Книги кои би ги препорачале

  • Креатор на темата Креатор на темата JeCILaDy
  • Време на започнување Време на започнување
За верниците
richard dawkins the god delusion
 
Рајот може да почека - Кели Тејлор
 
kerkata-na-mojata-prijatelka.jpg

Задолжителна!
Преубава книга :)
 
Убиства со огледала од Агата Кристи
Недоразбирање од Албер Ками
 
Десеттата симфонија - Јозеф Јелинек
Кој е заинтересиран за книги што не знаеш што би се случило се до крајниот момент, оваа е дефинитивно за него. Се работи уствари за последната симфонија на Бетовен, која ја изведува познат диригент на приватен концерт и тука одма се крева прашина за тоа дали воопшто постои таа симфонија и ако постои, како дошла до рацете на диригентот... Читајте ја, you won't regret it :)
 
Тешка Измама - Френк Талис ;)

Што те импресионира?

Аууу каква книга е овааа, во моментов ја читам до 420 страна сум.. многу мрдната книга! :)

E каква де? Освен што е мрдната.

Да не бидам офф-топик.. Ствен Кинг - Мобилен.

Oваа каква е?

Рајот може да почека - Кели Тејлор

Што книга е? Зошто да би ја прочитал?
 
Кој ќе го фати бранот - Агата Кристи
Океј, знам дека здосадив веќе со Агата, али затоа служи форумов.
Значи, типично дело од Агата. Ништо не е онака како што изгледа, а посебно убиецот.
Во едно место умира богат човек и неговото богатство е оставено на вдовицата и на брат и. Многу логично, целото останато семејство се лути. Но, почнува да се шири приказна дека првиот сопруг на вдовицата не е мртов туку само се преправал дека е умрен. Ако тоа е точно, бракот на вдовицата со богатиот е неважечки. Во градот доаѓа човек кој се претставува како нејзиниот прв сопруг, и тој набрзо умира. Додадете на тоа и љубовен триаголник и имате многу интересно четиво.
Книгава ја читам втор пат и баш ми беше занимлива, но првиот пат не ми се допадна. Не знам зошто, одамна беше.
 
Што те импресионира?



E каква де? Освен што е мрдната.



Oваа каква е?



Што книга е? Зошто да би ја прочитал?

Во првата книга, во Тешка Измама се работи за психолошко-криминалистички роман. Книгата е многу интересна но и тешка за читање. Се случуваат неколку убиства, кој се нелогични значи имаме убиена жена од куршум, а куршумот никаде го нема не е ни во телото, но што е многу интересно во книгата е шо главниот лик кој е психијатар се советува токму со Фројд за тоа како да ги реши убисвата.

А за втората книга Мобилен, ремек дело од Сивен Кинг. Кинигата има апокалиптистичка содржина т.е. крај на светот. Исто така во оваа книга авторот сака да ја прикаже еволуцијата на човекот, како од примитивци лиѓето добиваат натчовечки особини.
 
Фридрих Ниче - Антихрист

Интересно дело од германскиот филозоф во кое е убаво опишана потребата за смрт на христијанството во модерното општество.

Чарлс Буковски - Палп

Не само оваа , се од Чарлс Буковски би препорачал , ама последно читано од него ми е Палп и мислам дека нема човек на кој не би му се допаднала.
 
Сведоштва од Генералот Панде Петровски.Темата е за војната во 2001-ва.Ќе прочитате многу збунувачки работи :toe:

Можда баш поради тие работи се случи ова http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=13964,изгледа на доста луѓе им сметаше таа книга.
Нешто за авторот после неговата смрт http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=5780178373D7E449B8331FA9A0341164 ; барав и за книгата на интернет ,ама слабо нешто податоци,сигурно пак на некого му сметале,а таквите се во голем број :pred:

:oeoeoe:
 
Sidney Sheldon - If tomorrow comes !

Многу добра книга ! Одамна немам прочитано нешто вакво. Mindfuck.
Прва книга ми е од овој автор, а имам комплет од 5 книги дома, I'm gunna read them all baby :D
Предобра приказна, се зборува за пресвртница во животот на една млада дама чијашто мајка се самоубива ненадејно.
Wonderful.
 
cover%20hg%20mala.jpg


НЕВЕРОЈАТНА!! Но комент!
Лелееее книгава е неверојатна, моментално ја читам, имам уште неколку страници, едноставно не можам да се одвојам од неа. Ја носам со мене на факс, гости.... Толку емотивно, трогателно, што ќе те наежи, расплаче, мрдне од кожа, досега не сум прочитала. Книгава во светот направи бум!!! Мислев дека кај нас на македонски ќе стигне по 100 години, но сме имале среќа, таман ќе ја прочитаме пред да излезе филмот во 2012. Не, ова е феноменално, уште сум под импресии и ќе бидам уште доооолго време, ко ќе ги завршам последните страници.... Моќно!!!!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom