Книги кои би ги препорачале

  • Креатор на темата Креатор на темата JeCILaDy
  • Време на започнување Време на започнување
Дечки ќе може ли некој да ми препорача некое лесно книжуле, нешто како Луѓе на кои не им се отвора падобранот, Тибам штркот, Бед инглиш, па до некаде и Гол човек, било што каде главна цел не да не замисли и да ни пренесе некоја мудрост туку едноставно да не насмее. Се прифаќаат и странски автори, разбира се.
 
Ишмаил од Арсениевиќ и Зограф, Љубов за 17 ипол долари од Чарлс Буковски(не баш да те насмее ама има нешто што ја праи интересна), Nista nas ne smija iznenaditi (по неа е правен Караула), Sta je muskarac bez brkova двете од Анте Томиќ...
 
Конкубината од Шангај
Ќерката на Клеопатра
Јас, Мона Лиза
Невеста во Борџии
Затоа што те сакам
и Сара од серијалот на книги "Хероини од Библијата"
 
Ја сега баш ја дочитав A Death in Vienna од Даниел Силва. Се збори за лов на нацисти многу добар криминален трилер
 
Дванаесетиот ангел Ог Мандино
Ангелот Џони Даниела Стил
Странецот Алберт Ками
Алхемичарот Пауло Коелјо
 
Ја прочитав Бакнеж во ноќта од серијата книги што се за Црните ловци пред некоја недела. Значи книгата не можев да ја оставам, додека не ја прочитав. Не читам многу книги, али се занесов и јас :):). Тие што сакаат натприродни, романтични и на моменти еротски книги обавезно да ја прочитаат :):):)
 
Малиот принц повторно најден
џебно книжуле, продолжение на Малиот принц, со нови авантури, нови загатки, нови посети..
 
Ако може некој да ми препорача некоја книга од Стивен Кинг. Али некоја ептен, ептен добра онаква што откако ќе ја прочитам да бидам под импресии уште некое време. Исто така ако може некој да ми предложи добар психолошки трилер, со заплети-расплети, само да не биде ептен тешка за читање.
 
Oд Кинг-It,The Tommy knockers,The shining,The dark tower,The stand.
 
Седумте Бројчаници -Агата Кристи :))
всушност се од Кристи е добро !
а да .. и Хари Потер .. ако некој не ја читал ,зашо мисли дека е глупост :)
 
frеedom of choise од Чалко Томас ќе ве импресионира се разбира доколку ја разберете, на интернет побарајте ја.
 
Имам проблем кој многу ме мачи! Пред извесно време ми текна за една книга која ја имав читано во средно, не знам дали беше лектира или не, зна мдека ја обработувавме.
Се работеше за некое исламско училиште во Египет, за исламска филозофија, нешто се спомнуваше Мадраса, или така нешто.... Ако знаете ве молам да ме исконтактирате!!!
Благодарам
 
Мислам дека е романот Асхаровци од Трајан Петровски.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom