски. Изгледа многу добро и за тие што биле родени кога се емитувало премиерно серијата ќе ги врати во детството а и убаво е ова да се чита на мали деца.
 
Attachments

Последно уредено:
Што ќе кажете за ДЕТЕ 44 ?
Ја купив и за НГ ќе и ја подарам на вереницата :) Обожава трилер, мистерија, па се надевам дека топло ќе ја изненадам. :)
 
Што ќе кажете за ДЕТЕ 44 ?
Ја купив и за НГ ќе и ја подарам на вереницата :) Обожава трилер, мистерија, па се надевам дека топло ќе ја изненадам. :)

Одлична е книгата, не ти е воопшто лош изборот.

Дете 44 - Том Роб Смит

Советскиот Сојуз на Сталин, каде единствена и најважна работа е врската на човекот со државата. Каде празните муабети за убиства треба да се стават под контрола бидејќи новото општество има столб дека: Не постои злосторство!!!
Дури и најмало сомневање за нелојалност, покажување непослушност се казнува.
Започнуваат убиства на деца, брутални, невини луѓе се обвинуваат и завршуваат застрелани, а еден човек кому единствена цел во животот му е да ѝ служи на државата, почнува да се сомнева во истата. Со помош на неговата сопруга започнува потрага по убиецот...
И да не ви откривам што ќе биде прочитајте ја доколку сте во можност, со секоја следна страна ќе ви биде сѐ поинтересна. Јас штотуку ја завршив.
 
Bi vi gi preporacala dlaboko vo dusata-Jasmina Kadar i devojkata i nokta-Gijom Miso
 
„Утеха за голите“ - Давор Стојановски

Секој збор е поезија во новиот роман на Давор. Сѐ повеќе се надминува себеси со секое ново дело. Овојпат централниот лик е еден од најдобрите шахисти во светот, а шахот, фигурите и таблата се метафора на животот, присутноста и отсутноста со кои сите ние се соочуваме. Претенциозноста се изгуби сосема и овој роман е целосно ослободен од амбицијата што младите автори обично ја имаат, да покажат колку знаат и да вметнат сѐ и сешто и кајшто треба и кајшто не треба. Давор целосно се ослободува од тоа во најновиот роман и ја тера приказната едноставно и лесно, а притоа применува техники кои компетентниот читател веднаш ќе ги забележи и ќе знае да ги вреднува. Силна препорака пред сѐ затоа што има што да ви каже, а и на крајот затоа што современата македонска литература има свои бисери кои знаат да се носат со новите текови.

@џимеј, @Zlatikevichius и @Saladin ѕирнете го ова задолжително.
 
Го купив јас. Го дочитувам Куци, и следен е. ;)
 
Been there, done that. Маестрален е. Описите му се како кога лежечки на самата површина на водата пушташ истата да те води било каде.
 
https://off.net.mk/files/knigoteka/2012/03/27/tibamshtrkot.pdf

@Sussaro , а и сите други што имаат предрасуди за нашите исселеници...

Постара е оваа, има неколку години, уште тогаш ја прочитав. Иначе имам другар живее и работи во Австралија. Кога го прашувам дали оди на тие македонските средби кога се организираат на пример за Илинден, Бадник и слично, ми одговара слично како и други што ги познавам од странство-Што подалеку од наши. Го прашав зошто и пола саат се смеевме додека ми раскажуваше македонски дешавки од дијаспората поради кои бега од нашите, такви типични сељачки. Иначе немам некои посебни предрасуди према дијаспорците а да ги немам и према домашниве. Единствена поголема разлика е што дијаспорците мислејќи дека виделе нешто запад и чепнале некоја пара плус имаат право да се курчат и уште повеќе да го истакнуваат тоа балканоидното однесување. Клиповите на К-15 на пример не се измислени од немајкаде туку се инспирирани од реални луѓе и настани.
и други.
Еве ти вистински случки
https://www.mkd.mk/crna-hronika/tep...vo-sidnej-eden-od-svatovite-gi-fakjal-zhenite
https://www.press24.mk/shamari-za-popot-ljubovdzhija-od-crkvata-na-petar-od-avstralija

Јамајка ти кажав и претходно, мислам дека си пристрасен и тоа не е грев, напротив тоа е баш типична човечка особина, да биде пристрасен према нешто што го смета за свое или групација каде што смета дека припаѓа од прости примери како навивачи на фудбалски меч (пенал беше за Челзи/не беше пенал за Челзи) па се до народот и државата од каде што се/потекнуваат. Дури и јас ако ти кажам дека сум 100% непристрасен и објективен во однос на македонските прашања, односи, политики и слично ќе те излажам, ама се трудам колку можам да не ми влијае на објективното расудување на истите. Едноставно прифати го фактот дека сме сељаци, на дното во Европа, под нас се единствено муслиманските народи, а тука некаде сме со соседите и тоа е тоа, одиме понатаму. Јас и ти додуша не одиме понатаму од истата причина ама за тоа сме си сами криви.
 
ОК, поише беше предизвик, него ли што го мислам тоа. Иначе генерално проблемот со кој се соочуваме, повеќе може да се нарече малограѓанштина, одколку класичен сељачизам (скороевичизам), мада има и такви примери. Него го прочитав книвчево во еден здив, па ми текна муабетот што го праевме, па си реков да те пингнам да не случајно не си ја прочитал...

Иначе за пристрасноста, тоа да... Ама не е дека ми влијае врз објективноста, пошто ја тоа го сметам за моментална ситуација (поради некои причини, пред се оправдани), а воглавном верувам во потенцијалот на мојот народ :D

А генерално за тематиката може да се праи доста муабет, па дури и за концептите како тоа да се подобри ..
 
48381273_2046659258734201_7575397328807264256_n.jpg

Ја опишува животната приказна на едно девојче од домот за деца без родители.
 
Гледам во Магор има попуст на книги од филозофска едиција:

1. Актуелноста на убавото - Ханс-Георг Гадамер
2. Видови умови - Даниел К. Денет
3. Естетика на исчезнувањето - Пол Вирилио
4. За возвишеноста - Псевдо Лонгин
5. За гневот - Лукиј Анај Сенека
6. За должностите - Кикерон
7. За душата - Аристотел
8. Кратил - Платон
9. Логичко-филозофски трактат - Лудвиг Витгенштајн
10. Материја и меморија - Анри Бергсон
11. Неугодното во културата - Сигмунд Фројд
12. Освојување на среќата - Бертранд Расел
13. Писма - Платон
14. Поимно писмо - Готлоб Фреге (80 денари)
15. Праизбликот на уметничкото дело - Мартин Хајдегер
16. Расправа за метафизиката / Монадологија Готфрид В. Лајбниц
17. Смислата на животот - Тери Иглтон
18. Страстите на душата - Рене Декарт
19. Философски медитации - А. Готлиб Баумгартен

што би препорачале да земам?
 
The Sailor Who Fell from Grace with the Sea

Zaebana kniga, fakja od zaseda, ke ja ostavev za malku posle edna scena nekade pred sredinata, ama te tera da se investiras vo ljubovnata razvrska bez da davas znacenje na nisto u pozadina i sarmiran so magicna proza koja ne prestanuva so prekrasni boi i fluidnost bez edna dosadna recenica, kako namerno da maskira nesto trulo i zanemareno, kako mracen lyric od pesna so up beat ritam, i subtlilno si gori i tera da razmisluvas za psiholoskiot moment pozadi sekoja akcija na likovite koga odmaras od citanje.

Teska kniga ispadna ama sepak ja preporacuvam, se cita vo 2 dena
 
Дечки ај препорака за некој книги што би ги имало во библотеката другарче. Книгите отприлика да бидат лесни за читање ( да не бидат тешко сватливи ЧД ) само да не се тинејџерски романи, некој од што би можело некоја поука да се извлече а притоа да бидат забавни при читање.
 
Ама вакви побарувања одат и во двата правци :D Странецот од Ками сигурно ја има во било која библиотека, кратка е, се чита за ден-два, далеку е од тинејџерска и можат да се извлечат поуки. Сигурен сум дека и книгите на Коељо се поучни и се читаат лесно. :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom